Bible Universe » Bible Study Guides

separator

Љубовта која трансформира

Љубовта која трансформира
Да се биде вљубен менува сè. Како на пример: Една млада девојка, студент, читала голема книга подготвувајќи се за испит. Читањето по извесно време и здодеало и не можела да се фокусира на нејзината содржина. Но потоа таа сретнала млад и убав професор на универзитетот, и многу брзо се вљубила. Подоцна откако заклучила дека автор на книгата што таа ја читала бил токму тој, за една вечер ја прочитала целата изјавувајќи: "Ова е најдобрата книга што некогаш сум ја прочитала во животот!" Што е тоа што ги променило нејзините погледи? Љубовта. Денес исто така за мнозина читањето на Библијата е здодевно и воопшто немаат интерес за нејзините вистини. Но сето тоа се менува кога ќе се вљубите во нејзиниот автор. Ќе видите како е можно тоа проучувајќи ја оваа прекрасна лекција.
Исус е автор на Писмото.
Исус е автор на Писмото.

1. Кој е автор на Библијата?

"Ова спасение го истражуваа и го испитуваа пророците, ..... Тие испитуваа на кого и на какво време посочуваше Христовиот Дух, Кој беше во нив, кога однапред навестуваше за Христовите страдања и за идната слава." 1. Петрово 1:10,11.

Одговор:   Богот на Библијата е отсекогаш Исус Христос. Исус го создал светот (Јован 1:1-3,14; Колосјаните 1:13-17), ги напишал Десетте заповеди (Неемија 9:6,13), бил Бог на Израелците (1. Коринтјаните 10:1-4), и ги насочувал списите на пророците (1. Петрово 1,10,11). Според сето ова јасно е дека Исус Христос е автор на Писмото.

Исус ги сака луѓето од овој свет со вечна љубов.
Исус ги сака луѓето од овој свет со вечна љубов.

2. Каков е Исусовиот однос кон луѓето на оваа планета?

"Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој кој верува во Него да не загине, туку да има вечен живот." Јован 3:16.

Одговор:   Исус нè љуби сите нас со неописива, и вечна љубов што го надминува секое разбирање.

Исус умре за сите нас, иако никој од нас не го заслужува тоа.
Исус умре за сите нас, иако никој од нас не го заслужува тоа.

3. Зошто би требало ние да го сакаме Исуса?

"Ние љубиме, зашто првин Тој нè засака нас." 1. Јованово 4:19. "Но Бог ја покажува Својата љубов спрема нас, со тоа што Христос умре за нас додека уште бевме грешници." Римјаните 5:8

Одговор:   Ние треба да го сакаме Него, затоа што Тој нè засака нас толку многу што умре за нас - додека уште бевме Негови непријатели.


4. Во која смисла успешните бракови и Христијанскиот живот се слични?

"И што и да побараме од Него, добиваме затоа што ги пазиме Неговите заповеди и го правиме тоа што Му е Нему по волја. 1. Јованово 3:22.

Одговор:   Во еден добар брак има некои одредени работи кои се императив, како што е верноста еден кон друг. Другите работи можеби не изгледаат дека се толку важни, но ако му годат на сопружникот тие се неопходни. Доколку пак не му годат, тогаш треба да се отфрлат. Исто е и со христијанскиот живот. Императив се заповедите на Исуса Христа. Но во Библијата Исус истакнува и одредени принципи на однесување кои Му годат. Како и во еден добар брак, христијанинот е среќен да ги прави оние нешта што му годат на Исуса. Тој исто така ќе ги одбегнува оние нешта што не Му годат и не го прават среќен.

Вршејќи ги работите што се по Божја волја му носи на човекот среќа и благословен живот.
Вршејќи ги работите што се по Божја волја му носи на човекот среќа и благословен живот.

5. Што вели Исус за исходот и резултатите кога го правиме она што е по Негова волја?

"Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди,..... Ова ви го реков за да биде Мојата радост во вас, а вашата радост да биде целосна. Јован 15:10, 11.

Одговор:   Ѓаволот тврди дека следењето на христијанските принципи е тешко, напорно, легалистички. Но Исус вели дека напротив, тоа донесува радост (Јован 15:10,11) и благословен живот (Јован 10:10). Верувањето во лагите на ѓаволот донесува главоболка и ги лишува луѓето од животот кој навистина вреди да се живее.

Исусовите принципи од Библијата нè штитат од опасната зона на сатаната.
Исусовите принципи од Библијата нè штитат од опасната зона на сатаната.

6. Зошто Исус ни дава посебни принципи за христијанскиот живот?

Одговор:   Бидејќи тие:

A. Се секогаш за наше добро (Второзаконие 6:24). Како што добрите родители ги учат своите деца на добри принципи, така и Исус ги учи своите деца на добри принципи.

Б. Се наша заштита од гревот (Псалм 119:11). Исусовите принципи нè штитат од опасната зона на ѓаволот и гревот.

В. Ни покажуваат како да го следиме Исуса (1. Петрово 2:21).

Г. Ни носат вистинска радост (Јован 13:17).

Д. Ни даваат можност да покажеме љубов кон Исуса (Јован 15:10).

Ѓ. Ни помагаат да им бидеме на другите вистински пример (1 Коринтјаните 10:31-33; Матеј 5:16).

Кога ги сакам световните работи, станувам Божји непријател.
Кога ги сакам световните работи, станувам Божји непријател.

7. Според Исус, како христијаните треба да се однесуваат кон злото и световноста?

Одговор:   Неговите заповеди и совети се јасни и одредени:

A. Не љубете го светот и световните работи. Овие световни работи кои не се од Бога се: (1) похотта на телото (2) похотта на очите, и (3) гордоста на животот (1. Јованово 2:16). Сите гревови спаѓаат во една или повеќе од овие три категории. Сатаната ги користи овие три начини за да нè бутне во световност. Кога почнувам да го сакам светот, станувам Божји непријател (1. Јованово 2:15,16 Јаков 4:4).

Б. Мораме да се чуваме подалеку од светот (Јаков 1:27).

Христијанинот мора цврсто да им се спротивстави на световните работи, или во спротивно ќе биде заведен од ѓаволот.
Христијанинот мора цврсто да им се спротивстави на световните работи, или во спротивно ќе биде заведен од ѓаволот.

8. Какво сериозно предупредување ни упатува Бог во врска со светот?

Одговор:   Исус ги предупредува христијаните: Немојте да се сообразувате со овој свет. (Римјаните 12:2.) Ѓаволот не е неутрален. Тој постојано врши притисок на секој христијанин. Со Христа (Филипјаните 4:13), морам цврсто да се одбранам од неговите измамливи предлози, и тој ќе побегне од мене (Јаков 4:7). Во моментот кога ќе дозволам да бидам притиснат од било каков фактор што влијае на моето однесување, тогаш незабележливо започнувам да тонам во отпадништво. Христијанското однесување не треба да се оценува според чувствата и однесувањето на мнозинството, туку според Исусовите зборови од Библијата.

Мораме внимателно да ги чуваме нашите мисли, бидејќи подоцна тие стануваат дела.
Мораме внимателно да ги чуваме нашите мисли, бидејќи подоцна тие стануваат дела.

9. Зошто е потребно да имаме контрола над мислите?

"Зашто какви му се мислите во душата негова, таков е и тој." Изреки 23:7.

Одговор:   Мораме да имаме контрола над мислите, бидејќи тие го диктираат нашето однесување. Бог сака да ни помогне да "ја плениме секоја мисла за послушност на Христос." (2. Коринтјаните 10:5.) Но ѓаволот очајно се обидува светот да го втисне во нашите мисли. Тој тоа го може само преку нашите сетила - посебно преку сетилото за вид и слух. Тој постојано нè притиска со своите звуци и слики, и доколку континуирано не ги одбиваме и не му се спротивставуваме на сето она што тој го нуди, ќе нè одведе на широкиот пат кој води во пропаст. Библијата е јасна. Ние се претвораме во она што постојано го слушаме и гледаме (2. Коринтјаните 3:18).

Христијаните мора да ја избегнуваат секоја музика која ја уништува секоја желба за побожен живот.
Христијаните мора да ја избегнуваат секоја музика која ја уништува секоја желба за побожен живот.

10. Кои се некои од принципите на христијанското живеење?

"Најпосле, браќа, сè што е вистинито, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е на добар глас - ако е некаква доблест, ако е некаква пофалба - размислувајте за тоа!" Филипјаните 4:8.

Одговор:   Христијаните мораат да се одвојат од сите нешта кои не се вистинити, чесни, праведни, чисти, љубезни и не се на добар глас. Тие треба да избегнуваат:

A. Секаков вид на нечесност - мамење, лажење, крадење, да се биде не фер, со намера да се измами, озборување и предавство.

Б. Нечистотија од секој вид. Ова вклучува блудство, прељуба, инцест, хомосексуалност, перверзност од секаков вид, порнографија, вулгарно зборување, недолични шеги, играње, разурнувачка музика, и повеќето од она што се прикажува на телевизија и во кината.

В. Места каде што Исус никогаш не би ни се придружил, како што се ноќните клубови, казината, различни трки и спортски натпревари и слично.

Да застанеме малку и да размислиме малку повеќе за опасноста од популарната музика, игранките, телевизијата, видеата и театрите.

Музиката и песните
Многу видови на секуларна музика (рап, кантри, поп, рок, хеви метал, и денс музика) се во рацете на сатаната. Текстот честопати го воздигнува нискиот морал и ја уништува желбата за духовни работи. Испитувањата покажале неколку интересни факти за моќта на музиката:

(1) Навлегува во мозокот преку емоциите, заобиколувајќи ги силите за размислување.

(2) Влијае врз секоја телесна функција.

(3) Може да влијае врз промената на пулсот, дишењето, и рефлексите и тоа незабележително.

(4) Високо нагласените денс ритми го менуваат расположението и предизвикуваат умерена хипноза кај слушателот.

Дури и без текст, музиката сама по себе има моќ морално да ги деградира чувствата, желбите и мислите. Светските рок музичари отворено го потврдуваат овој факт. Лидерот на Ролинг Стоунсите, Мик Џегер вели: "Можете да почувствувате како адреналинот се движи низ вашето тело. Тоа е еден вид на сексуалност."1 Џон Оутс од Хал и Оутс цитира: "Рокенролот е 99% секс."2 Дали таквата музика е по волја на Исуса? Обратените пагани од преку океанот ни кажуваат дека нашата модерна музика е онаа истата што тие ја користеле во своето служење на сатаната и спиритизмот! Запрашајте се: "Кога би ме посетил Исус, каква музика би сакал да слуша во друштво со мене?" Секоја онаа музика за која што не сте сигурни дека е во ред би требало да се отфрли. Кога ќе се вљубиме во Христа, Тој ги менува нашите музички желби и вкусови. "А во устата моја вложи нова песна - пофалба на нашиот Бог. Мнозина ќе видат, и страв ќе ги опфати и ќе се надеваат на Господа." Псалм 40:3. Бог за своите луѓе има изобилство на добра музика што инспирира, освежува, воздигнува и нè зацврстува во христијанскиот раст. Оние што ја прифаќаат сатанската уништувачка музика, го пропуштаат еден од најголемите Божји благослови.

Танцување
Танцувањето очигледно нè оддалечува од Исуса и од духовноста. Кога Израелците играле околу златното теле, тие заборавиле на Бога (Излез 32:17-25). Кога ќерката на злобната Иродијада танцувала пред царот Ирод, Јован Крстител бил обезглавен (Матеј 14:2-12). Обрнете внимание на следниве шокантни статистички податоци: Еден католички свештеник од Њујорк изјавил дека три четвртини од младите девојки кои пред него признале дека направиле прељуба, вината ја префрлиле токму на ноќните игранки и танцување. Некои други свештеници велат дека овој процент е низок тие тврдат дека станува збор за дури девет десетини. Запомнете, доколку Исус ви се придружи во некаква активност, само тогаш сте сигурни, во спротивно држете се подалеку.

ТВ, кино претстави и театри
Дали нештата што ги гледате на телевизија, на видео или во кино
делуваат на вашата нижа или виша природа? Дали ви ја зајакнуваат љубовта кон Исуса или пак кон светот? Дали го прославуваат Исуса или пак сатанските сили? Во денешно време дури и секуларните луѓе и оние што не се христијани зборуваат против поголемиот дел од ТВ и филмската продукција. Сатаната ги уловил очите и ушите на милијарди луѓе, и како резултат на тоа го претворил светот во голема депонија на неморал, криминал, терор и безнадежност. "Нашето проучување вели дека без телевизијата во САД би имало 10 000 помалку убиства годишно, 70 000 помалку силувања, 700 000 помалку злодела."3 Исус те сака и бара од тебе да го свртиш својот поглед од сатаната и неговата контрола над твоите мисли и да се свртиш кон Него. Тој вели: "Кон Мене обрнете се, и ќе бидете спасени." Исаија 45:22.

1 Newsweek, "Mick Jagger and the Future of Rock", Jan. 4, 1971, p. 47.

2Circus magazine, Jan. 31, 1976, p. 39.

3Newsweek, "Violence, Reel to Reel", Dec. 11, 1995, p. 47.

Сигурен начин за гледање на телевизија е да се запрашаме:
Сигурен начин за гледање на телевизија е да се запрашаме: "Дали би се чувствувал удобно да го поканам Исуса да го гледа тоа заедно со мене?"

11. Какви јасни инструкции ни дава Исус во поглед на тоа како треба да ги користиме нашите ТВ приемници?

"А делата на телото се познати; тоа се: блудство, нечистота, бесрамност, идолопоклонство, вражање, непријателства, препирки, љубомора, излив на лутина, расправии, несогласувања, делби; завист, пијанство, срамни гозби и слични на овие, за кои однапред ве предупредив, како што ви реков и порано, дека оние што прават такви работи нема да го наследат Божјото царство." Галатјаните 5:19-21.

Одговор:   Писмото е премногу јасно за погрешно да се разбере. Доколку семејството ги гледа сите ТВ програми кои ги вклучуваат и поддржуваат овие гревови што се спомнати погоре, тогаш преостанува многу малку што би можело да се гледа. Доколку те посети Исус какво ТВ шоу би гледал во Негово присуство? Сите такви ТВ програми се несоодветни за гледање за еден христијанин.

Мојот избор на ТВ програми, и всушност целото мое однесување треба да биде водено според зборовите на Библијата, а не од моите сопствени чувства.
Мојот избор на ТВ програми, и всушност целото мое однесување треба да биде водено според зборовите на Библијата, а не од моите сопствени чувства.

12. Во денешниве денови на цврсто и независно размислување, мнозина се сметаат за способни самите да донесуваат духовни одлуки без да прашаат за совет, вклучувајќи го и Исуса. Што вели Исус за таквите?

Одговор:   Послушајте ги Исусовите јасни изјави: "Таму не треба да правите сè онака, како што сега овде го правите, - секој, како што му се чини дека е добро." Второзаконие 12:8. "Има патишта, кои на човекот му изгледаат прави, но крајот им е пат кон смртта." Изреки 16:25. "Патот на неразумниот му се чини прав во неговите очи; но кој слуша совет, тој е мудар." Изреки 12:15. "Кој се надева на себеси, безумен е." Изреки 28:26.


13. Какви сериозни предупредувања ни упатува Исус во врска со примерот и влијанието што го шири нашиот сопствен живот?

"А кој ќе наведе на грев едно од овие мали кои веруваат во Мене, за него поарно е да му се обеси воденички камен на вратот и да потоне во морската длабочина." Матеј 18:6. "Подобро да мислиме за тоа никој да не поставува пред братот пречки или соблазни!" Римјаните 14:13. "Никој од нас не живее за себеси и никој не умира за себеси." Римјаните 14:7.

Одговор:   Сите ние очекуваме водачите, луѓето со влијание, популарните спортисти, и сите останати нашироко познати личности мудро да го користат своето влијание - да го платат така наречениот "данок на општеството". Но во денешниот свет, честопати сме изненадени и запрепастени од неодговорното однесување на познати индивидуи. Исус јасно изјавува во Римјаните 1:14 дека христијаните што го претставуваат Него и Неговото царство, навистина им должат нешто на останатите. Тој исто така сериозно предупредува дека христијаните, кои го злоупотребуваат своето влијание и пример, и со тоа ги водат останатите на погрешен пат, нема да го наследат Божјото царство.

Бог бара од своите луѓе да ги отстранат накитот и украсите.
Бог бара од своите луѓе да ги отстранат накитот и украсите.

14. Кои се Исусовите принципи на однесување во областа на облекувањето и накитот?

Одговор:   A. Скромност во облекувањето. (Види 1. Тимотеј 2:9). Не заборавајте дека светот во нашите животи навлегува преку похотта на телото, похотта на очите и гордоста на животот (1. Јованово 2:16). Нескромното облекување ги вклучува сите три, и е неприфатливо за христијанинот.

Б. Тргнете го настрана сиот накит и украси. Овде како голем проблем се наметнува "гордоста на животот". Исусовите следбеници треба да изгледаат поинаку од останатите. Нивната надворешност сведочи и рефлектира светлина на другите (Матеј 5:16). Накитот го привлекува вниманието врз себе. Во Библијата накитот е симбол на отпадништво. Кога Јаков со своето семејство повторно му се предале на Бога, тие го закопале својот накит (Битие 35:1,2,4). Кога Израелците се нашле пред ветената земја, Господ им заповедал да го отстранат сиот свој накит (Излез 33:5,6). Во третата глава на Исаија, Бог јасно изјавува дека со носењето на накит (нараквици, прстени, обетки итн. како што се набројани во Исаија 3:19-23), народот правел грев (стих 9). Во Осија 2:13, Господ вели во моментите кога Израел го изневерил, луѓето започнале да носат накит. Во 1. Тимотеј 2:9 и 1. Петрово 3:3, и Павле и Петар ни кажуваат дека Божјиот народ нема да се кити со злато, бисери и скапи украси. Обрнете внимание за каков накит зборуваат Петар и Павле дека Бог бара од своите да носат: "во нераспадливиот украс на кроткиот и тивок дух" (1. Петрово 3:4) и "добри дела" (1. Тимотеј 2:10). Сето ова Исус го сумира претставувајќи ја Својата вистинска црква во Откровение 12:1 како чиста жена облечена во сонце (Исусовата светлина и праведност), а од друга страна отпаднатата црква ја претставува како блудница накитена со злато, скапоцени камења и бисери (Откровение 18:2-4) и сето ова е претставено на ваков начин, за да укаже на тоа дека накитот и украсите го привлекуваат вниманието на себеси и дека треба да бидеме украсени и облечени со Христовата праведност. Кога ќе се вљубиме во Христа, големо задоволство и вистинска радост ќе биде да живееме според Неговиот животен стил.

Сето она што ја намалува мојата љубов кон духовните нешта станува идол.
Сето она што ја намалува мојата љубов кон духовните нешта станува идол.

15. Во каква врска со спасението се нашето однесување и послушност?

Одговор:   Послушноста и христијанското однесување се доказ, дека Исус Христос ве спасил (Јаков 2:20-26). Факт е дека доколку не го промениме начинот на живот по обратувањето, тоа значи дека обратувањето не било вистинско. Обратениот човек најголемата своја радост ќе ја наоѓа во пронаоѓањето на Исусовата волја и подготвеноста радосно да Го следи онаму каде што Тој ќе го поведе.

Пазете се од идолопоклонство
Првото Јованово послание зборува за христијанското однесување. Кон самиот негов крај (1. Јованово 5:21), Исус преку својот слуга Јован нè предупредува да се држиме понастрана од идолопоклонство. Бог овде мисли на сето она што ја попречува или намалува нашата љубов кон Него - како што е музиката, модата, имотот, украсувањето, злите начини на разонода и слично. Природно, плодот (резултатот) од едно вистинско обратување е желбата со радост во срцето да се следи Исус и да се прифати Неговиот начин на живот.

Луѓето кои му се немаат целосно предадено на Бога, никогаш нема да го разберат христијанскиот начин на живот, а и не треба да очекуваме такво нешто од нив.
Луѓето кои му се немаат целосно предадено на Бога, никогаш нема да го разберат христијанскиот начин на живот, а и не треба да очекуваме такво нешто од нив.

16. Дали треба да очекуваме сите со одобрување да гледаат на христијанскиот начин на живот?

Одговор:   Не. Исус рекол дека духовните работи се лудост за телесниот човек, бидејќи не се гледа на нив од духовен аспект. (1 Коринтјаните 2:14). Кога Исус укажува на однесувањето, Тој ги поставува основните принципи за сите оние кои сакаат да бидат водени од Светиот Дух. Неговиот народ ќе биде благодарен и секогаш радосно ќе ги следи Неговите совети. Другите таквото нешто можеби нема да можат да го разберат или прифатат.

Оној што го одбива Исусовиот животен стил, би се чувствувал мизерно на небо.
Оној што го одбива Исусовиот животен стил, би се чувствувал мизерно на небо.

17. Како гледа на небото оној ,кој ги отфрла Исусовите стандарди за христијански живот и однесување?

Одговор:   Таквиот би се чувствувал мизерно на небо. Би се жалел зошто нема ноќни клубови таму горе, нема алкохол, порнографски материјали, проститутки, сензуална музика, безобѕирни книги, раскалашеност и коцкање. Небото би било вистински пекол за таквите кои немаат воспоставено вистинска заедница со Исуса. Затоа христијанските стандарди немаат никаква смисла за нив (2 Коринтјаните 6:14-17).


18. Како да ги примам и применам овие библиски принципи без притоа да изгледам фарисејски, критички или легалистички?

Одговор:   Сето она што го правиме треба да биде проследено со една мисла во умот: да покажеме љубов кон Исуса и да го воздигнеме (1. Јованово 3:22). Кога Исус ќе биде воздигнат и прикажан пред луѓето (Јован 12:32), тие ќе бидат привлечени кон Него. Секогаш треба да го имаме следново прашање на ум: "Дали ова ќе го прослави Исуса? Дали ќе го слушам тоа, ќе го пеам тоа, ќе го правам тоа, ќе го кажам тоа или ќе одам таму, доколку Исус лично би бил со мене?" Исус е постојано со тебе и мене (Матеј 28:20) и гледа сè што правиме. Мораме да го почувствуваме Неговото присуство во секој аспект и дел од животот. Кога свесно го поминувам времето со Него, и самиот станувам како Него (2. Коринтјаните 3:18). Тогаш луѓето што се со мене, ќе реагираат како и кон апостолите: "Се чудеа; а ги препознаа дека беа со Исус." (Дела 4:13). Христијаните кои живеат таков живот нема никогаш да станат фарисеи, критичари или легалисти. Во времето на Стариот завет, Божјиот народ скоро постојано се наоѓал во отпадништво, затоа што одлучил да живее како неговите незнабожечки соседи, а не да го следи точно одредениот начин на живот, кој Бог му го оставил (Второзаконие 31:16; Судии 2:17; 1. Летописи 5:25; Езекиел 23:30). Тоа е така и денес. Никој не може да им служи на двајца господари (Матеј 6:24). Оние што ќе се наклонат кон светот и светскиот животен стил, постепено ќе бидат претопени од сатаната прифаќајќи ги неговите чувства и желби, а со тоа ќе се подготват за сигурна пропаст. Оние кои што ги следат Исусовите принципи на живот, ќе бидат променети во Неговиот лик и ќе се подготват за на небо. Тука не постои неутрален терен.


19. Би сакал да се вљубам во Исуса толку многу што ќе чувствувам радост и задоволство следејќи ги Неговите принципи.

Одговор:   


Твоите Прашања Одговорени

1. Знам што бара Бог од мене, но едноставно не се чувствувам дека сум подготвен на такво нешто. Што предлагате?


Започнете веднаш! Никогаш не се потпирајте на чувствата. Бог ќе ве води преку Неговата реч (Исаија 8:20). Честопати чувствата можат да излажат. Еврејските водачи чувствувале дека треба да го распнат Исуса, но не биле во право. Мнозина ќе се чувствуваат сигурни при второто Христово доаѓање, но наместо тоа тие ќе бидат засекогаш загубени (Матеј 7:21-23). Ѓаволот влијае на чувствата. Доколку се потпирам на сопствените чувства тој сигурно ќе ме уништи.

2. Вознемирен сум. Сакам да направам нешто, но сфатив дека поради тоа како изгледа истото, некои би помислиле дека е зло. Што да направам?


Библијата е јасна. Таа вели: "Воздржувајте се од секој вид на зло!" 1 Солунјаните 5:22. Апостол Павле вели дека доколку со јадењето месо соблазнува некого, тој никогаш не би се ни допрел до таков вид храна (1. Коринтјаните 8:13). Тој исто така вели дека доколку би ги игнорирал чувствата на другиот и би продолжил со јадење месо, со тоа би правел грев.

3. Ми се чини дека црквата има преголема листа од работи што не треба да ги правам и работи што треба да ги правам. Тоа навистина ме излудува. Зарем не е важно само тоа да се следи Исус?


Да, најважно е да се следи Исус. Но како и да е, да се следи Исус претставува едно за еден, а друго за друг. Единствен сигурен начин да се знае што значи да се следи Исус е да се открие што вели Исус во Библијата за секое прашање кое е поврзано со правилното постапување. Оние што со задоволство ги следат Исусовите заповеди, еден ден и тоа многу скоро ќе влезат во Божјото царство (Откровение 22:14). Оние што следат човечки правила, ќе застранат и нема да влезат во Неговото царство (Матеј 15:3-9).

4. Некои од Божјите барања ми изгледаат нелогични и непотребни. Не можам да сфатам зошто се толку важни. Што предлагате?


Децата честопати мислат дека некои од барањата (на пример: "Немој да си играш на улица") на нивните родители се неразумни. Но во подоцнежните години, детето ќе му биде благодарно на својот родител за нив. Ние во однос на Бога сме како деца, бидејќи Неговите мисли и дела се толку поразлични од нашите како што е небото од земјата (Исаија 55:8,9). Потребно е да имаме целосна доверба во нашиот небесен Отец, во оние нешта кои не можеме да ги разбереме и да "престанеме да си играме на улица", ако Тој тоа го бара од нас. Тој никогаш нема да ни забрани нешто добро (Псалм 84:11). Кога вистински ќе се вљубиме во Христа, тогаш ќе ја твориме Неговата волја дури и ако не ја разбираме секогаш. Клучот е во нановото раѓање. Библијата вели дека кога наново ќе се родиме, победата над светот нема да биде никаков проблем бидејќи обратениот ќе има вера и доверба радосно да го следи Исуса во сè (1. Јованово 5:4). Одбивањето да Го следиме само затоа што не разбираме нешто, покажува дека ни недостига вистинска доверба во Спасителот.

5. Дали ќе имам некаква корист од Исусовите принципи, закони и заповеди?


Апсолутно! Секој Исусов принцип, правило, закон или заповед носи неверојатни благослови. Најголемата добивка на лотарија во историјата е практично ништо во споредба со големите Божји благослови што ги добиваат Неговите послушни следбеници. Еве неколку придобивки што произлегуваат од верното почитување на Исусовите правила:

1. Исус како личен пријател.

2. Исус како деловен партнер.

3. Ослободување од вината.

4. Мир.

5. Слобода од страв.

6. Неопислива среќа.

7. Подолг живот.

8. Сигурен дом на небо.

9. Подобро здравје.

10. Никакви негативности.

Кога се зборува за богатство, може со сигурност да се каже дека вистинските христијани добиваат такви придобивки од својот небесен Отец, кои ни најбогатите луѓе од овој свет не можат никогаш да ги добијат.

6. Дали имам одговорност да ги учам и останатите за Божјите стандарди?


Најдоброто правило кое треба да го следиме, е нашата загриженост за нашиот начин на живот. "Испитувајте се сами себеси" е запишано во 2. Коринтјаните 13:5. Кога живееме онака како што треба, нашиот пример служи како тивок сведок така што тогаш не мора никого да поучуваме. Се разбира, родителите имаат посебна одговорност да им помогнат на своите деца како да го следат Исуса.

7. Која е најголемата опасност за христијаните на денешницата?


Најголемата опасност е поделена верност. Многу христијани имаат две љубови и разделено срце; љубов кон Исуса и љубов кон светот и неговите грешни дејности и желби. Се чини дека премногу се такви кои сакаат да видат колку блиски можат да му бидат на светот, а сепак да се сметаат за христијани. Тоа не оди така. Исус отворено предупредил дека никој "не може да им служи на двајца господари." Матеј 6:24.

8. Но зар не е легализам почитувањето на овие христијански правила на однесување?


Не е легализам освен ако тоа го правиме за да бидеме спасени. Спасението се добива само како прекрасен дар од Исуса. Спасението со дела (или однесување) не е воопшто спасение. Како и да е, да се следат Исусовите стандарди на однесување затоа што сме спасени, никогаш не може да биде легализам.

9. Дали христијанските стандарди се вклопуваат во Исусовата заповед да засветли нашата светлина?


Секако! Исус вели дека вистинскиот христијанин е светлина (Матеј 5:14). Тој исто така рекол: "Така нека свети вашата светлина пред луѓето, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Татко, Кој е на небесата." Матеј 5:16. Светлината не се слуша, таа се гледа. Луѓето ќе можат да ја видат светлината на христијанинот од неговото однесување, облекување, начин на исхрана, говор, чистота, добрина и чесност (сите овие се Исусови стандарди). Луѓето ќе сакаат да дознаат повеќе за неговиот стил на живот и на тој начин ќе бидат водени кон Христа.

10. Дали христијанските стандарди се културни? Зар не треба да се менуваат со текот на времето?


Обичаите се менуваат, но библиските стандарди остануваат. Словото на нашиот Бог останува вечно. Исаија 40:8. Црквата мора да води, а не да следи. Таа не смее да биде програмирана од културата, хуманизмот или современите трендови. Ние не смееме црквата да ја симнеме долу според погрешните човечки стандарди, туку треба да ја воздигаме според Исусовите стандарди. Кога црквата живее, зборува, изгледа и се однесува како светот, тогаш кој ќе бара помош од неа? Исус упатува силен повик до Својот народ и Својата црква, велејќи: "Затоа, излезете од сред нив и одвојте се" "не допирајте се до нечисто" и Јас ќе ве примам." 2 Коринтјаните 6:17. Исусовата црква не треба да го имитира светот, туку напротив, треба да се одвојува од него. Црквата не смее да навлезе во неговите злодела. Таа мора да стои цврсто и со милостив, но одреден глас да ги повикува луѓето да го слушаат Исуса и да се сообразат со Неговите стандарди. Кога слушателот ќе се вљуби во Исуса и ќе побара од Него Тој да управува со неговиот живот, Спасителот ќе прави чуда за да го промени и сигурно да го внесе во Божјото небесно царство. Не постои друг пат до небото.

11. Се разбира дека не секое играње е зло. Зар Давид не играл пред Господа?


Точно, секое играње не е зло. Давид скокал и играл пред Господа како израз на благодарност за Неговите благослови (2. Самоилова 6:14-16). Тој исто така во овој случај играл сам. Давидовото играње било многу слично како и играњето на фатениот човек откако бил исцелен од Исуса (Дела 3:8-10). Таквото играње, или скокање, Исус им го препорачува на оние кои се прогонувани (Лука 6:22,23). Играњето со спротивниот пол (што води кон неморал и растурени домови) и страсното играње (како што е стриптизот) се видови на играње и танцување кои се забранети и осудени во Библијата.

12. Што вели Библијата за оние кои напаѓаат, осудуваат и обвинуваат други?


"Не судете, за да не бидете судени! Зашто со каков суд судите, со таков ќе ви се суди; и со каква мера мерите, со таква ќе ви се мери." Матеј 7:1,2. "Затоа немаш оправдание човеку, ти кој судиш, кој и да си, зашто судејќи го другиот, самиот се осудуваш, бидејќи ти кој судиш, го вршиш истото." Римјаните 2:1. Како да го дообјасниме ова? Нема никаков изговор доколку судам било кој друг освен самиот себе. Исус е Судијата (Јован 5:22). Кога ги судам другите, ја узурпирам Исусовата позиција на судија и станувам минијатурен антихрист (1. Јованово 2:18) - навистина сериозна мисла!


Квиз прашања

1. Исусовите принципи на однесување стануваат задоволство тогаш, кога ќе се вљубам во Него. (1)


_____   Да.
_____   Не.

2. Следењето на Исусовите стандарди на однесување заради тоа што сум спасен и Го сакам претставува легализам. (1)


_____   Да.
_____   Не.

3. Вистинскиот автор на Библијата е Исус. (1)


_____   Да.
_____   Не.

4. "Не сакајте го светот" значи дека не треба да сакаме (1)


_____   Нашата татковина.
_____   Планетата земја.
_____   Грешните и зли патишта и работи од овој свет.

5. Зошто Исус дава посебни заповеди, закони и правила? (5)


_____   Секогаш за наше добро.
_____   За да знаеме како да бидеме добар пример за другите.
_____   За да ни ја одземе слободата.
_____   За да можеме да ги следиме Неговите стапки.
_____   За да нè заштити од гревот.
_____   За да нè држи во Својата рака.
_____   За да можеме да бидеме вистински среќни.

6. Кои се двете добри правила според кои треба да се водиме кога треба да одлучиме што е добро христијанско однесување? (2)


_____   Откријте што вели Библијата.
_____   Гледајте што прават другите членови на црквата.
_____   Советувајте се со гатач.
_____   Следете ги сопствените чувства.
_____   Запрашајте се што би сторил Исус.

7. Сатаната има пристап до нас само преку нашите пет сетила. (1)


_____   Да.
_____   Не.

8. За кои аспекти од христијанското однесување, кои се наведени подолу, Исус дава посебни совети и упатства? (5)


_____   Начинот на облекување.
_____   Здрав начин на живот.
_____   Украсување на телото.
_____   Олимписко скијање.
_____   Јадење и пиење.
_____   Летање со авион.
_____   Купување куќа.
_____   Пример и влијание.

9. Во каков однос се однесувањето и послушноста со спасението? (1)


_____   Ние се спасуваме со нашето однесување и послушност.
_____   Спасениот може да го игнорира однесувањето и послушноста, па сепак да биде подготвен за
_____   Однесувањето и послушноста се доказ за нечие обраќање, или наново раѓање.

10. Ако одбијам да отфрлам нешто што Исус бара да го отфрлам - како што се накитот, рок музиката или гледањето лоши ТВ емисии - Исус тоа го смета за идол. (1) Да.


_____   Да.
_____   Не.

11. Христијанскиот живот е како добар брак, во кој успехот доаѓа кога нашата цел е да му угодиме на оној кого го љубиме. (1)


_____   Да.
_____   Не.

12. На кои три начини од долу наведените сатаната ги води луѓето на грев? (3)


_____   Криејќи им ја Библијата.
_____   Гордоста на животот.
_____   Со испишување пораки на небото.
_____   Похотта на телото.
_____   Похотта на очите.

13. Контролата над нашите мисли е неопходно, бидејќи мислите стануваат дела. (1)


_____   Да.
_____   Не.

14. Некои од ветените придобивки кои произлегуваат од верното следење на Исуса се следниве: (7)


_____   Ќе знаете да пророкувате.
_____   Ќе живеете подолг живот.
_____   Ќе живеете среќно.
_____   Ќе имате подобро здравје.
_____   Косата нема да ви побеле.
_____   Ќе станете милионер.
_____   Ќе ви биде обезбеден дом на небото.
_____   Ќе бидете ослободени од стравот.
_____   Ќе го имате Исус како личен пријател.
_____   Ќе имате совршен мир.

15. Ако моето однесување биде соблазна за мојот брат, што треба да сторам? (1)


_____   Игнорирајте го. Никој не може да му угоди секому.
_____   Соочете се во четири очи.
_____   Обидете се да издејствувате негово исклучување.
_____   Кажете им на сите за да можат останатите да заземат страна.
_____   Престанете да го правите тоа што е соблазна за вашиот брат.

16. Како го нарекува Исус оној, кој ќе одлучи повеќе да го следи својот сопствен пат отколку да ги слуша библиските совети? (1)


_____   Независен мислител.
_____   Мудар.
_____   Луд.

17. Оној, кој ќе ги отфрли Исусовите стандарди на христијанско живеење (1)


_____   Кога ќе се најде на небо наеднаш ќе ги засака духовните нешта.
_____   Ќе се покае за својата тврдоглавост по само неколку денови живеење во светиот град Ерус
_____   Ќе се чувствува мизерно на небо.

Free Bible School

Bible School
Enroll in our Free Online Bible School Today!
Start your first lesson now!


Christian Hymns



Freebie!

Ultimate Resource
Request your free book, Ultimate Resource, today and learn how to study the Bible
Get It Now!


Back To Top