1. За да дознаеме што е жигот, најнапред ќе го идентификуваме ѕверот. Како Библијата го опишува ѕверот?
Одговор: Откровение 13:1-8, 16-18 ни нуди дури 11 идентификациони карактеристики. Тоа се следните:A. Излегува од морето (стих 1).Б. Составен е од четирите ѕверови од Даниел 7. глава (стих 2).В. Змевот му ја дава својата сила и власт (стих 2).Г. Добива смртна рана (стих 3).Д. Смртната рана му се исцелува (стих 3).Ѓ. Претставува моќна политичка сила (стихови 3,7).Е. Претставува исто така и моќна религиозна сила (стихови 3,8).Ж. Сноси вина за богохулство (стихови 1,5,6).З. Војува со светите и ги победува (стих 7).Ѕ. Владее 42 месеца (стих 5).И. Поседува мистериозен број - 666 (стих 18).Дали некои од овие точки ви се веќе познати? Секако! Разгледавме многу од нив порано, кога проучувавме за антихристот во Даниел 7 глава. "Ѕверот" од Откровение 13 глава е само едно друго име за "антихристот", за кого што проучувавме во Даниел 7 глава и заклучивме дека станува збор за папството. Пророштвата од Даниел и Откровение честопати ги покриваат истите работи од претходните пророштва, но секој нареден пат се додаваат нови податоци, кои помагаат да поверуваме во нивната сигурност. Токму затоа за очекување е дека ќе научите многу нови нешта за антихристот од оваа лекција. А сега една по една да детално да ги разгледаме овие 11 идентификациони карактеристики на ѕверот.A. Излегува од морето (Откровение 13:1).Морето (или водата) во пророштвата ги претставува народите, или населено подрачје (Откровение 17:15). Значи ѕверот, или антихристот, ќе се појави помеѓу веќе постоечките држави на тогашниот познат свет. Како што сите знаеме папството се појавува во Западна Европа, значи ја исполнува оваа карактеристика.
За папата: Тој е толку одлучен да стане светски лидер, како што некогаш бил Константин (49). Него го штитат четири влади (120). Тој е најпознатата личност на 20 век (123). Тој е личен пријател со лидерите на 91 земја (490). Неговата посета на Америка ја покривале 16 000 новинари (490).За папството: Американскиот амбасадор вели дека Ватикан е неспоредлив (120). Ватикан уште во саботата знае што ќе се случува во понеделник насекаде по светот (439). Папската организација уште веднаш е подготвена за целосно владеење со светот (143). Очигледно, раната е исцелена и очите на нациите се вперени кон Ватикан, па според ова оваа карактеристика исто така одговара на папството.
2. Што е Божји печат, или симбол на Неговиот авторитет?
"Им ги дадов исто така и Моите саботи, за да бидат знак меѓу Мене и нив, па да знаат, дека Јас сум Господ што ги осветува." Езекиел 20:12. Тоа е знак меѓу Мене и синовите Израилеви довека; зашто во шест дена ги создаде Господ небото и земјата, а во седмиот ден си отпочина и се одмори." Излез 31:17.
Одговор: Во горенаведените стихови Бог вели дека ни ги дал Неговите саботи како знак на неговата моќ да создава и Неговата моќ да нè посвети (обрати и спаси). Во Библијата, зборовите печат, знак или жиг се користат наизменично.7 Божјиот знак, саботата, ја претставува Неговата света моќ да владее како Создател и Спасител. Во Откровение 7:1-3 се вели дека овој знак ќе биде запишан на челата (во умот - Евреите 10:16) на Неговиот народ. Тоа ќе означува дека тие се Негова сопственост и го имаат неговиот карактер. Евреите 4:4-10 го потврдува ова, велејќи дека кога влегуваме во Неговата починка (кога ќе го наследиме спасението), треба да го славиме Неговиот седми ден - саботата, како знак или симбол на спасението. Вистинското празнување на саботата значи дека личноста му го предала својот живот на Исуса Христа и е подготвена да го следи Него во сите аспекти од својот живот.Штом симболот, или ознаката на Божјиот авторитет и сила е Неговата света сабота, се чини дека симболот, или ознаката на Божјиот опонент - ѕверот - би можело исто така да вклучува некаков празник (свет ден). Да видиме дали е навистина така. 7(Споредете Битие 17:11 со Римјаните 4:11 и Откровение 7:3 со Езекиел 9:4.)
3. Што вели папството за својот симбол, или знак за неговиот авторитет?
Одговор: Забележете го следниов дел од католичкиот катехизам: "Прашање> Дали постои некаков друг начин да се докаже дека Црквата има моќ и власт да воспоставува празници и обичаи?""Одговор: Доколку не би имала таква власт, таа не би го направила она со кое се сложуваат сите модерни црковни лидериимено таа не би го заменила празнувањето на саботата како седми ден во седмицата со неделата како прв ден во седмицата, промена за којашто не постои никаков библиски доказ."8Папството овде вели дека ја извршило промената на саботата во недела и дека практично сите цркви го прифатиле нововоспоставениот свет ден (празник).Според ова, папството изјавува дека неделата како свет ден е знак или симбол за неговата моќ и авторитет.8Stephen Keenan, A Doctrinal Catechism [FRS No. 7.], (3rd American ed., rev.: New York, Edward Dunigan & Bro., 1876), p. 174.
4. Дали Бог предвидел таква промена во Светото Писмо?
Одговор: Да! Опишувајќи го антихристот во Даниел 7:25, Бог кажал дека "ќе си помисли да ги измени времињата нивни и закони."A. На каков начин се обидело папството да ги промени Божјите закони? На три начина: Во својот катехизам (1) ја има испуштено втората заповед која забранува служење на идоли, и (2) ја има скратено четвртата заповед (заповедта за саботата) од 94 на само 8 збора. Четвртата заповед (Излез 20:8-11) јасно укажува на фактот дека саботата е седми ден во седмицата. Променета од страна на папството оваа заповед гласи: "Помни си да го пазиш саботниот ден." Вака напишана, заповедта може да се оденсува на било кој ден. И конечно тоа (3) ја поделило десетата заповед на две заповеди.Б. На кој начин се обидело папството да ги промени Божјите времиња? На два начина: (1) Го променило времето на саботата (денот за одмор) од седмиот ден на првиот ден. (2) Исто така го променило сметањето на времето на саботата. Наместо тоа да се смета од зајдисонце во петок до зајдисонце во сабота, како што Бог воспоставил (Левит 23:32), таа го прифатила паганскиот римски обичај на сметање на денот од полноќ до полноќ. Бог предвидел дека ваквите промени ќе ги направи ѕверот, антихристот.Обрнете внимание на следниот дел од католичкиот катехизам:"Прашање: Кој ден е ден за одмор? Одговор: Сабота е ден за одмор. Прашање: Зошто тогаш ја празнуваме неделата наместо саботата?Одговор: Ние ја празнуваме неделата наместо саботата, затоа што Католичката црква ја променила светоста на саботата во недела." 9 Еве уште еден католички цитат: "Црквата е над Библијата и оваа промена на денот за одмор од сабота во недела е доказ дека тоа е така." 10Со овие цитати папството вели дека неговата успешно извршена промена на саботата во недела како ден за одмор е доказ дека неговиот авторитет е поголем од авторитетот на Библијата.9Peter Geiermann, The Convert's Catechism of Catholic Doctrine (St. Louis, B. Herder Book Co., 1957 ed.), p. 50.10The Catholic Record (London, Ontario, Canada, Sept. 1, 1923).
5. Како може некој да се осмели да го промени Божјиот свет ден?
Одговор: Го прашуваме папството: Дали навистина сте ја промениле саботата во недела? Тоа одговара: Да. Тоа е нашиот симбол, знак на нашата власт и сила."Прашуваме: Како воопшто можете да си дозволите такво нешто?"Ова е сосема логично прашање. Но прашањето што официјално папството им го поставува на протестантите е дури уште пологично. Ве молиме прочитајте внимателно:"Ќе ми речете дека саботата е еврејска, но дека христијанската сабота била променета во недела. Променета, но од кого? Кој има таков авторитет да промени јасна заповед на Севишниот Бог? Кога Бог рекол: "Ќе го празнуваш седмиот ден", кој има право да каже: "Не, можеш да работиш и да вршиш секаква работа на седмиот ден, но наместо тоа ќе го празнуваш првиот ден"? Ова е најважното прашање, кое не ми е јасно како би можеле да го одговорите. Вие сте протестанти, и кажувате дека Библијата е вашиот единствен водич па сепак за едно такво важно прашање што се однесува на тоа кој ден од седумте ќе го празнувате, вие се спротивставувате на јасната Божја реч, и земате друг ден на местото на оној, кој Бог го заповедал. Заповедта за празнување на седмиот ден е една од десетте заповеди вие верувате дека останатите девет се сè уште важечки кој ви дал власт да си играте со четвртата? Доколку сте им доследни на сопствените принципи, доколку навистина ја следите Библијата и само Библијата, тогаш би требало да укажете на некој дел од Новиот завет каде што оваа заповед била променета." 1111Library of Christian Doctrine: Why Don't You Keep Holy the Sabbath-Day? (London: Burns and Oates, Ltd.), pp. 3, 4.За жал, и католиците и протестантите се виновни пред небесниот суд за отфрлање на Божјата света сабота - Неговиот свет знак на препознавање.
6. Какви сериозни предупредувања дал Бог во врска со Неговиот закон и Неговиот знак, или печат?
Одговор: A. Бог ги предупредува религиозните водачи против предизвикување на непослушност кај луѓето, тврдејќи дека некои од заповедите не се важни (Maлахија 2:7-9). Како на пример, некои проповедници учат дека не е важно кој ден се празнува. Б. Бог ги предупредува луѓето кои сакаат од нивните проповедници да им проповедаат убави нешта, наместо да им ја проповедаат вистината за Неговиот закон (Исаија 30:9, 10).В. Бог ги предупредува луѓето против стврднување на нивните срца кон вистината за Неговиот закон (Захарија 7:12).Г. Бог ги предупредува и таквите кои велат дека држењето на Законот е туѓо (чудно)како на пример саботата (Осија 8:12).Д. Бог изјавува дека злото, трагедиите, проблемите и казните на земјата доаѓаат токму поради тоа што луѓето одбиваат да го следат Божјиот закон - и кои дури се обиделе и да го променат (Исаија 24:4-6).Ѓ. Бог ги предупредува религиозните водачи кои одбиваат да ги проповедаат пророштвата за последното време (Исаија 29:10, 11).Е. Бог сериозно предупредува дека водачите кои учат дека не постои суштинска разлика помеѓу светото (како што е Божјата света сабота) и обичното (како што е неделата), ќе се соочат со Божјиот гнев (Eзекиел 22:26, 31).
7. Откровение 13:16 вели дека луѓето ќе го примат жигот на ѕверот на своите чела или раце. Што значи ова?
Одговор: Челото го претставува умот (Евреите 10:16). Луѓето ќе го примат жигот на ѕверот на своите чела одлучувајќи да ја празнуваат неделата. Раката е симбол за работа (Проповедник 9:10). Луѓето ќе го примат жигот на своите раце со тоа што ќе соработуваат во донесувањето и прифаќањето на неделните закони од практични причини (работа, семејство итн.). Знакот, или печатот, било Божјиот или оној на ѕверот ќе биде незабележлив за луѓето. Секој од нас во суштина самиот ќе се запечати, прифаќајќи го Божјиот печат, саботата, или жигот на ѕверот, неделата. Иако невидлив за луѓето Бог ќе знае кој чиј знак примил (2. Тимотеј 2:19).
8. Според Исаија 58:1,13,14, каква порака на одлука Бог му дава на Својот народ за последното време?
"Викај со сиот глас, не се воздржувај; крени го гласот како труба, укажи му на народот Мој на беззаконието негово." "Ако заради саботата ја воздржиш ногата своја да ги исполнува желбите на твоето срце во светиот Мој ден, и ако ја нарекуваш саботата радост,.... тогаш ќе имаш радост во Господа." Исаија 58:1,13,14.
Одговор: Тој вели: укажи му на "народот Мој" дека тој (најверојатно во незнаење) греши, затоа што го погазува Мојот свет ден, и побарај од него да престане со кршењето на Мојата сабота за да можам да го благословам. Викај гласно за да те слушне!Обрнете внимание дека третиот ангел од Откровение 14:9-12, кој ја носи пораката за жигот на ѕверот, вика исто така гласно (стих 9). Оваа вест е премногу важна за да се третира како обична. Станува збор за смрт или живот. Исус вели дека Неговите овци, или луѓе, Го следат, кога Тој ги повикува. (Јован 10:16, 27).
9. Дали оние што ја празнуваат неделата веќе го примиле жигот на ѕверот?
Одговор: Не! Никој нема да го прими жигот на ѕверот сè додека празнувањето на неделата не се официјализира преку законска одредба. Тогаш (многу наскоро), оние, кои ќе се одлучат да ги следат лажните учења на ѕверот и ќе ја празнуваат неделата (лажниот свет ден на ѕверот), ќе го примат жигот на ѕверот. Оние, кои го следат Исуса и и се послушни на Неговата вистина, ќе ја празнуваат саботата и ќе го примат Неговиот печат. Оние кои очекуваат да го одбијат жигот на ѕверот во блиска иднина мораат уште денес да застанат под бајракот на Исусовата сабота. Неговата сила им е достапна на оние што Му се послушни (Дела 5:32). Без Него, не можеме ништо да сториме (Јован 15:5). Со Него, сè е можно (Марко 10:27).
10. Според книгата на Откровение, кого гледа Јован во Божјото царство?
Одговор: Одговорот е троен и многу јасен:A. Оние, кои го имаат Божјиот печат (Неговата сабота), на своите чела (Откровение 7:3).Б. Оние, кои ќе одбијат да се идентификуваат со ѕверот и неговата икона и кои ќе одбијат да го примат неговиот жиг или име на своите чела (Откровение 15:2).В. Оние, кои - денес и секогаш - го следат Исуса, верувајќи Му целосно и во сè (Откровение 14:4). Не постои друг начин.
11. Што им вели денес Исус на луѓето?
"Кој Ме следи, нема да оди во темнина, туку ќе ја има светлината на животот." Јован 8:12.
Одговор: Какво прекрасно ветување! Ако го следиме нема да завршиме во темнина, туку ќе ја имаме славната вистина. Ништо не може да биде повозбудливо! Понатаму, следејќи го Него и почитувајќи ја Неговата сабота, ќе го примиме Божјиот печат на своите чела, а тоа ќе нè заштити од страшните зла (Псалм 91:10) кои ќе паднат врз непослушните (Откровение 16 глава). Исто така овој печат нè одбележува како подготвени за вознесение при второто Христово доаѓање. Каква благословена заштита и сигурност ни нуди Бог!Итно предупредувањеПроучувајќи ги последните три лекции од вкупно девет, кои се однесуваат на тројната ангелска вест од Откровение 14:6-14, ќе откриете некои неверојатни информации. Овие лекции ќе ви ги објаснат (1) улогата на САД во последиот конфликт на земјата, (2) како ќе бидат инволвирани во тие последни настани црквите и светските религии, (3) какви светски настани ќе го забрзаат последниот конфликт на земјата, и (4) за неверојатната стратегија на сатаната, со која ќе измами милиони луѓе.Можеби се прашувате што имаат да кажат протестанските цркви во врска со папското признавање за промената на саботата во недела. Цитатите што ќе имате прилика да ги прочитате на следната страница ќе ви понудат некои шокантни одговори.
12. Одлучив да го празнувам Неговиот седми ден - саботата, како Негов свет ден и да го следам каде и да Тој ме води.
Одговор:
Твоите Прашања Одговорени
1. Што велат другите пастори и проповедници за саботата и неделата?Одговор:Овде имаме неколку коментари од цркви и други извори за саботата:Баптисти: "Постоеше и постои заповед за празнување на саботата, но саботата не е недела.... Ќе се рече, и тоа со сигурност, дека саботата била поместена од седмиот на првиот ден од седмицата.... Каде може да се најде доказ за таквата промена? Сигурно не во Новиот завет. Не постои Библиски доказ дека саботата била поместена од седмиот на првиот ден од седмицата." Dr. Edward T. Hiscox, author of The Baptist Manual, in a paper read before a New York ministers' conference held Nov. 13, 1893.Католици: "Можете да ја читате Библијата од Битие до Откровение, и нема да можете да најдете ниту еден единствен стих, кој укажува на светоста на неделата. Библијата повикува на празнување на саботата, ден кој ние (католиците) никогаш не сме го почитувале." James Cardinal Gibbons, The Faith of Our Fathers, 16th edition, 1880, p. 111.Црква Христова: "Го имаме лично Христовото сведоштво по овој предмет. Во Марко 2:27, Тој вели: "Саботата е воспоставена заради човекот, а не човекот заради саботата." Од овој стих очигледно е дека саботата не била воспоставена само за Израелците, како што Парлеј и Хенгстенберг би сакале да веруваме, туку за човекот ... што значи за целото човештво. Понатаму, заклучуваме дека саботата била посветена уште од самиот почеток, и дека му била дадена на Адама уште во Едем, како една од оние примарни институции што Бог ги воспоставил заради среќата и благословот на сите луѓе." Robert Milligan, Scheme of Redemption, (St. Louis, The Bethany Press, 1962), p. 165.Конгрегационалисти: "Христијанската сабота (недела) не може да се најде во Библијата, и не била нарекувана сабота од првата црква." Dwight's Theology, Vol. 4, p. 401.Епископалци: "Неделата (Dies Solis, од римскиот календар, денот на сонцето, затоа што му била посветена на сонцето), првиот ден од седмицата, беше прифатена како ден за одмор од раните христијани....Во Новиот завет не може да се најде никаква заповед за нејзиното празнување." "Sunday," A Religious Encyclopedia, Vol. 3, (New York, Funk and Wagnalls, 1883) p. 2259.Лутерани: "Празнувањето на Господовиот ден (недела) не може да се најде во ниту една Божја заповед, туку се базира на авторитетот на црквата." Augsburg Confession of Faith, quoted in Catholic Sabbath Manual, Part 2, Chapter 1, Section 10.Методисти: "Размислете за неделата. Во Новиот завет постојат некакви индикации за тоа како се случило црквата да почне да го празнува првиот ден од седмицата, но не постои никаков цитат кој им вели на христијаните да го празнуваат тој ден, или да ја поместат еврејската сабота на тој ден." Harris Franklin Rall, Christian Advocate, July 2, 1942.Мудиев Библиски институт: "Саботата важела во Едем, и е на сила сè оттогаш. Оваа четврта заповед започнува со зборовите 'сети се', што покажува дека кога Бог го напишал законот на две плочи на гората Синај, саботата веќе постоела. Како може некој да тврди дека оваа заповед е укината кога истиот тој признава дека останатите девет се сè уште важечки?" D. L. Moody, Weighed and Wanting, p. 47.Презбитеријанци: "Сè додека не се покаже дека целиот морален закон е укинат, сè дотогаш саботата ќе постои... Христовото учење ја потврдува постојаноста на саботата." T. C. Blake, D.D., Theology Condensed, pp. 474, 475.Пентакосталци: "Зошто ја празнуваме неделата? Зар Библијата не учи дека саботата е Господов ден? ..... Очигледно е дека одговорот треба да го побараме во некои други извори, но не и во Новиот завет." David A. Womack, "Is Sunday the Lord's Day?" The Pentecostal Evangel, Aug. 9, 1959, No. 2361, p. 3.Енциклопедија: "Неделата (Sunday), својот назив го добила од паганите, бидејќи тоа бил денот кога тие го славеле сонцето.... седмиот ден бил благословен и посветен лично од Бога, и .... Тој бара од своите созданија да го празнуваат. Оваа заповед има универзално и постојано значење."Eadie's Biblical Cyclopedia, 1872 ed., p. 561.
Квиз прашања
1. Мнозина веќе го имаат примено жигот на ѕверот. (1)_____ Да. _____ Не.
2. Жигот на ѕверот е (1) _____ Вашиот матичен број. _____ Неделата како свет ден. _____ Кодот од цената на производите.
3. Организацијата на ѕверот што го поседува овој жиг е (1) _____ Обединетите Нации. _____ Папството. _____ Европската Унија. _____ Трилатерален совет.
4. Жигот ќе биде видлив за сите. (1) _____ Да. _____ Не.
5. Бог исто така има знак, печат на Својата моќ и власт. (1)_____ Да. _____ Не.
6. Божјиот знак за власт е (1) _____ Таен број што му се дава на секој верен христијанин. _____ Зборувањето на јазици. _____ Празнувањето на саботата како комеморација на создавањето и посветувањето. _____ Крштевањето.
7. Како се обидел ѕверот да го промени Божјиот закон? (2) . _____ Менувајќи ја саботата (четвртата заповед) во недела. _____ Учејќи дека не е грев да се прави прељуба _____ Отстранувајќи ја заповедта која забранува служење на кипови и идоли.
8. Колку се 42 месеци во библиското пророштво? (1) _____ 420 буквални години. _____ Три и пол буквални години. _____ 1.260 буквални дена. _____ 1.260 буквални години.
9. Каде ќе биде ставен жигот на ѕверот? (2) _____ На раката. _____ На устата. _____ На образот. _____ На челото.
10. Каде ќе биде ставен Божјиот печат?(1) _____ На раката. _____ На челото. _____ На јазикот.
11. Која од трите ангелски вести е предупредување против примањето на жигот на ѕверот? (1) _____ Првата ангелска вест. _____ Втората ангелска вест. _____ Третата ангелска вест.
12. Ѕверот се обидел да ги промени Божјите времиња со (2) _____ Славење на Нова година. _____ Менувајќи го Божјиот свет ден од седмиот на првиот ден во седмицата. _____ Менувајќи го сметањето на времето на Божјиот свет ден од полноќ до полноќ наместо од за�
13. Исус ни дал предупредувачка вест во врска со жигот на ѕверот. (1)_____ Да. _____ Не.
14. Изразите знак, симбол, жиг (печат) се користат наизменично во Библијата. (1)_____ Да. _____ Не.
15. Не постои библиско овластување за празнување на неделата како свет ден. (1)_____ Точно. _____ Неточно.