Bible Universe » Bible Study Guides

separator

Дали имаме доверба во Бога?

Дали имаме доверба во Бога?
Дали имаш доверба во Бога? Вистина е дека многу луѓе ќе кажат да, меѓутоа тие не делуваат така. И полошо од тоа, затоа што тие немаат доверба во Него, тие крадат од него! Како тоа? ќе речеш ти, “Никој не може да краде или проневери од Бога.” Меѓутоа Божјата порака до Неговиот народ гласи: “Вие крадете од мене” (Малахија 3:8). Вистинските записи докажуваат дека милијарди луѓе крадат од Бога, и што е уште полошо тие ги употребуваат тие украдени пари за да го помогнат своето неразумно трошење! Но сепак многумина не се свесни за својата кражба, и во оваа лекција ние ќе ти покажеме како да ја избегнеш истата грешка и како да напреднеш финансиски преку вистинска вера во Бога.
Една десетина од заработувачката на една личност му припаѓа на Бог.
Една десетина од заработувачката на една личност му припаѓа на Бог.

1. Според Библијата, кој дел од нашата заработка му припаѓа на Бога?

"Сиот десеток од земјата... е Господов." Левит 27:30.

Одговор:   Десетиот дел му припаѓа на Бога.

Зборот “десеток” буквално значи “десетина.”
Зборот “десеток” буквално значи “десетина.”

2. Што е тоа “десеток”?

"А на Левиевите синови, им ги дадов во наследство сите десетоци во Израелот." "На левитите им го давам како дел десетокот од синовите Израилеви, кој тие го принесуваат за вознесение пред Господа." Броеви 18:21, 24.

Одговор:   Десетокот е една десетинка од заработувачката на една личност. Зборот “десеток” буквално значи “десетина.” Десетокот му припаѓа на Бога. Тој е Негов. Јас немам право да го задржам за себеси. Кога давам десеток, јас не давам дар, туку едноставно му го враќам на Бога она што е веќе Негово. Сè додека јас не враќам една десетина од сиот мој приход, јас не давам десеток.

Десетокот треба да биде донесен во Неговата ризница, или црква.
Десетокот треба да биде донесен во Неговата ризница, или црква.

3. Каде барал Бог луѓето да го донесат десетокот?

"Донесете ги сите десетоци во ризницата." Малахија 3:10.

Одговор:   Тој од нас бара да ги донесеме десетоците во Неговата ризница.


4. На што мисли Бог кога зборува за Неговата ризница?

"Тогаш сета Јудеја донесуваше во собиралиштата десеток од житото, виното и маслото." Неемија 13:12.

Одговор:   Во Малахија 3:10, Бог посочува кон ризницата како “мој дом,” кое значи Неговиот храм или црква. Неемија 12:13 понатаму посочува кон тоа дека нашиот десеток треба да биде донесен во собиралиштето на храмот, коешто е Божјата ризница. Други текстови посочуваат кон ризницата како на собиралиште на храмот, или одаите, вклучувајќи ги и текстовите во 1. Летописи 9:26; 2. Летописи 31:11,12; и Неемија 10:37,38. Во времето на Стариот Завет, Божјиот народ донесуваше 10% од сета нивна добивка – вклучувајќи ја жетвата и животните – во ризницата.


5. Некои мислат давањето десеток било дел од Мојсеевиот систем на обреди и закони што завршиле на крстот. Како Библијата ни помага да го разбереме тоа?

"И тој (Аврам) му даде нему десеток од сè." Битие 14:20. И во Битие 28:22, Јаков рече: "И од сè, што ќе ми дадеш, ќе Ти дадам Тебе десетти дел."

Одговор:   Овие стихови откриваат дека и Аврам и Јаков, кои живееле во времето долго пред деновите на Мојсеј, давале десеток од својата добивка. Заради тоа ние можеме да заклучиме дека Божјиот план за давање десеток постоел пред законот на Мојсеј.

Исус им објаснил на Фарисеите дека и покрај тоа што треба да даваат десеток, тие не треба да ја занемарат правдата, милоста и верноста.
Исус им објаснил на Фарисеите дека и покрај тоа што треба да даваат десеток, тие не треба да ја занемарат правдата, милоста и верноста.

6. Но дали Исус ја укинал повелбата за давање на десеток?

"Тешко вам, законици и фарисеи, лицемери, кои давате десеток од нане, копар и ким, а го запоставувате поважното во Законот: правдата, милоста и верноста. Ова требаше да го правите, а она да не го запоставувате." Матеј 23:23.

Одговор:   Не! Во спротивно, Тој го потврдил. Исус ги укорувал Евреите за занемарување на поважните работи во законот – “правда, милост и вера” – и покрај тоа што тие биле педантни во давањето десеток. Тој тогаш отворено им рекол дека тие треба да продолжат со давањето на десеток, но исто така дека треба да бида праведни, милостиви и верни.

Десетокот во времето на Стариот Завет бил користен за да им се даде плата на свештениците.
Десетокот во времето на Стариот Завет бил користен за да им се даде плата на свештениците.

7. За која намена беше користен десетокот во времето на Стариот Завет?

"А на Левиевите синови, ете, Јас им дадов како дел десеток од сè, што има Израилот, за службата нивна, што ја вршат во скинијата на сведоштвото." Броеви 18:21.

Одговор:   Десетокот во времето на Стариот Завет бил користен како плата за свештениците. Племето на Левиј (свештениците), не примиле дел од земјата за обработување и индустрија, додека останатите 11 племиња добиле. Левитите работеле цело работно време грижејќи се за храмот и во службата за Божјиот народ. Божјиот план бил од десетокот да се издржуваат свештениците и нивните семејства.

Денес, десетокот треба да се користи за да се дадат плати на Божјите проповедници.
Денес, десетокот треба да се користи за да се дадат плати на Божјите проповедници.

8. Дали Бог го променил Својот план за користење на десетокот во Новиот Завет?

"Не знаете ли дека од храмот се хранат оние кои исполнуваат света служба и дека служителите на жртвеникот добиваат дел од жртвеникот? Исто така, Господ заповеда оние што го проповедаат Евангелието, да живеат од Евангелието." 1. Коринтјаните 9:13, 14.

Одговор:   Не! Тој план продолжува. Негова замисла е десетокот да се користи за издржување на оние што работат исклучиво во службата на Евангелието. Доколку сите луѓе даваат десетоци и десетокот беше користен стриктно за издржување на евангелските работници, ќе има повеќе од доволно пари за целиот свет да се опфати многу брзо со Божјата евангелска вест за последното време.

Бог ветува дека оние кои што се верни во десетокот ќе примат благослови за кои ќе немаат доволно простор да ги сместат.
Бог ветува дека оние кои што се верни во десетокот ќе примат благослови за кои ќе немаат доволно простор да ги сместат.

9. Каков возбудлив предлог им дал Бог на луѓето што се чувствуваат несигурно во врска со давање на десетокот?

"Донесете ги сите десетоци пред вратите, па да има храна во Мојот дом, и барем во тоа испитајте Ме, вели Господ Саваот: зар нема да ги отворам небесните отвори за да излеам благослов на вас, па да имате и на претек?" Малахија 3:10.

Одговор:   Тој вели:”Испитајте ме” и видете дали јас нема да “излеам благослов врз вас” премногу голем за да се прими. Тоа е единствено место во Библијата каде што Бог прави таков предлог. Тој вели: “Пробај. Тоа е сигурно. Јас ти ветувам.” Стотици илјади од оние што даваат десеток низ светот радосно ќе ти ја потврдат вистината за Божјото ветување во врска со десетокот. Тие сите се имаат уверено во вистината на зборовите: “Вие не можете да го наддадете Бога.”


10. Кога ние даваме десеток, кој всушност ги прима нашите пари?

"Згора на тоа, овде смртни луѓе примаат десетоци, а таму, Оној (Исус) за кого се сведочи дека живее." Евреите 7:8.

Одговор:   Исус, нашиот небесен Првосвештеник, го прима нашиот десеток.

Кога јас ќе го земам Божјиот десеток и го користам за себеси, јас го повторувам гревот на Адам и Ева.
Кога јас ќе го земам Божјиот десеток и го користам за себеси, јас го повторувам гревот на Адам и Ева.

11. На кој тест паднале Адам и Ева, што сите ние мора да го поминеме доколку сакаме да го наследиме Неговото небесно царство?

Одговор:   Тие земале нешто за кое Бог рекол дека не е нивно. Бог им ги дал на Адам и Ева плодовите од сите дрвја во едемската градина освен едно – дрвото за познавање на доброто и злото (Битие 2:16,17). Плодот на тоа дрво тие не требало да го јадат. Ева рекла дека тие не требале ниту да се допрат до него (Битие 3:3). Меѓутоа тие немале доверба во Бога. Тие го јаделе плодот и згрешиле – и долгото, ужасно патување во грев започна. Денес Бог на луѓето им дава од Неговите блага, мудрост и сите небесни посества и благослови. Сите нешта се наши – освен едно – десетина од нашата заработувача, што е Негова (Левит 27:30). Но како што тој бил со Адам и Ева, Тој не го зема десетокот со сила. Тој го остава во нашиот дофат, меѓутоа нè предупредува: “Не го земај. Тој е свет. Тој е мој.” Кога ние во знаење го земаме Божјиот десеток и го насочуваме за своја сопствена употреба, ние го повторуваме гревот на Адам и Ева и така покажуваме трагичен недостаток на доверба во нашиот Откупител. На Бога не му се потребни нашите пари, меѓутоа Тој ја заслужува нашата верност и доверба.

Од Бога направи свој Партнер
Кога јас го враќам Божјиот десеток, јас од Него чинам партнер во сите нешта што ги преземам. Каква фантастична, благословена привилегија: Бог и јас – партнери! Имајќи го Него како мој партнер, јас можам да придобијам сè и да загубам ништо. Стравотна опасна авантура е да се земе од Божјите сопствени пари, што Тој ги одредил за бидат за спасување на души и истите да се користат за нашите сопствени потреби.

Божјиот народ радосно дава дарови како израз на нивната љубов кон Него
Божјиот народ радосно дава дарови како израз на нивната љубов кон Него

12. Во додаток на десетокот, што му припаѓа на Бога, што друго бара Бог од Неговиот народ?

"Донеси дар, и дојди во Неговите дворови." Псалм 96:8.

Одговор:   Господ бара од нас да донесеме дарови за Неговото дело како израз на нашата љубов за Него и нашата благодарност за Неговите благослови.

Библијата не е специфична за количината која треба да биде дадена како дар.
Библијата не е специфична за количината која треба да биде дадена како дар.

13. Колку јас треба да му дадам на Бога како дар?

"Секој нека даде како што решил во срцето, а не безволно и не сосила, зашто Бог го љуби радосниот дарител." 2. Коринтјаните 9:7.

Одговор:   Библијата не е специфична за количината која треба да биде дадена како дар. Секоја личност одлучува (како што е поттикнат од Бога) колку да даде и тогаш тоа го прави радосно.


14. Кои додатни библиски принципи Бог ни ги дава нас во поглед на давањето?

Одговор:   A. Мојот прв приоритет е да се дадам себеси на Бога (2. Коринтјаните 8:5).

Б. Јас на Бога треба да му го дадам моето најдобро (Изреки 3:9).

В. Бог го благословува оној што многу дава (Изреки 11:24, 25).

Г. Поблагословено е да се дава отколку да се прима (Дела 20:35).

Д. Ако сум себичен, јас правилно не ги користам моите од Бога дадени благослови (Лука 12:16-21).

Ѓ. Бог враќа повеќе отколку што јас давам (Лука 6:38).

Е. Јас треба да давам во пропорција со тоа како Бог ме има благословено мене (1. Коринтјаните 16:2).

Ж. Јас треба да дадам колку што можам (Второзаконие 16:17).

Ние го враќаме десетокот на Бога, Кому што веќе истиот му припаѓа. Ние даваме дарови. Ние даваме дарови. Даровите се доброволни и треба да бидат дадени со радост.

Светот и сето она што е во него му припаѓа на Бога.
Светот и сето она што е во него му припаѓа на Бога.

15. На што сè е сопственик Господ?

Одговор:   A. Сето сребро и злато во светот (Агеј 2:8).

Б. Земјата и сите луѓе (Псалм 24:1).

В. Светот и сето она што е во него му припаѓа на Бога (Псалм 50:10-12). Бог дозволува луѓето да ги користат многуте Негови блага. Тој исто така им дава мудрост и сила да просперираат и да насоберат богатство (Второзаконие 8:18). За возврат на сите тие нешта, Бог од нас бара да Нему му вратиме 10%, како наше признавање за Неговата голема инвестиција во нашата работа – плус дарови како израз на нашата љубов и благодарност.

Оние што не даваат десетоци и дарови, Бог ги смета за крадци.
Оние што не даваат десетоци и дарови, Бог ги смета за крадци.

16. Што зборува Бог за луѓето што не го враќаат десетокот на Бога и не даваат дарови?

"Може ли човек да краде од Бога? Но вие крадете од Мене. Ќе речете: 'што крадеме од Тебе? - од десетокот и од даровите.'" Малахија 3:8.

Одговор:   Бог посочува кон таквите како крадци. Дали можеш да си замислиш луѓето да крадат од Бога?

На оние кои го крадат Бога од десетоците и даровите, нема да им биде дозволено да влезат во рајот.
На оние кои го крадат Бога од десетоците и даровите, нема да им биде дозволено да влезат во рајот.

17. Што вели Бог дека ќе се случи со оние што знаејќи ќе продолжат да го крадат Него во десетоците и даровите?

"Со проклетство сте проколнати, зашто Ме крадете - вие и сиот народ." Малахија 3:9. "Ни крадците, ни алчните, ни пијаниците, ни клеветниците, ни измамниците, нема да го наследат Божјото царство." 1. Коринтјаните 6:10.

Одговор:   Божјото проклетство ќе почива врз нив. Тие нема да го наследат Божјото царство.

Преокупацијата со акумулација на пари прави еден човек да биде граблив и горд.
Преокупацијата со акумулација на пари прави еден човек да биде граблив и горд.

18. Бог нè предупредува против алчноста. Зошто таа е крајно опасна?

"Зашто каде што е вашето богатство, таму ќе биде и вашето срце." Лука 12:34.

Одговор:   Затоа што нашите срца ги следат нашите инвестиции. Доколку мојот фокус е да акумулирам колку што е можно повеќе пари, моето срце станува копнежливо по туѓото, грабливо и гордо. Но доколку мојот фокус е да споделувам со другите и им помагам, како и да го потпомагам Божјото дело, тогаш моето срце станува грижливо, срце кое љуби, дарежливо и понизно. Алчноста е едно од 20 ужасни гревови на последните денови, кои ќе им го затворат патот кон рајот на луѓето (2. Тимотеј 3:1-7).

Крадењето од Христа многу го ожалостува Него.
Крадењето од Христа многу го ожалостува Него.

19. Како Исус се чувствува кога ние го крадеме Него од Неговиот свет десеток и даровите?

"Затоа се натажив од тоа поколение и реков: секогаш заблудуваат во своите срца." Евреите 3:10.

Одговор:   Тој веројатно се чувствува како еден родител чиешто дете краде пари од него. Парите сами по себе не се голема работа. Проблемот е во недостигот на чесност, љубов и доверба во детето кое може да донесе длабоко разочарување.

Љубовта причинила Божјиот народ во Македонија да дава изобилно за христијаните во Ерусалим, кои биле погодени од општа глад.
Љубовта причинила Божјиот народ во Македонија да дава изобилно за христијаните во Ерусалим, кои биле погодени од општа глад.

20. Какви восхитувачки нешта апостолот Павле споменува за повереништвото на верниците во Македонија?

Одговор:   Павле им напишал на црквите во Македонија замолувајќи ги да тргнат настрана некои средства за Божјиот народ во Ерусалим, кои многу страдале од продолжената општа глад. Тој ним им кажал дека ќе ги земе тие дарови кога ќе дојде во нивните градови на следната посета. Прекрасниот одѕив на црквите во Македонија е опишан во 2. Коринтјаните, 8 глава:

A. Стих 5: Како прво тие сами себе му се предадоа на Господа.

Б. Стихови 2, 3: И при својата "голема сиромаштија" тие дадоа “повеќе отколку што можеа” да дадат.

В. Стих 4: Тие го молеа Павле да дојде и да го земе нивниот дар.

Г. Стих 9: Нивниот пример го следел пожртвуваниот пример на Исус.

Забелешка: Доколку ние навистина го сакаме Христа, да се дава пожртвувано за Неговото дело никогаш нема да биде бреме, туку попрво голема привилегија што ние треба да ја исполниме со голема радост и задоволство.

Кога една личност дава десеток, Бог ги истегнува останатите девет делови така што секогаш има доволно.
Кога една личност дава десеток, Бог ги истегнува останатите девет делови така што секогаш има доволно.

21. Што ветува Бог дека ќе направи за оние, кои се верни во враќањето на десетокот и во давањето на даровите?

"Донесете ги сите десетоци пред вратите, па да има храна во Мојот дом, и барем во тоа испитајте Ме, вели Господ Саваот: зар нема да ги отворам небесните отвори за да излеам благослов на вас, па да имате и на претек? Заради вас ќе им забранам на оние, што ги изедуваат плодовите земни, и лозата ваша во полето нема да остане без плод, вели Господ Саваот. И блажени ќе ве наречуваат сите народи, оти ќе бидете земја пожелувана, вели Господ Саваот.'" Малахија 3:10-12.

Одговор:   Бог ветува дека ќе ги благослови Своите верни повереници (во поглед на финансиите) и тие ќе бидат благослов за оние околу нив.

Земи ги во предвид следните начини на кои Бог благословува:

A. Бог ветува дека твоите девет десетини ќе достигнат подалеку со Неговиот благослов, отколку целата твоја заработувачка без него. Доколку се сомневаш во тоа, прашај некој што е верен во давањето на десеток.

Б. Благословите не се секогаш финансиски. Тие можат да бидат: здравје, мир на умот, одговорени молитви, заштита, блиско семејство полно со љубов, повеќе физичка сила, стар автомобил кој трае подолго, итн.

В. Тој станува твој партнер во сите нешта. Никој друг освен Бог не може да изработи толку целосно фантастичен план.


22. Дали имаш волја да почнеш да даваш десеток од твојата заработка и добивка и да даваш дарови за да ја покажеш својата љубов и благодарност?

Одговор:   


Твоите Прашања Одговорени

1. Јас не давам десеток затоа што не ми се допаѓа како мојата црква ги користи Божјите средства


Давањето десеток е Божја заповед. Парите од десетокот се свети и му припаѓаат на Бога (Левит 27:30). Кога ти даваш десеток ти му даваш десеток Нему. Бог е доволно голем да се погрижи за парите што ти ги даваш на Неговата црква. Твојата одговорност е да даваш десеток. Остави го Бог да се соочи со оние што ги злоупотребуваат Неговите средства.

2. Јас сум фрустриран затоа што поради своите финансиски потешкотии не сум способен да дадам повеќе од еден малечок дар покрај десетокот. Потребата на евангелието е толку голема и јас се чувствувам виновен.


Големината на твојот дар не е важно ако правиш сè што можеш од себе. Исус рекол дека сиромашната вдовица од Марко 12:41-44, која дала многу малку, дала повеќе “од сите оние што пуштале во касата” затоа што другите дале “од својот вишок; но таа...пушти сè што имаше.” Господ ги мери нашите дарови според количината на жртвата што ја чиниме и според ставот или духот со кој даваме. Исус смета дека твоите дарови се многу големи. Дај ги со радост и знај дека на Христа му е угодно тоа. Прочитај 2. Коринтјаните 8:12 за охрабрување.

3. Дали повереништвото вклучува нешто повеќе од само правилно управување со моите пари?


Да, повереништвото вклучува правилно справување со секој талент и благослов кој го примам од Бога, кој ми ги има дадено сите нешта (Дела 17:24,25). Како факт, тоа го вклучува целиот мој живот! Верно повереништво на Божјите дарови за мене исто така го вклучува и времето што јас го трошам:

A. Вршење на работата што Бог ми ја одредил (Марко 13:34).

Б. Активно сведочење за Христа (Дела 1:8).

В. Проучување на Библијата (2. Тимотеј 2:15).

Г. Молење (1. Солунјаните 5:17).

Д. Помагање на оние кои имаат потреба (Матеј 25:31-46).

Ѓ. Секојдневно предавање на мојот живот на Христа (Римјаните 12:1, 2; 1. Коринтјаните 15:31).

4. Не мислиш ли дека некои проповедници се платени премногу?


Да, без сомнеж. Наизглед арогантното покажување на благата од некои свештеници денес, го намалува влијанието на сите проповедници. Тоа донесува срам на Христовото име. Тоа причинува стотици илјади да се одвратат со одвратност од црквата и нејзината служба. Таквите водачи треба да се соочат во ужас со своите постапки во денот на судот.

Проповедниците на Божјата Црква на остатокот на последното време
Како и да е, ниту еден проповедник од Божјата црква на последното време не е премногу платен. По својот приправнички статус, сите проповедници скоро земаат иста плата (варира со мала разлика) без оглед на нивната титула, положба или големина на нивната црква. Во многу случаи, сопругите работат како додаток на платата на пасторот.

5. Што ако јас не можам да си дозволам да дадам десеток?


Бог вели доколку ние го ставиме Него на прво место, Тој ќе се погрижи за нашите потреби (Матеј 6:33). Неговите пресметки некогаш работат спротивно од човечката идеја. По Неговиот план, она што ни преостанува откако ќе дадеме десеток ќе оди подалеку отколку сето без Негов благослов. Всушност, ние не можеме да си дозволиме да не даваме десеток!


Квиз прашања

1. Зборот "десеток" всушност значи "десетина." (1)


_____   Да.
_____   Не.

2. Десетокот веќе му припаѓа на Бог. (1)


_____   Точно.
_____   Неточно.

3. Јас не давам десеток сè додека не му вратам на Бог една десетина од мојот приход. (1)


_____   Точно.
_____   Неточно.

4. Исус го потврдил давањето на десеток. (1)


_____   Да.
_____   Не.

5. Кои од следниве, се библиски водилки и начела за давање на доброволни дарови? (5)


_____   Дај ако ти има нешто преостанато.
_____   Давај радосно.
_____   Давај широкоградно.
_____   Давај за да се чувствуваш добро.
_____   Давај онолку колку што Бог те благословил.
_____   Поблагословено е да се дава отколку што да се прима.
_____   Бог ќе ни врати повеќе отколку што ние ќе дадеме.
_____   Давај ако се чувствуваш така.
_____   Давај за луѓето да не мислат дека си себичен.

6. Според Библијата, изворот на плати за евангелските работниците треба да биде (1)


_____   Бинго.
_____   Продажба на слонови.
_____   Десеток.
_____   Продажба на пецива.
_____   Распродажби.

7. Кои патријарси од Стариот Завет се споменати во оваа лекција што враќале десеток долго пред времето на Мојсеј? (2)


_____   Адам.
_____   Јаков.
_____   Ное.
_____   Исак.
_____   Аврам.
_____   Матусал.

8. Според Малахија 3:8, за што се виновни луѓето што не даваат десеток и дарови? (1)


_____   Идолопоклонство.
_____   Кршење на сабота.
_____   Убиство.
_____   Крадење.

9. Според посланието до Евреите, кој всушност ги прима нашите пари кога даваме десеток? (1)


_____   Пасторот.
_____   Сиромашните.
_____   Исус, нашиот небесен Првосвештеник.

10. Според 2.Тимотеј 3:1-7, еден од 20 гревови на последните денови што на луѓето ќе им ја затворат вратата од Божјото царство е алчноста. (1)


_____   Да.
_____   Не.

11. Донесување на десетокот во Божјата ризница значи (1)


_____   Истиот да се користи за купување на духовни книги.
_____   Да се користи за било која духовна потреба.
_____   Да се приложи во Божјата ризница.

12. Што му ветува Бог на оној кој е верен во десетокот во Малахија 3:10? (1)


_____   Никогаш нема да се разболи.
_____   Никогаш нема да ја загуби својата работа.
_____   Ќе прими повеќе благослов отколку што ќе може да прими.

13. Бог на Адам и Ева им дал тест во поглед на јадењето на еден плод. Според оваа лекција, каков сличен тест Бог му дава на Својот народ денес? (1)


_____   Во читањето на Библијата секојдневно.
_____   Сведочење.
_____   Враќање на десетокот.
_____   Молитва.

14. Давањето десеток е дел од Мојсеевиот закон, кој завршил на крстот. (1)


_____   Да.
_____   Не.

15. Како Бог ги мери моите дарови за Него? (2)


_____   Според тоа колку давам.
_____   Според големината на жртвата.
_____   Според ставот со кој давам.

16. Верното повереништво вклучува не само моето правилно постапување со средствата, туку исто така и количината на времето што јас го трошам на активностите како што се молитва, сведочење, проучување на Библијата и помагањето на другите. (1)


_____   Да.
_____   Не.

Free Bible School

Bible School
Enroll in our Free Online Bible School Today!
Start your first lesson now!


Christian Hymns



Freebie!

Ultimate Resource
Request your free book, Ultimate Resource, today and learn how to study the Bible
Get It Now!


Back To Top