1. Дали Исус ќе дојде по втор пат на земјата? Можеме ли да бидеме сигурни во тоа?
"Христос ...... ќе се јави вторпат." Евреите 9:28. "А кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам." Јован 14:3.
Одговор: Да! Во Матеј 26:64, Исус се заветил дека повторно ќе се врати на земјава. Бидејќи писмото не може да се наруши (Јован 10:35), ова е сигурно. Верувајте токму онака како што пишува. Тоа е лична гаранција од Христа.
2. Какво ќе биде Неговото второ доаѓање?
"И велејќи го тоа, се вознесе пред нивните очи, и облак Го зеде од пред нивните погледи. И додека гледаа настојчиво кон небото, додека Тој си заминуваше, ете двајца мажи во бела облека застанаа крај нив и им рекоа: Мажи, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото? Овој Исус Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде така како што Го видовте да оди на небото." Дела 1:9-11.
Одговор: Библијата ветува дека Исус ќе се врати на земјата на истиот начин како и при Неговото вознесување - на видлив, дословен, телесен и личен начин. Во Матеј 24:30 се вели: "Ќе го видат Синот Човечки како доаѓа на небесните облаци, со сила и со голема слава." Тој буквално ќе дојде на облаците, како и секое човечко суштество во тело од месо и коски (Лука 24:36-43:50,51), и Неговото доаѓање ќе биде видливо. Библијата е јасна по овој предмет.
3. Дали второто Христово доаѓање ќе биде видливо за сите или само за одредена група на луѓе?
"Ете, доаѓа со облаците и ќе Го види секое око." Откровение 1:7. "Зашто, како што молњата излегува од исток и свети до запад, такво ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки." Матеј 24:17.
Одговор: Секој маж, жена и дете што ќе се затекнат живи ќе го видат Исуса при Неговото второ доаѓање. Запрепастувачката тројна светлина (Лука 9:26) при Неговото доаѓање ќе се протега од едниот до другиот крај на хоризонтот, а атмосферата ќе биде наелектризирана од прекрасната слава во вид на молња. Никој нема да може да се сокрие. Секоја жива душа ќе мора да се соочи со Исуса. Исус не ни оставил никаква празнина за двоумење и погрешно разбирање по овој предмет. Забелешка: Она што денес е толку распространето и се верува за некакво си тајно грабнување на светите од земјата, не може да се најде во Библијата. Тоа е обична човечка измислица. Ниту пак Христовото второ доаѓање е некакво духовно доаѓање во срцата на луѓето при нивното обратување. Не се случува ниту кога човекот умира, ниту пак е фигуративно - дека ќе се манифестира со подобри услови во светот. Ваквите теории потекнуваат од човекот. Второто доаѓање ќе биде буквално, видливо за секое око, и лично Исус ќе се појави на облаците за да му стави крај на овој свет и да ја донесе отплатата како за злите така и за праведните.
4. Кој ќе дојде со Исуса при Неговото второ доаѓање, и зошто?
"Кога Синот Човечки ќе дојде во Својата слава и сите ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата." Матеј 25:31.
Одговор: Со Исуса при Неговото второ доаѓање ќе дојдат сите небесни ангели. Со приближувањето на облакот кон земјата, Исус ќе ги испрати Своите ангели и тие во миг ќе ги соберат сите праведници, подготвувајќи се за патување кон небото (Матеј 24:31).
5. Која е целта на Исусовото второ доаѓање на земјата?
"Ете, доаѓам скоро, и наградата Моја е со Мене, за да му дадам секому според неговите дела!" Откровение 22:12. "Пак ќе дојдам и ќе ве земам кај Себе, за да бидете и вие таму каде што Сум Јас." Јован 14:3. "И да Го испрати Исус, Претскажаниот за вас Христос, Кого небото треба да Го прими до времето кога ќе биде обновено сè." Дела 3:20,21
Одговор: Исус повторно ќе дојде на земјата за да им ја донесе наградата на Своите, токму како што им ветил и да ги поведе со себе во прекрасниот небесен дом што им го приготвил. Тој ќе ги обнови сите убавини и радости од Едем кои Адам и Ева со падот во грев ги загубиле. Неговото второ доаѓање ќе го означи крајот на владеењето на злото.
6. Што ќе се случи со праведниците кога Исус ќе дојде по втор пат?
"Зашто Самиот Господ ќе слезе од небото.....и мртвите во Христос ќе воскреснат први. Потоа ние живите кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, за да Го сретнеме Господ во воздухот; и така засекогаш ќе бидеме со Господа." 1. Солунјаните 4:16,17. "Сите ќе се измениме,....и мртвите ќе воскреснат нераспадливи. Зашто... ова смртното мора да се облече во бесмртност." 1. Коринтјаните 15:51-53. "Го очекуваме Спасителот Господ Исус Христос, Кој ќе го преобрази нашето понижено тело - да се сообрази со Неговото славно тело." Филипјаните 3:20,21.
Одговор: Праведните мртви ќе воскреснат од своите гробови, ќе добијат совршени, бесмртни тела како Христовото и ќе бидат грабнати на облаците во пресрет на Господа. Потоа и на живите праведни исто така ќе им бидат дадени тела како Христовото и ќе бидат грабнати во облаците за да се сретнат со Господа. Исус ќе ги земе на небо праведните за да бидат со Него. Забележете дека Исус нема да ја допре земјата при Своето второ доаѓање. Светите се сретнуваат со него "во воздухот". Значи Божјиот народ ќе ги игнорира вестите дека Исус пристигнал во Скопје, Берлин, Њујорк, итн. Ќе се појават лажни христоси и ќе прават чуда на земјата (Матеј 24:23-27), но Исус ќе остане на облаците не допирајќи ја земјата при второто доаѓање.
7. Што ќе се случи со злите при второто Христово доаѓање?
"Со дишењето на устата Своја ќе ги убие злите" Исаија 11:4. "А во оној ден ќе има поразени од Господа од едниот крај на земјата до другиот" Еремија 25:33.
Одговор: Злите ќе бидат поразени од Исуса.
8. Какво влијание ќе има второто Христово доаѓање врз самата планета Земја?
"И настана голем земјотрес, каков што никогаш не бил откако постојат луѓе на земјата; толку голем и толку силен земјотрес." "И сите острови исчезнаа, и горите веќе не се најдоа" Откровение16:18,20. "Гледам: ете, плодното поле запусте, Господ ги разурна сите градови со жестокоста на Својот гнев" Еремија 4:26. "Ете, Господ ја опустошува земјата и ја прави неплодна." "Земјата е опустошена до крај и сосема разграбена" Исаија 24:1,3
Одговор: Земјата ќе биде зафатена со голем земјотрес при второто Христово доаѓање. Овој земјотрес ќе биде со таков интензитет и природа така што светот ќе биде оставен во состојба на целосно уништување.
9. Дали Библијата ни дава конкретни информации околу наближувањето на тој настан - второто Христово доаѓање?
Одговор: Да. Исус рекол: "Така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека е близу, на прагот е!" Матеј 24:33. Господ поставил знаци во текот на целиот временски период од Неговото вознесение па се до Неговото повторно доаѓање. Тие се набројани подолу. Проучете ги внимателно.A. Уништувањето на ЕрусалимПророштво: "Нема да остане тука ниту камен на камен што не ќе биде урнат." "Тогаш жителите на Јудеја нека бегаат по горите." Матеј 24:2,16.Исполнување: Ерусалим бил уништен во 70 година по Христа од римскиот водач Тит.Б. Големи прогонства, и страдања.Пророштво: "Зашто тогаш ќе има големо страдање, какво што не било од создавањето на светот досега, ниту пак ќе биде." Матеј 24:21.Исполнување: Ова пророштво примарно се однесува на долгиот период на прогонства за време на мрачниот среден век, коешто беше спроведено од страна на отпаднатата црква. Траело повеќе од 1000 години. Повеќе од 50 милиони христијани биле погубени во тоа страшно време само затоа што не сакале да се откажат од својата вера. Еден писател напишал дека отпаднатата црква "пролеала повеќе невина крв отколку било која друга институција која некогаш постоела во светот." History of the Rise and Influence of the Spirit of Rationalism in Europe, (Reprint New York: Braziller, 1955) Vol. 2, pp. 40-45.В. Затемнување на сонцетоПророштво: Веднаш по страдањата во тие денови, сонцето ќе потемни. Матеј 24:29.Исполнување: Ова се исполнило на 19 мај 1780 година кога имало натприродно затемнување на сонцето. Не станува збор за вообичаено затемнување. Тимоти Двајт вели: "19 мај 1780 беше невообичаено мрачен ден. Во многу куќи беа запалени свеќи птиците замолкнаа и исчезнаа, живината отиде на спиење... Преовладуваше општо мислење дека пристигнал судниот ден." Цитирано во Connecticut Historical Collections, compiled by John Warner Barber (2nd ed. New Haven: Durrie & Peck and J.W. Barber, 1836) p. 403.Г. Месечината ќе се претвори во крв.Пророштво: "Сонцето ќе се преобрати во темнина, а месечината - во крв, пред да настапи денот Господен, великиот и страшниот." Јоил 2:31.Исполнување: Месечината поцрвенела како крв ноќта на мрачниот ден на 19 мај 1780. Мило Бостик во Stone's History of Massachusetts вели: "Месечината која тогаш беше целосно исполнета, изгледаше црвена како крв."Д. Ѕвезди ќе паѓаат од небото.Пророштво: "Ѕвездите ќе паѓаат од небото." Матеј 24:29.Исполнување: Големиот метеорски дожд се случил на 13 ноември 1833 година. Таа ноќ била толку светла што можел да се чита и весник на улица. Еден писател напишал: "Скоро четири часа небото беше целосно осветлено."* Луѓето мислеле дека дошол крајот на светот. Ова е навистина фасцинантен знак за Христовото повторно доаѓање.*Peter A. Millman, "The Falling of the Stars," The Telescope, 7 (May-June, 1940) 57.Ѓ. Исус доаѓа на облаците.Пророштво: "Е тогаш на небото ќе се јави знакот на Синот Човечки. Тогаш ќе проплачат сите племиња на земјата и ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на небесните облаци, со сила и со голема слава." Матеј 24:30.Исполнување: Ова е следниот голем настан. Дали си подготвен?
10. Како ќе знаеме дека сме стигнале до последните денови од постоењето на светот? Дали Библијата ја објаснува состојбата во светот и помеѓу луѓето на последната генерација?
11. Колку е близу второто Христово доаѓање?
"А од смоквата научете ја поуката! Кога нејзината гранка ќе смекне и ќе потераат лисја, знаете дека летото е близу. Така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека е близу, на прагот е! Вистина ви велам, ова поколение нема да мине додека не се збидне сето тоа." Матеј 24:32-34
Одговор: Библијата е многу јасна и точно одредена по ова прашање. Скоро сите знаци веќе се исполниле. Не можеме да го знаеме точниот датум или час на Христовото доаѓање (Матеј 24:36), но можеме да бидеме сигурни дека ние сме генерацијата која ќе го доживее тој голем настан. Господ ветил дека ќе ја забрза работата и брзо ќе го заврши делото на оваа земја (Римјаните 9:28). Христос доаѓа многу скоро за да си го прибере Својот народ. Дали си подготвен?
12. Сатаната шири многу лаги во врска со второто Хрстово доаѓање, и со лажни чуда и знаци, ќе прелаже мнозина. Како можам да бидам сигурен дека нема да бидам измамен?
"Тоа се демонски духови кои прават чуда." Откровение 16:14. "И ќе прават големи знаци и чуда, за да ги заведат, ако е можно, и избраните." Матеј 24:24. "Допрашајте се до законот и сведоштвата! Ако не зборуваат според ова слово, нема светлина во нив." Исаија 8:20.
Одговор: Сатаната измислил многу лажни учења за второто Христово доаѓање и мнозина мами со тоа што ги тера да веруваат дека Христос веќе дошол или пак дека ќе дојде на некој невообичаен начин, каков што не е забележан во Библијата. Но Христос нè предупредил за ваквата сатанска стратегија, велејќи: "Гледајте да не ве заведе некој" Матеј 24:4. Потоа ги обелоденува сатанските планови и лаги за да бидеме свесни за тоа, и нè потсетува: "Ете, ви кажав однапред!" Матеј 24:25. Како на пример, Исус јасно кажал дека Тој нема да се појави во пустина или тајно во некоја соба (26 стих). Нема причина да бидеме измамени ако научиме што вели Библијата за второто Христово доаѓање. Оние што знаат што вели Библијата по ова прашање, нема да бидат измамени од сатаната. Останатите кои не поседуваат такво знаење за жал ќе бидат измамени.
13. Како можам да бидам сигурен дека сум подготвен кога Исус ќе се врати Исус?
"Оној кој доаѓа при Мене нема да го исфрлам." Јован 6:37. "А на сите кои Го примија, им даде власт да станат Божји деца." Јован 1:12. "Ќе ги вложам Своите закони во нивниот ум, и ќе ги напишам во нивните срца." Евреите 8:10. "Но фала му на Бога, кој ни даде победа преку нашиот Господ Исус Христос." 1. Коринтјаните 15:57.
Одговор: Исус вели: "Еве, стојам пред вратата (оваа врата го претставува човековиот ум т.е. срце) и чукам; ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него и тој со Мене" Откровение 3:20. Преку Светиот Дух и мојата совест Исус чука и ме моли ако може да влезе во моето срце за да го промени мојот живот. Доколку безрезервно го обратам својот живот кон Него, Тој ќе ги избрише сите мои гревови од минатото (Римјаните 3:25) и ќе ми даде сила да живеам свет живот (Јован 1:12). Како бесплатен дар, ми го дава Својот праведен карактер за да можам без страв да стојам пред Светиот Бог, затоа што сега мојот живот е нов во Христа. Тогаш исполнувањето на Неговата волја станува задоволство. Ова е толку едноставно што дури многумина се сомневаат во неговата реалност. Но тоа е вистинито. Јас треба едноставно да му го предадам својот живот на Исуса и да му дозволам да живее во мене. А Неговиот дел е да направи чудо со мојот живот и да ме подготви за Неговото повторно доаѓање. Тоа е бесплатен дар, потребно е само да го прифатам.
14. За каква голема опасност предупредува Христос?
"Затоа и вие бидете подготвени, зашто Синот Човечки ќе дојде во час кога не се надевате." Матеј 24:44. "Туку, вардете се, вашите срца да не бидат обременети со ненаситност, со пијанство и со грижи за животот, за да не ви дојде ненадејно тој ден." Лука 21:34. "Како што беше во Ноевите денови, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки." Матеј 24:37.
Одговор: Постои голема опасност од преголема оптовареност со грижите на овој свет или од преголема инволвираност во грешни задоволства така што Господовото доаѓање може да дојде на нас како потопот во времето на Ное, ќе бидеме изненадени, неподготвени и загубени. Ова ќе биде искуство на милиони. Какво ќе биде твоето? Исус ќе дојде многу многу скоро - во наше време. Дали си подготвен? Ништо друго не е поважно од тоа!
15. Јас планирам да бидам подготвен кога ќе се врати Исус.
Одговор:
Твоите Прашања Одговорени
1. Дали времето на големите неволји е сè уште пред нас?Вистина е дека големите неволји ќе надојдат врз планетата непосредно пред Исусовото доаѓање. Даниел ова го објаснува со зборовите "време тешко, какво што немало откако постојат луѓето" Даниел 12:1. Иако станува збор за неволји од минатото сепак во контекст на ова може да се каже и следнава мисла: големите неволји од Матеј 24:21 се однесуваат на страшните прогонства на Божјиот народ за време на мрачниот век кога милиони луѓе ги загубиле своите животи заради својата вера.
2. Со оглед на тоа што Господ доаѓа "како крадец во ноќта," како воопшто ќе дознае некој за тој настан?Одговорот се наоѓа во 1. Солунјаните 5:2-4: "Зашто самите вие добро знаете дека Господовиот ден ќе дојде како крадец во ноќта. Кога ќе речат: "мир и безбедност", тогаш ненадејно ќе падне погибел врз нив, како породилни маки врз бремена жена, и не ќе можат да избегаат. Но вие, браќа, не сте во темнина, та тој ден да ве затекне како крадец." Дали забележувате дека Господовиот Ден доаѓа како крадец за оние што не се подготвени, но не и за оние што се наречени "браќа".
3. Кога Исус ќе го воспостави Своето царство на земјата?По периодот од 1 000 години од Откровение 20. Овој период започнува со второто Христово доаѓање, кога Исус ќе ги земе праведните со себе на небо каде што тие ќе живеат и владеат со него за “1 000 години.” Откровение 20:4. На крајот од овој период Светиот Град - Новиот Ерусалим (Откровение 21:2) се спушта од небото на земјата со сите свети во него (Захарија 14:1,4,5), а злите од сите векови воскреснуваат (Откровение 20:5). Тие го опкружуваат градот со цел да го освојат (Откровение 20:9), тогаш оган паѓа од небото од Господа и ги спалува. Огнот ја прочистува земјата и ги гори сите остатоци од гревот и грешниците (2. Петрово 3:10). Конечно огнот ќе престане (Исаија 47:14), оставајќи само пепел зад себе (Малахија 4:3). Тогаш Бог создава нова земја (2. Петрово 3:13; Исаија 65:17; Откровение 21:1) и им ја дава на праведниците и "Тој ќе живее со нив; и тие ќе бидат Негов народ, а Самиот Бог ќе биде со нив". Откровение 21:3. Совршени, свети, среќни, луѓето повторно се обновени во Божјиот совршен лик, и конечно ќе бидат во својот безгрешен и совршен дом каков што бил првобитниот Божји план. Само најнеразумните личности би пропуштиле вакво нешто.
4. Зошто денес слушаме толку малку проповеди за второто Христово доаѓање?За оваа состојба е одговорен ѓаволот. Тој добро знае дека второто Христово доаѓање е "блажената надеж" (Тит 2:13) за христијаните, а разбирањето на оваа вистина го менува животот на луѓето и ги води кон земање активно учество во објавувањето на добрата вест на другите, за да се забрза Христовото доаѓање. Ова го збеснува сатаната, затоа тој влијае врз таквите кои имаат само "изглед на побожност" (2. Тимотеј 3:5), а "се одрекле од нејзината сила" да се исмеваат велејќи: "Каде е ветувањето за Неговото доаѓање? Зашто откако починаа татковците сè стои така како што е од почетокот на создавањето" 2. Петрово 3:3,4. Оние што го негираат, игнорираат или пак не го сметаат за многу важно второто Христово доаѓање (како буквален скорешен настан) во суштина го исполнуваат пророштвото - а воедно му прават и голема услуга на ѓаволот.
5. Но зар Исус не зборуваше за т.н. тајно грабнување на светите кога во Лука 17:36 вели: "Едниот ќе биде земен, а другиот ќе биде оставен"?Не. Нема ниту најмала најава дека овој настан е таен. Исус кога го објаснува потопот во времето на Ное и уништувањето на Содом (види Лука 17:26-37), Тој кажува како Бог ги поштедил Ное и Лот, а ги уништил злите. Тој буквално кажува дека потопот и огнот "ги уништи сите" (стихови 27,29). Јасно е кажано дека и во двата случаја, неколкумина биле спасени, а останатите биле уништени. Потоа Тој додава: "Исто така ќе биде во оној ден кога ќе се јави Човечкиот Син." (стих 30). За да го илустрира тоа Исус продолжил: "Двајца ќе бидат на нива, едниот ќе биде земен, а другиот ќе биде оставен." (стих 36). Овде нема ништо тајно. "Ќе го види секое око." Откровение 1:7. При Своето второ доаѓање Исус јавно ги зема праведниците и ги носи во облаците (1 Солунјаните 4:16,17) и јавно ги уништува злите (Исаија 11:4; 2. Солунјаните 2:8). Токму затоа во Лука 17:37 се зборува за телата на злите околу кои се собираат орли. (види Откровение 19:17,18.) Злите кои ќе бидат оставени при второто Христово доаѓање ќе бидат мртви.
Квиз прашања
1. При Своето второ доаѓање (1) _____ Исус ќе дојде тајно во некои градови на земјата. _____ Исус ќе се појави во пустината. _____ Исус ќе остане на облаците и ќе ги повика праведните да се сретне со нив во воздухот.
2. Кога Исус ќе се врати на земјава (1) _____ Само праведните ќе го видат. _____ Ќе го види секое око. _____ Луѓето нема да знаат за тој настан се додека не се објави на ТВ.
3. Што ќе се случи со праведните при второто Христово доаѓање?(2) _____ Праведните мртви ќе воскреснат, ќе примат бесмртност, ќе бидат земени на облаците и ќе б_____ Праведните живи ќе примат бесмртност, ќе бидат земени на облаците и ќе бидат однесени н�_____ Праведните ќе останат на земјата и ќе ги обратуваат злите. _____ Праведните ќе бидат земени тајно (ќе исчезнат).
4. Според знаците во Библијата, кога е најочигледно да се очекува второто Христово доаѓање?(1) _____ Многу, многу скоро! _____ После неколку илјади години. _____ Кон средината на 21 век.
5. Злите кои ќе бидат живи при Господовото доаѓање ќе(1) _____ Бидат ставени во пеколот, каде што ќе горат засекогаш. _____ Ќе бидат погубени при Неговото доаѓање. _____ Ќе бидат поштедени и ќе им биде дадена уште една шанса.
6. Означете ги изјавите кои се вистинити по прашање на второто Христово доаѓање (4) _____ Тој ќе дојде тајно. _____ Второто доаѓање всушност значи обратување. _____ Ќе дојде на облаците. _____ Христос за нас доаѓа во мигот на нашата смрт. _____ Злите нема да го видат. _____ Сите ангели ќе бидат со Него. _____ Тој нема да ја допре земјата. _____ Можно е да се знае за часот и денот на Неговото доаѓање. _____ Милиони ќе бидат изненадени и загубени.
7. При второто Христово доаѓање (1) _____ Целиот свет ќе биде подготвен и ќе очекува. _____ Ќе има голем разурнувачки земјотрес на глобално ниво. _____ Злите ќе се обратат.
8. Означете ги исказите кои се вистинити знаци за последните денови на земјата. (7) _____ Светот ќе станува сè подобар и подобар. _____ Судири помеѓу работодавачите и работниците. _____ Помалку земјотреси, луњи, итн. _____ Отпаѓање од библиската вистина. _____ Помала стапка на разводи. _____ Луѓето ќе станат луди по задоволства. _____ Опаѓање на моралот. _____ Голем пад на стапката на криминал. _____ Голем глад и помори. _____ Знаењето ќе се умножи. _____ Немир и страв од иднината.
9. Кои небесни знаци се знаци на второто Христово доаѓање? (2) _____ Халеевата комета. _____ Мрачниот ден во мај 1780 год. _____ Паѓањето на ѕвездите во ноември 1833. _____ Паѓање на месечината на земјата.
10. Како знаеме дека Исус доаѓа скоро? (1) _____ Библијата дава знаци и совршен приказ за последните денови. _____ Бидејќи мнозина веруваат дека Исус доаѓа скоро. _____ Тоа го предвидуваат некои јасновидци.
11. Милиони ќе бидат измамени околу начинот на Христовото доаѓање бидејќи (1) _____ Бог не сака сите да се спасат. _____ Затоа што не оставаат доволно големи прилози. _____ Не ја проучуваат Библијата за да ја пронајдат вистината.
12. Можам да бидам подготвен за Христовото доаѓање ако (1) _____ Исус живее во мене. _____ Го следам дневниот печат. _____ Го правам она што го предлага мојот проповедник (свештеник).