Bible Universe » Bible Study Guides

separator

Точно на време! Откриени пророчките времиња!

Точно на време! Откриени пророчките времиња!
Врзете ги појасите! Во оваа лекција ќе го откриеме најдолгиот пророчки период во Библијата - пророштво кое совршено го прорекува првото Христово доаѓање на земјата и времето на неговата смрт. Во 16. лекција "Ангелски пораки од вселената", научивме дека Бог има неверојатно важна вест која мора да ја слушне целиот свет, пред Христос да се врати! Во првиот дел од таа вест Бог им заповеда на луѓето да му се поклонуваат и да го слават Него, бидејќи часот на Неговиот суд пристигнал (Откровение 14:7). Во Даниел 8. и 9. глава, Бог го открива датумот на отпочнувањето на Неговиот конечен суд и дава моќни пророчки докази во прилог на тоа дека Христос е Месија. Токму од тие причини ниту едно друго пророштво во Библијата не е со толкаво значење, а сепак малкумина се свесни за тоа! Други пак целосно погрешно го толкуваат. Ве молиме пред да започнете со проучувањето на оваа лекција прочитајте ги најнапред Даниел 8. и 9. глава, и молете се Божјиот Дух да ве води во разбирањето на оваа неверојатна лекција.
Овенот ја претставува Медо-персија.
Овенот ја претставува Медо-персија.

1. Во визија, Даниел гледа овен со два рога кој боде кон запад, север, исток и југ и го победува секој ѕвер што ќе го сретне на пат (Даниел 8:3,4). Што симболизира овој овен?

"Овенот со двата рога што го виде, тоа се мидијскиот цар и персискиот." Даниел 8:20.

Одговор:   Овенот е симбол на тогашното светско Медо-Персиско царство, кое исто така е претставено со мечка во Даниел 7:5. Пророштвата во книгите на Даниел и Откровение го користат принципот на "повторување и проширување", што значи дека ги повторуваат пророштвата запишани во некои од претходните глави на книгата и ги прошируваат. Ваквиот пристап нуди јасност и сигурност на библиските пророштва.

Јарецот ја претставува Грција.
Јарецот ја претставува Грција.

2. Кое страшно животно е следното што ќе го види Даниел?

"А косестиот јарец е царот на Грција, додека големиот рог што се наоѓа меѓу неговите очи, тој е нејзиниот прв цар: тој е здробен и место него излегоа други четири: тоа се четирите царства што ќе се издигнат од тој народ, но не со негова сила." Даниел 8:21,22.

Одговор:   Како следно животно во визијата на Даниел одеднаш се појавува јарец со огромен рог, кој се движи со голема брзина. Тој го напаѓа и го победува овенот. Потоа големиот рог се крши, а на неговото место изникнуваат други четири. Овој јарец го симболизира третото светско царство - Грчко-Македонското, а големиот рог го симболизира Александар Македонски. Четирите рогови кои се појавуваат на местото на големиот рог ги претставуваат четирите царства на коишто се поделува империјата на Александар. Во Даниел 7:6, овие четири царства се претставени со четирите глави на леопардот, кој исто така ја претставува Грција. Овие симболи се толку очигледни што е мошне лесно да се идентификуваат во историјата.

"Малиот" рог од Даниел 8 глава го претставува Рим и како пагански и како папски. Значи малиот рог во ова последно време е папството.

3. Според Даниел 8:8,9, потоа се подига мал рог. Кого го претставува малиот рог?

Одговор:   Малиот рог го претставува Рим. Некои предлагаат дека малиот рог го претставува Антиох Епифаниј, цар, кој владеел со Палестина во вториот век пред Христа, и кој го прекинал еврејскиот систем на богослужение. Други пак, вклучувајќи ги тука повеќето водачи на реформацијата, верувале дека малиот рог го претставува Рим, и пагански и папски. Ајде да ги пронајдеме чистите библиски докази по овој предмет:

A. Во склад со пророчкото правило на "повторување и проширување", силата што овде е претставена мора да е Рим, бидејќи и двете глави (втората и седмата) од книгата на Даниел укажуваат на тоа дека Рим е силата, којашто доаѓа по пропаѓањето на Грчко-Македонското царство. Стиховите во Даниел 7:24-27 исто така го засновуваат и фактот дека Рим во својата папска форма ќе биде надвладеан од Христовото Царство. Малиот рог од Даниел 8. глава целосно се вклопува во сето ова: Следи по Грција и конечно ќе биде уништен на натприроден начин или "ќе биде победен - не со рака", при второто Христово доаѓање. (Спореди Даниел 8:25 со Даниел 2:34.)

Б. Во Даниел 8. глава се вели дека Медо-Персија ќе стане силна (4 стих), Грција - многу силна (8 стих), а малиот рог - посебно силен (9 стих). Од историјата е јасно дека после Грција ниедна друга сила не станала толку моќна како Рим.

В. Рим ја проширил својата моќ кон југ (Египет), кон исток (Македонија) и кон "убавата земја" (Палестина), точно според запишаното пророштво (9 стих). Ниту една поголема сила не се вклопува овде освен Рим.

Г. Само Рим се издигнал против Исуса, "Водачот на таа војска" (11 стих) и "Кнезот над кнезовите" (25 стих). Паганскиот Рим го распнува Исуса. Исто така го урива еврејскиот храм. Папскиот Рим успешно го "урна местото на Неговата светиња" (11 стих) и го "згази под нозе" (13 стих) со тоа што ќе ја промени Исусовата служба на небото со земно свештенство, коешто тврди дека може да простува гревови. Никој освен Бог не може да простува гревови (Лука 5:21). Исто така Исус е нашиот единствен Свештеник и Посредник (1. Тимотеј 2:5).

Силата на малиот рог прогонувал и уништил милиони од Божјите избраници.
Силата на малиот рог прогонувал и уништил милиони од Божјите избраници.

4. Даниел 8 глава нè информира дека силата на малиот рог исто така ќе уништи мнозина од Божјите избраници (стихови 10,24,25) и ќе ја собори вистината на земја (12 стих). Кога еден од светите запрашал до кога ќе бидат газени Божјите избраници и небесното светилиште, каков бил одговорот од небото?

"И ми рече: "Две илјади и триста вечери и утра; и тогаш светилиштето ќе се исчисти." Даниел 8:14.

Одговор:   Одговорот од небото гласел дека небесното светилиште ќе биде исчистено после 2 300 пророчки денови, или 2.300 буквални години. (15 лекција целосно го објаснува пророчкиот принцип ден за година, кој стои запишан во Езекиел 4:6 и Броеви 14:34.) Веќе претходно научивме дека чистењето на земното светилиште во древниот Израел се случувало на денот на Очистувањето.

На тој ден Божјиот народ јасно бил идентификуван како Негов, и се случувало конечно бришење на гревовите. Злите, коишто останале приврзани за своите гревови, биле отстранети од Израел. Така целиот логор бил исчистен од гревот.

Небесата овде му дава сигурност на Даниел дека ќе се заврши дејствувањето на гревот и силата на малиот рог, неговата контрола над светот и прогонството на Божјиот народ. Наместо тоа, по овие 2.300 години ќе настапи Божјиот ден на Очистување, или судот, кога гревот и грешниците ќе бидат идентификувани, а подоцна и засекогаш отстранети од вселената. Така вселената ќе биде исчистена од гревот. Неправдите кон Божјите избраници конечно ќе бидат исправени, и повторно со вселената ќе завладеат мирот и хармонијата од Едем.

Даниел барал помош од Бога за да го разбере пророштвото за 2.300 години.
Даниел барал помош од Бога за да го разбере пророштвото за 2.300 години.

5. Која важна точка постојано ја потенцира ангелот Гаврил?

"Знај сине човечки дека видението се однесува на крајот од времето.". "Еве ти откривам што ќе биде во последните денови на гневот." "Но ти скриј го тоа видение, оти се однесува на далечни времиња." Даниел 8:17, 19, 26, нагласок додаден.

Одговор:   Гаврил постојано истакнува дека визијата од 2.300 денови вклучува настани кои ќе се одигруваат во времето на последните денови, кое што започнало во 1798, како што беше истакнато во 15 лекција. Ангелот сака да разбереме дека ова пророштво најповеќе се однесува на нас, кои живееме во последните денови од историјата на земјата и има посебно значење за денешницата.

Вовед во 9 глава на Даниел
По визијата на Даниел од 8. глава, доаѓа ангелот Гаврил и започнува да му ја објаснува визијата. Кога Гаврил дошол до моментот да му го објасни значењето на 2.300 денови, Даниел колабирал и бил болен некое време. По некое време си ја повратил силата и и се вратил на својата работа, но бил многу загрижен околу оној дел од визијата, кој сè уште не му бил разјаснет. Даниел искрено се молел за својот народ, кој бил под Медо-Персиско ропство. Се покајал за своите гревови и го молел Бога да му прости на народот. Деветата глава на Даниел започнува со искрената молитва на пророкот, исповед и повик кон Бога.

Ве молиме пред да продолжите со проучувањето на оваа лекција да ја прочитате деветата глава на Даниел.

Ангелот Гаврил дошол кај Даниел  за да му го објасни пророштвото за 2.300 години.
Ангелот Гаврил дошол кај Даниел за да му го објасни пророштвото за 2.300 години.

6. Додека Даниел се молел, одненадеж почувствувал допир. Кој бил тоа и каква вест му соопштил (Даниел 9:21-23)?

Одговор:   Ангелот Гаврил дошол кај Даниел за да му го објасни пророштвото за 2.300 години.

Гаврил му ги објаснил на Даниел важните настани, кои ќе се случуваат за време на периодот од 2.300 години.
Гаврил му ги објаснил на Даниел важните настани, кои ќе се случуваат за време на периодот од 2.300 години.

7. Колку од тие 2.300 денови ќе бидат отсечени за Евреите, и за нивниот главен град, Ерусалим (Даниел 9:24)?

Одговор:   За Евреите биле "одредени", или отсечени седумдесет седмици. Седумдесетте пророчки седмици се еднакви на 490 буквални години (70 x 7=490). Божјиот народ наскоро ќе излезе од Медо-Персиското ропство, и Бог ќе отсече 490 години од периодот на 2.300 години давајќи му ги на Својот избран народ, уште една можност да се покајат и да му служат Нему.


8. Кој настан и датум требало да го означи почетокот на периодот од 2.300 денови и пророштвото од 490 години (Даниел 9:25)?

Одговор:   Почетокот го означува декретот на персискиот цар Артаксеркс упатен до Божјиот народ (кој се наоѓал под Медо-Персиско ропство) да се врати во Ерусалим и да започне со реизградба на Ерусалим. Декретот кој се наоѓа во седмата глава на Езра, бил даден во 457 година п.н.е - во седмата година од владеењето на царот (стих 7) - и станала правосилна есента. Артаксеркс започнал со своето владеење во 464 год. п.н.е.

Исусовото крштевање беше прецизно исполнување на Библиското пророштво.
Исусовото крштевање беше прецизно исполнување на Библиското пророштво.

9. Ангелот рекол дека 69 пророчки седмици, или 483 буквални години (69 x 7 = 483), кога се додаваат на 457 година п.н.е. достигаат сè до појавата на Месијата (Даниел 9:25). Дали тоа навистина е така?

Одговор:   Да, навистина! Математичките пресметки покажуваат дека кога на 457 година п.н.е. (есента) ќе се додадат цели 483 години доаѓаме до есента 27 година н.е. Зборот "Месија" значи "помазан" (Јован 1:41). Исус бил помазан со Светиот Дух (Дела 10:38) при Неговото крштевање (Лука 3:21,22). Неговото помазување се случило во 15 година од владеењето на царот Тибериј (Лука 3:1), а тоа било 27 година н.е. Можете ли да си замислите дека ова пророштво било изречено пред цели 500 години!

Потоа Исус започнал да проповеда дека се исполнило времето (укажувајќи на исполнувањето на 483 години, кои се протегале сè до појавата на Месијата). На тој начин Исус јасно го потврдил пророштвото (Марко 1:14,15 Галатјаните 4:4). Така Исус започнал со Својата мисија, јасно укажувајќи на важноста и автентичноста на пророштвото од 2.300 денови. Ова е возбудлив и сензационален
доказ дека:

A. Библијата е вдахновена.

Б. Исус е Месија.

В. Сите преостанати датуми од ова пророштво се валидни. Каква цврста основа на која треба да се гради!

10. Го разгледавме периодот од 483 години како дел од пророштвото од 490 години. Ни остана уште една пророчка седмица или седум буквални години (Даниел 9:26,27). Што следува потоа? Кога ќе се случи то

10. Го разгледавме периодот од 483 години како дел од пророштвото од 490 години. Ни остана уште една пророчка седмица или седум буквални години (Даниел 9:26,27). Што следува потоа? Кога ќе се случи тоа?

Одговор:   Исус во средината од седмицата ќе биде предаден на смрт, што всушност значи три и пол години по Неговото помазание, што паѓа пролетта 31 година од н.е. Забележете како е запишан овој текст во 26 стих: "И по шеесет и двете седмици Христос ќе биде предаден на смрт, но не за себеси."

Не, слава на Бога, кога Исус беше предаден на смрт, Тој не умре за себе. Тој "којшто не згреши" (1. Петрово 2:22) беше распнат за нашите гревови (1. Коринтјаните 15:3 Исаија 53:5). Исусовиот бесценет живот драговолно и од љубов беше понуден, за да нè спаси од гревот. Алилуја, каков Спасител! Исусовата откупителна жртва е основната мисла во Даниел 8. и 9. глава.

Апостолите им проповедале на мноштво Евреи.
Апостолите им проповедале на мноштво Евреи.

11. Заради тоа што Исус умрел по три и пол години, тогаш како можел да "го потврди заветот за мнозина" во последните седум години, како што стои запишано во пророштвото во Даниел 9:27?

Одговор:   Заветот е Неговиот благословен договор да ги спаси луѓето од гревот (Евреите 10:16,17). Откако Неговата служба од три и пол години завршила, Исус го потврдил заветот преку Своите апостоли (Евреите 2:3). Најнапред ги испратил да им проповедаат на Евреите (Матеј 10:5,6), бидејќи на Неговиот избран народ му преостанале уште три и пол години можност да се покае, од оние 490 години.

По каменувањето на Стефан, апостолите започнале да им проповедаат и на незнабошците.
По каменувањето на Стефан, апостолите започнале да им проповедаат и на незнабошците.

12. Што сториле апостолите кога периодот на последната можност за покајание на Евреите од 490 години завршил есента 34 година од н.е.?

Одговор:   Тие започнале да им го проповедаат евангелието на останатите народи и нации во светот (Дела 13:46). Стефан, верниот ѓакон, бил јавно каменуван 34 година од н.е. Оттогаш па понатаму Евреите, поради тоа што го отфрлиле Христа и Божјиот план, престанале да бидат избран Божји народ. Наместо нив, Бог денес како Свој народ ги смета сите оние што ќе Го прифатат и ќе му служат како духовни Евреи. Тие стануваат Негов избран народ - наследници по ветувањето. Во духовни Евреи секако се вбројуваат и оние Евреи од еврејската нација кои ќе го прифатат Христа (Галатјаните 3:27-29; Римјаните 2:28,29).

Божјиот истражен суд се одвива во присуство на мноштво ангели.
Божјиот истражен суд се одвива во присуство на мноштво ангели.

13. Колку години од пророштвото за 2.300 години преостанале по 34 година од н.е? Кога завршува ова пророштво? Според ангелот, што ќе се случи на тој ден (Даниел 8:14)?

Одговор:   Останале уште 1810 години (2.300 - 490=1.810). Ова пророштво завршува во 1844 година (34+1810=1844). Ангелот рекол дека тогаш ќе биде исчистено небесното светилиште, или со други зборови ќе отпочне небесниот суд. (земното светилиште било уништено во 70 година по Христа.) Од минатата лекција видовме дека денот на очистувањето т.е. на небесниот суд бил определен за во последното време. Сега знаеме дека почетниот ден на судот е во 1844 година. Лично Бог го поставил овој ден. Овој ден е исто толку сигурен како што беше и 27 година од н.е. како година кога Исус бил помазан за Месија. Божјиот народ што живее во ова последно време мора да го објави почетокот на судот (Откровение 14:6,7). Ќе бидете воодушевени и благодарни да ги научите деталите што се однесуваат на судот во наредната лекција. Во времето на Ное, Бог објавил дека судот ќе настапи за време од 120 години (Битие 6:3) - така и се случило. Божјиот финален суд веќе трае почнувајќи од 1844 година.

Значењето на помирувањето
Оригиналното значење на англискиот збор "atonement" е всушност "at-one-ment" а тоа значи да се биде едно, да се сложиш. Тоа всушност значи единство. На почетокот совршена хармонија владеела во целиот универзум. Тогаш Луцифер, еден брилијантен небесен ангел (со кого што подетално се запознавме во втората лекција), го предизвикал Бога и Неговите принипи на владеење. Една третина од сите небесни ангели му се приклучиле на сатаната во неговиот бунт против Бога (Откровение 12:3,4,7-9).

Овој бунт против Бога и неговите принципи на љубов Библијата го ословува како грев (Исаија 53:6 1. Јованово 3:4). Ваквиот бунт носи главоболки, збрка, трагедии, разочарувања, грижи, страдања и зло од секаков вид. Најлошо од сè е тоа што плата за гревот е смрт (Римјаните 6:23) - и тоа смрт од која нема враќање - смрт во огненото езеро (Откровение 21:8). Гревот се шири многу брзо и е позаразен од било каков вид рак. Целокупната вселена ја става во опасност.

Така Бог ги исфрлил Луцифер и неговите ангели од небото (Откровение 12:7-9), и Луцифер добил ново име - сатана што во превод значи противник. Неговите ангели се нарекуваат демони. Сатаната ги измамил Адам и Ева, па така гревот преминал на целиот свет. Каква страшна трагедија! Уништувачкиот конфликт помеѓу доброто и злото започнал, и се чинело дека злото победувало. Ситуацијата изгледала безнадежно.

Но Не! Исус, Божјиот Син кој е исто така божествена личност, а Кој се изедначил и станал еднаков како и сите други луѓе на земјата, прифатил да го жртвува Својот сопствен живот за да ја плати смртната казна за секој грешник (1. Коринтјаните 5:7). Прифаќајќи ја Неговата жртва, грешниците се ослободуваат од вината за гревот (Римјаните 3:25).Овој величествен план вклучува и навлегување на Исуса во срцето и животот на оној што ќе го покани (Римјаните 3:20) и негова коренита промена создавајќи од него целосно нова личност (2 Коринтјаните 5:17). Со оваа жртва Исус обезбедил сила да му се спротивставиме на сатаната и да може секоја обратена личност да биде повторно обновена во Божјиот лик, во кој и сме биле создадени (Битие 1:26,27 Римјаните 8:29).

Оваа благословена понуда за откуп вклучува план според кој гревот треба да се изолира и уништи - вклучувајќи ги сатаната и неговите ангели, заедно со сите оние кои се приклучуле во неговиот бунт. (Матеј 25:41 Откровение 21:8). Сите на земјата ќе можат да слушнат за Исуса и за Неговото владеење од една страна и за сатаната и неговото ѓаволско диктаторство од друга страна и ќе имаат можност да донесат одлука да застанат, или на страната на Христа, или пак на страната на сатаната (Матеј 24:14 Откровение 14:6,7).

На небесниот суд ќе биде разгледан случајот на секој што живеел на земјата (Римјаните 14:10-12), и Бог ќе го почитува сечиј избор, било да ја заземе страната на Христа, или на сатаната (Откровение 22:11, 12). Конечно откако гревот е отстранет, Божјиот план вклучува и создавање на ново небо и нова земја (2. Петрово 3:13 Исаија 65:17), каде што нема да има повеќе грев (Наум 1:9), и која ќе им припадне на спасените за сета вечност (Откровение 21:1-5). Тогаш Синот и Отецот засекогаш ќе живеат во радост и хармонија со својот народ.

Сето ова има свој дел во помирувањето Бог ни укажал на тоа преку Својата Реч и ни го демонстрирал преку службата во старозаветното светилиште, посебно преку денот на помирувањето. Исус е клучот на помирувањето. Сето тоа е возможно поради Неговата жртва на крстот. Оттргнувањето на гревот од нашите животи и од целокупната вселена е можно само преку Него (Дела 4:12). Токму затоа тројната ангелската вест нè повикува сите да му служиме Нему (Откровение 14:6, 7).

Зошто некој би го отсекол овој важен дел од ова пророштво?
Зошто некој би го отсекол овој важен дел од ова пророштво?

14. Зошто некои библиски интерпретатори последната седмица (или седумте години) од периодот од 490 години, кој се однесува на еврејската нација, го поврзуваат со работата на Антихристот во последните денови од историјата на земјата?

Одговор:   Ова е добро прашање - Зошто некој би ги отстранил последните седум години од ова пророштво, кои се однесуваат на еврејската нација и би ги поставил на крајот од историјата?

Ајде да ги разгледаме фактите:

A. Нема никакво насетување или доказ дека има било каков прекин во било кој дел од ова пророштво. Тоа е постојано, како што биле постојани и 70 години на прогонство на Божјиот народ споменати во Даниел 9:2.

Б. Никогаш во Писмото некој одреден број на временски единици (денови, седмици, месеци, години) кои сочинувале временски период не значеле нешто друго освен постојани временски единици. Тежината на доказот лежи врз оние, кои тврдат дека било кој дел од било какво пророчко време би бил отсечен и префрлен некаде во некое друго време.

В. 27 година од н.е. (годината на Исусовото крштавање) го означува почетокот на на последните седум години од ова пророштво, кои Исус ги потенцирал веднаш на почетокот од својата мисија велејќи: "Времето се исполни" Марко 1:15.

Г. Во моментите кога умирал на крстот пролетта 31 година, Исус извикал: Се сврши. Спасителот овде јасно укажува на пророштвата за Неговата смрт запишани во Даниел 9. глава, како што се:

1. Месијата ќе биде "погубен" или распнат (стих 26).

2. Тој ќе направи да "прекратат жртвата и приносот", со тоа што ќе умре како вистинско Божјо Јагне (стих 27 1. Коринтјаните 5:7 15:3).

3. Тој ќе го "покрие беззаконието" (стих 24).

Не постои никаков библиски авторитет или доказ за отсекување на последната седмица, или седумте години, од пророштвото од 490 години, кое им било одредено на Евреите и нивно поврзување со работата на Антихристот во последното време. Она што е уште посериозно, е фактот што таквото отцепување на последните седум години го нарушува вистинското значење на многу други пророштва од книгата на пророк Даниел и книгата на Откровение и ги прави неразбирливи за луѓето. Токму затоа, Бог забранува индивидуално толкување на пророштвата, како што е оваа теорија за отсекување на последните седум години од пророштвото за 490 години. Таквите толкувања секогаш ги водат луѓето во погрешна насока.


15. Јас ја прифаќам откупителната Христова жртва која била приложена и за мене и Него го поканувам да влезе во мојот живот, да ме исчисти и да направи од мене ново создание.

Одговор:   


Твоите Прашања Одговорени

1. Силата на малиот рог се појавува и во Даниел 7. и во Даниел 8. Дали станува збор за истата сила и во двете глави?


Силата на малиот рог во Даниел 7 глава го симболизира папството. Силата на малиот рог во Даниел 8. глава ги симболизира и паганскиот и папскиот Рим.

2. Изразот 2.300 денови во Даниел 8:14 на еврејски буквално се преведува како 2.300 вечери и утра. Дали ова значи дека станува збор за 1.150 денови како што велат некои?


Не, Библијата во Битие 1:5,8,13,19,23,31 јасно покажува дека изразот вечер и утро е еднаков на еден цел ден. Не постои никаков историски настан што би кореспондирал со завршетокот на 1.150 денови.

3. Каква улога има "изборот" во христијанскиот живот?


Тоа е главниот клуч до успехот. Онака, како делува Бог, секогаш вклучува слободен избор (Исус Навин 24:15). Иако Тој сака да ги спаси сите (1. Тимотеј 2:3,4), Тој сепак дозволува слободен избор (Второзаконие 30:19). Бог му дозволил на сатаната да избере да се побуни против Него. Тој исто така им дозволил слобода на изборот и на Адам и Ева. Праведноста не е нешто што по некаков автоматизам ме спасува, без оглед на тоа како живеам, па дури и во случај да не сакам да се спасам. Изборот значи дека секогаш слободно можам да го променам своето мислење. Исус сака да го изберам Него (Матеј 11:28-30) и тој избор да го обновувам секој ден (Псалм 86:3). Доколку секојдневно го избирам Него, Тој ќе ме промени и ќе ме направи да личам на Него и сигурно ќе ме поведе со Себе во Неговото благословено царство. Но ве молам запомнете, дека секогаш сум слободен да го сменам својот курс. Бог не присилува. Затоа мојот секојдневен избор да Му служам треба да биде на прво место.

4. Мнозина веруваат дека царот Антиох Епифаниј е силата на малиот рог од Даниел 8. глава. Како можеме со сигурност да знаеме дека ова не е вистинито?


Постојат повеќе причини. Еве неколку од нив:

A. Антиох Епифаниј никогаш не станал толку моќен, како што вели пророштвото (Даниел 8:9).

Б. Тој не владеел кон крајот на царството на Селеук, како што тоа го вели пророштвото, (Даниел 8:23) туку некаде кон средината.

В. Оние, кои учат дека Антиох Епифаниј е малиот рог, сметаат дека 2.300 денови се буквални денови наместо пророчки. Овој буквален временски период од нешто повеќе од шест години нема никаква поважна употреба во Даниел 8. глава. Сите обиди овој буквален временски период да се поврзе со Антиох Епифаниј пропаднале, што навистина е срамно за неговите поддржувачи.

Г. Малиот рог сè уште постои во времето на крајот (Даниел 8:12,17,19), додека Антиох Епифаниј починал во 164 година п.н.е.

Д. Малиот рог требало многу да нарасне кон југ, исток и кон Палестина (Даниел 8:9). Иако Антиох Епифаниј владеел со Палестина некое време, тој сепак немал никаков успех во Египет (југ) и Македонија (исток).

Е. Малиот рог го разурнува Светото Место - Божјото светилиште (Даниел 8:11). Антиох Епифаниј не го уништил храмот во Ерусалим. Вистина е дека го осквернал, но тој бил уништен од Рим во 70 година од н.е. Ниту пак го разурнал Ерусалим, како што тоа го вели пророштвото (Даниел 9:26).

Е. Христос, мерзоста (грозноста) на запустувањето од Даниел 9:26 и 27, не го поврзува со злоделата на Антиох Епифаниј во 167 година п.н.е, туку во блиската иднина (за време на Неговата генерација) кога римската армија ќе го уништи Ерусалим заедно со храмот во 70 година од н.е (Лука 21:20-24). Во Матеј 24:15, Исус го споменува пророкот Даниел и вели дека неговото предвидување во Даниел 9:26,27 ќе се исполни, кога христијаните ќе видат (во иднина) како грозноста на запустувањето стои во светилиштето во Ерусалим. Ова е премногу јасно за да не се разбере.

Ж. Исус, разурнувањето на Ерусалим го поврзува со последното одбивање на Израел да го прифати како Цар и Спасител (Матеј 21:33-43 Лука 19:41-44). Оваа врска на отфрлањето на Месијата и на разурнувањето на градот и храмот е клучната порака во Даниел 9:26,27. Тоа е порака, која ги најавува последиците на постојаното одбивање на Израел да го прифати Месијата - дури и по истекувањето на времето на милоста од 490 години. Да се поврзе ова пророштво со Антиох Епифаниј, кој починал 164 година п.н.е., долго пред Исусовото раѓање, значи целосно нарушување на значењето на осмата и деветата глава од книгата на пророкот Даниел - каде што е запишано најважното пророштво во Библијата.


Квиз прашања

1. Овенот од Даниел 8 глава го симболизира (1)


_____   Вавилон.
_____   Медо - Персија.
_____   Грција.
_____   Рим.

2. Кого го претставува јарецот од Даниел 8 глава? (1)


_____   Египет.
_____   Палестина.
_____   Грција.
_____   Асирија.

3. Силата на малиот рог од Даниел 8. глава го претставува (1)


_____   Антиох Епифаниј.
_____   Рим, во својата паганска и папска форма.
_____   Атеизмот.
_____   Ирак.

4. Денот на очистувањето во стариот Израел бил ден на судот. (1)


_____   Да.
_____   Не.

5. Колку од 2.300-те години биле одредени за Евреите? (1)


_____   490 години.
_____   700 години.
_____   1810 години.
_____   100 години

6. Во библиските пророштва, еден пророчки ден е еднаков на една буквална година. (1)


_____   Да.
_____   Не.

7. Во пророштвото од 2.300 години проречено било (цели 500 години пред да се случи) дека Месијата ќе се појави во 27 година од н.е. Тој се појавил точно на време. Ова докажува дека (3)


_____   Библијата е вдахновена.
_____   Ангелот Гаврил случајно погодил.
_____   Сите останати датуми од ова пророштво се автентични.
_____   Исус е Месија.

8. Што направиле учениците откако завршил периодот од 490 години, кои и биле одредени на еврејската нација? (1)


_____   Почнале да им проповедаат на луѓе од други нации.
_____   Отишле на подолг одмор.
_____   Проповедале дека после 34 година од н.е не може да се спаси ниту еден Евреин.

9. Според пророштвото од 2.300 години во Даниел 8. и 9. глава, што се случило во 1844 година? (1)


_____   Започнал небесниот суд.
_____   Завршило времето на милост за еврејската нација.
_____   Исус се вознел на небото.
_____   Бог го завршил времето на милост за сите луѓе.

10. Небесниот ден на очистувањето, ќе ја доведе целата вселена во целосна хармонија со Бога. Која од следниве изјави е вистинита во врска со некои поединости на овој настан? (10)


_____   Исус се жртвува за нас, за да ја плати платата за гревот.
_____   Исус нè ослободува од вината за гревот.
_____   Исус нè менува и потполно нè обновува.
_____   Исус повторно ни го враќа Божјиот лик.
_____   Во небесната судница Бог му оддава почит секому, кој донел одлука да му служи било на Хр�
_____   Секој поединец на земјата ќе биде целосно информиран за планот на сатаната за уништува�
_____   Гревот, сатаната и грешниците ќе бидат изолирани и уништени.
_____   Бог создава ново небо и нова земја за Својот народ, за да живее со него.
_____   Никогаш повеќе нема да се појави грев.
_____   Откупувањето се случува благодарејќи на Христовата жртва на Голгота.
_____   Сатаната и неговите ангели ќе се обратат и ќе бидат спасени.

11. Нема никаков библиски доказ за оттргнување на последната седмица или седумте години од периодот од 490 години, кој се однесува на Евреите и нивно поврзување со работата на Антихристот во последното време од земната историја. (1)


_____   Точно.
_____   Неточно.

12. Во 34 година од н.е. (3)


_____   Завршило времето на милоста за Евреите како избран Божји народ.
_____   Апостолите започнале да им проповедаат на останатите народи и нации.
_____   Стефан, праведниот ѓакон, бил каменуван.
_____   Започнал небесниот суд.

13. Периодот од 2.300 денови започнал во (1)


_____   34 н.е.
_____   1944
_____   1491 п.н.е.
_____   457 п.н.е.

14. Пророштвата од книгите на Даниел и Откровение се однесуваат пред сè за нас и за нашето време. (1)


_____   Да.
_____   Не.

Free Bible School

Bible School
Enroll in our Free Online Bible School Today!
Start your first lesson now!


Christian Hymns



Freebie!

Ultimate Resource
Request your free book, Ultimate Resource, today and learn how to study the Bible
Get It Now!


Back To Top