Bible Universe » Bible Study Guides

separator

Величествениот град во вселената

Величествениот град во вселената
Колку голем град! Њујорк, Токио и Лондон се ништо во споредба! Почекај само додека ги дознаеш восхитувачките факти за овој гигантски град што може да патува низ вселената. Сето тоа е факт, а не научна фантазија! Информациите во оваа лекција ќе ја воодушеви твојата душа и ќе ти даде надеж за иднината.
Бог е архитект и градител на светиот град.
Бог е архитект и градител на светиот град.

1. Кој е архитект и градител на тој вселенски град?

"Затоа Бог не се срами да биде наречен нивни Бог, зашто им приготви град. " Евреите 11:16

Одговор:   Библијата објавува дека Бог има голем град за Својот народ и овој град е толку вистински и буквален како и секој друг што ти го познаваш.

Божјиот восхитувачки град се наоѓа на небесата, Неговото место на живеење.
Божјиот восхитувачки град се наоѓа на небесата, Неговото место на живеење.

2. Каде се наоѓа тој восхитувачки град што Бог го подготвува?

"Тогаш јас Јован го видов Светиот Град, Новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бога." Откровение 21:2. "О Господе, Боже мој...слушни од небесата, твоето место на живеење." 1. Цареви 8:28-30.

Одговор:   Овој голем град што е изграден, во овој момент се наоѓа далеку во вселената, во Божјето место на живеење, што се вика небеса.

Споредете ја големината на градот во споредба со неколку држави.
Споредете ја големината на градот во споредба со неколку држави.

3. Како Библијата го опишува овој восхитувачки вселенски град?

Одговор:   (A) ГОЛЕМИНА
"Градот, пак, е поставен четириаголно, а должината му е колку и широчината. И го измери градот со трската: дванаесет илјади стадии. Откровение 21:16. Градот е совршен квадрат. Неговиот периметар е 12.000 стадии, или 2400 километри. Тој е долг 600 километри на секоја страна.

(Б) ИМЕ
Градот е наречен "нов Ерусалим" во Откровение 21:2.

(В) ЅИДОВИ
"И го измери неговиот ѕид: сто четириесет и четири лакти по човечка мерка, ...Неговиот ѕид беше изграден од јаспис." Откровение 21:17,18. Ѕид кој е висок 144 лакти или приближно 69 метра го опкружува градот. Ѕидот е изграден од чист јаспис со блесок и убавина над секое опишување. Само помисли на тоа! Скоро 20 ката од чист јаспис!

(Г) ПОРТИ
"Имаше дванаесет порти...Од исток имаше три порти, од север три порти, од југ три порти и од запад три порти." "А дванаесетте порти беа дванаесет бисери секоја порта беше од еден бисер." Откровение 21:12, 13, 21. Градот има 12 порти, три на секоја страна, секоја една направена од еден бисер.

(Д) ТЕМЕЛИ
"А градскиот ѕид имаше дванаесет темели.... Темелите на градскиот ѕид беа украсени со секаков вид скапоцени камења: првиот темел е од јаспис, вториот - од сафир, третиот - од халкидон, четвртиот - од смарагд петтиот - од сардоникс, шестиот - од сард, седмиот - од хрисолит, осмиот - од вирил, деветтиот - од топаз, десеттиот - од хрисопрас, единаесеттиот - од хијацинт дванаесеттиот - од аметист." Откровение 21:14-20. Ѕидот има 12 целосни, комплетни темели, секој направен од драгоцен камен. Секоја боја од виножитото ќе биде преставена, така што од далечина градот без сомнеж ќе изгледа како да почива врз виножито.

(Ѓ) УЛИЦИ
"Градската улица беше од чисто злато како проѕирно стакло." Откровение 21:21.

(Е) ИЗГЛЕД
"Светиот Град, ... стокмен како невеста, украсена за својот маж." "кој ја имаше Божјата слава, а неговата светлина беше слична на многу скапоцен камен, на кристално проѕирниот камен јаспис." "Неговата должина, широчина и височина се еднакви." Откровение 21:2, 11, 16.

Градот, со сите свои драгоцени камења, злато и блескава убавина, ќе биде осветлен со славата Божја. Во својата запрепастувачка величественост и чистота, тој е спореден како "невеста украсена за својот маж.”

Небесното фантастично дрво на животот донесува бескраен живот и младост за сите кои ќе јадат од него.
Небесното фантастично дрво на животот донесува бескраен живот и младост за сите кои ќе јадат од него.

4. Кое феноменално нешто во овој величествен град му дава уверување на секој жител за вечна виталност и младост?

"Сред неговата улица и од двете страни на реката беше дрвото на животот, кое раѓа дванаесет видови плодови, кое секој месец го дава својот плод, а лисјата на дрвото се за исцелување на народите." Откровение 22:2. "Земе од дрвото на животот и живее за секогаш." Битие 3:22.

Одговор:   Дрвото на животот, кое донесува 12 видови на плодови (и се наоѓа во центарот на градот - Откровение 2:7) донесува бескраен живот и младост на сите кои што јадат од него. Дури и неговите листови содржат неверојатни квалитети. Ова дрво ќе принесува нов вид на плод секој месец.

Светиот град ќе се спушти на земјата и ќе стане нејзин главен град.
Светиот град ќе се спушти на земјата и ќе стане нејзин главен град.

5. Дали е вистина дека овој восхитувачки град ќе се спушти на земјата?

"Тогаш јас Јован го видов Светиот Град, Новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бог, стокмен како невеста, украсена за својот маж." Откровение 21:2. "Благословени се кротките; затоа што тие ќе ја наследат земјата." Матеј 5:5. "На праведникот му се плаќа на земјата." Изреки 11:31.

Одговор:   Да, величествениот град ќе се спушти на оваа земја за да стане главен град на новата земја. Сите праведни ќе живеат во овој град.

Гревот и грешниците ќе бидат искоренети со оган од Бога.
Гревот и грешниците ќе бидат искоренети со оган од Бога.

6. Што ќе се случи со гревот и грешниците?

"Сите горди, да, сите кои чинат беззаконие, ќе бидат како слама; и денот што доаѓа ќе ги изгори." Малахија 4:1. "И падна оган од Бога, од небото и ги проголта." Откровение 20:9 "Нештата ќе горат со огнена топлина и земјата и сите нешта што се на неа ќе изгорат." 2. Петрово 3:10. "и ќе ги газите нечестивите, оти тие ќе бидат пепел под стапалата на нозете ваши во тој ден." Малахија 4:3 "А ние, според Неговото ветување, очекуваме нови небеса и нова земја, каде суштествува праведноста." 2. Петрово 3:13.

Одговор:   Бог ќе го уништи сиот грев и грешници со оган. Огнот ќе ја топи земјата и сите нешта ќе ги претвори во пепел. Тогаш Бог ќе создаде нова совршена земја и светиот град ќе биде нејзин главен град. Таму праведните ќе живеат во радост, мир и светост низ целата вечност. Бог ветува дека гревот повторно нема да се јави. Види Наум 1:9. (Повеќе за пеколот во 11 лекција)

Во Неговото ново царство Господ лично ќе живее меѓу Својот народ.
Во Неговото ново царство Господ лично ќе живее меѓу Својот народ.

7. Какви освежувачки, восхитувачки ветувања им дал Бог на народот што ќе влезе во Неговото ново царство?

Таму нема да има потреба од патерици и инвалидски колички.
Таму нема да има потреба од патерици и инвалидски колички.
Одговор:   A. Господ лично ќе живее со нив. (Откровение 21:3)

Б. Ним никогаш нема да им биде здодевно. Таму ќе има задоволства за секогаш. Псалм 16:11.

В. Таму нема да има повеќе смрт, болка, солзи, тага, болест, болници, операции, трагедија, разочарување, неволја, глад или жед. (Откровение 21:4, Исаија 33:24, Откровение 22:3, Исаија 65:23, Откровение 7:16).

Г. Тие нема да се изморуваат (Исаија 40:31).

Д. Секој спасен ќе биде физички здрав во секој поглед. Глувите ќе слушаат, слепите ќе гледаат, немите ќе пејат и хромите ќе можат да трчаат. (Исаија 35:5,6 Филипјаните 3:21)

Ѓ. Љубомора, страв, омраза, невистина, завист, нечистотија, цинизам и сето друго зло засекогаш ќе биде отстрането од Божјото царство (Откровение 21:8, 27 22:15). Луѓето повеќе нема да бидат обременети со грижи што ги водат кон померување со умот. Повеќе нема да има нервни сломови. Времето ќе стане вечност, и притисоците и завршните рокови на земјата ќе исчезнат засекогаш.

Денешните огромни океани нема да постојат во Божјото царство
Денешните огромни океани нема да постојат во Божјото царство

8. Како новата земја ќе се разликува од денешната земја?

Децата безбедно ќе си играат со лавовите во новата земја.
Децата безбедно ќе си играат со лавовите во новата земја.
Одговор:   A. Големите океани какви што денес ги знаеме ќе исчезнат (Откровение 21:1). Океаните и морињата покриваат три четвртини од површината на земјата. Целиот свет ќе биде една огромна градина со непоминлива убавина, преплеткана со езера, реки и планини (Откровение 22:1 Дела 3:20, 21).

Б. Пустините ќе станат градини (Исаија 351, 2).

В. Сите животни ќе бидат питоми. Никоја нема да биде плен на некоја друга и мало дете ќе ги води (Исаија 11:6-9 65:25).

Г. Повеќе нема да има проклетство (Откровение 22:3).

Д. Повеќе нема да има насилство од каков и да е вид (Исаија 60:18) Нема да има криминал, бури, потопи, торнада, повреди итн.

Ѓ. Ништо што осквернува нема да постои на новата земја (Откровение 21:27). Таму нема да има отпушоци од цигари, тутун, пијаници, гостилници, алкохолни пијалоци, бордели, непристојни слики ниту какво и да е друго зло или нечистотија.

Деца што ќе си играат заедно ќе ги наполнат улиците на Новиот Ерусалим.
Деца што ќе си играат заедно ќе ги наполнат улиците на Новиот Ерусалим.

9. Дали ќе постојат деца во Божјото царство? А ако има дали тие ќе пораснат?

"И улиците на градот ќе бидат полни со момчиња и девојчиња што ќе си играат во неговите улици." Захарија 8:5 "И вие ќе излегувате, и ќе раснете како телиња од шталите." Малахија 4:2.

Одговор:   Да, ќе има многу момчиња и девојчиња во светиот град (Исаија 11:6-9) и тие ќе пораснат (Малахија 4:2). Ние се имаме многу дегенерирано во става, интелект и виталност од Адама па наваму, меѓутоа сето тоа ќе биде обновено (Дела 3:20, 21).

10. Кога ќе се соединат со саканите на небото, дали спасените ќе се познаваат еден со друг?

10. Кога ќе се соединат со саканите на небото, дали спасените ќе се познаваат еден со друг?

"Тогаш ќе знам како што сум познат." 1. Коринтјаните 13:12.

Одговор:   Библијата јасно кажува дека саканите праведни кои некогаш живееле, ќе бидат воскреснати за да се приклучат на живите праведни во Божјото царство (Исаија 26:19; Еремија 31:15-17; 1. Коринтјаните 15:51-55; 1. Солунјаните 4:13-18). Библијата исто така учи дека луѓето во Божјото ново царство ќе се познаваат еден со друг, исто како што и луѓето се препознаваат еден со друг на оваа земја.

На небото луѓето ќе доживеат вистинска радост. Најголемите соништа ќе се исполнат.
На небото луѓето ќе доживеат вистинска радост. Најголемите соништа ќе се исполнат.

11. Дали луѓето на небесата ќе бидат вистински, со месо и коски?

"И додека тие уште зборуваа за тоа, Самиот Исус застана сред нив и им рече: ‘Мир вам!‘ А тие збунети и уплашени мислеа дека гледаат дух. А Тој им рече: ‘Зошто сте збунети? И зошто се јавуваат сомнежи во вашите срца? Погледнете ги Моите раце и Моите нозе - Јас сум! Допрете Ме и видете, зашто дух нема месо и коски, а како што гледате, Јас имам.‘ А бидејќи тие од радост уште не веруваа, туку се чудеа, им рече: ‘Имате ли тука нешто за јадење?‘ И Му дадоа парче печена риба. Тој го зеде и јадеше пред нив." "Потоа ги изведе до Бетанија, ги поткрена Своите раце и ги благослови. И додека ги благословуваше, се оддели од нив." Лука 24:36-39, 41-43, 50, 51 "Овој ист Исус, којшто е земен од вас кон небото ќе дојде на ист начин како што го видовте да оди на небото." Дела 1:11. "Господ Исус Христос...ќе го промени нашето пакосно тело за да биде слично на неговото славно тело." Филипјание 3:20,21.

Одговор:   По Своето воскресение, Исус им докажа на Своите ученици дека Тој бил тело и коски и им дал да го допрат, а и според тоа што јадел храна. Тој ист Исус од месо и коски се вознесе при Својот Татко и ќе дојде повторно на земјата. На праведните ќе им бидат дадени тела исто како телото Христово и ќе бидат вистински луѓе од месо и коски низ целата вечност. Разликата ќе биде во тоа што небесното тело нема да биде предмет на смрт, распаѓање или влошување на состојбата. Учењето дека спасените во небото ќе бидат духови кои ќе лебдат на облаци и нема да прават ништо друго освен што ќе свират на харфи, нема основа во Библијата. Исус не умре на крстот за да обезбеди таква безначајна и неразумна иднина за оние кои ќе ја прифатат Неговата љубов и благородно ќе го следат Неговиот начин на живот. Повеќето луѓе немаат интерес за такво надворешно постоење и заради тоа имаат мала или никаква желба да влезат во Божјото небесно царство - честопати посакувајќи го само заради стравот од пеколот. Доколку сите луѓе насекаде ја дознаат вистината за Божјиот свет град и новата земја, милиони би почнале да ја разбираат Неговата љубов и ќе се свртат кон Него со целите свои срца. Личност која го пропушта Божјото царство прави најголема грешка во животот.

Обработката на земјата во рајот ќе донесува неверојатна радост и сатисфакција.
Обработката на земјата во рајот ќе донесува неверојатна радост и сатисфакција.

12. Како праведните ќе го поминуваат своето време во небесното царство?

"Ќе градат куќи, и ќе ги населат; ќе градат лозја и ќе јадат плодови од нив. Тие нема да градат за друг да се всели; тие нема да садат за друг да јаде;...моите одбрани долго ќе го уживаат плодот од своите раце." Исаија 65:21, 22.

Одговор:   Спасените ќе ги градат своите домови на новата земја. (Секој исто така ќе има палата во градот изградена од Христа – Јован 14:1-3) Тие ќе садат лозја и ќе ги јадат плодовите од нив. Библијата е јасна. Вистински луѓе ќе чинат вистински нешта во рајот, и тие целосно ќе уживаат во тоа.

Ниту еден човечки јазик не може да ја опише славата и задоволството на чистата музика во рајот.
Ниту еден човечки јазик не може да ја опише славата и задоволството на чистата музика во рајот.

13. Во какви други возбудливи активности откупените ќе земат удел?

Одговор:   A. Пеат и свират небесна музика (Исаија 35:10 51:11 Псалм 87:7 Откровение 14:2,3).

Б. Ќе се поклонуваат пред Божјиот престол секоја сабота (Исаија 66:22, 23).

В. Ќе уживаат во цвеќињата и дрвја кои никогаш нема да овенат (Езекиел 47:12 Исаија 35:1).

Г. Ќе поминуваат време со саканите, патријарсите, пророците итн. (Матеј 8:11 Откровение 7:9-17).

Д. Ќе ги проучуваат небесните животни (Исаија 11:6-9 65:25).

Ѓ. Патуваат и истражуваат без и да се уморат (Исаија 40:31).

Е. Ќе слушаат како Бог пее (Захарија 3:17).

Ж. Исполнат неисполнети амбиции (Псалм 37:3, 4 Исаија 65:24).

З. Најголема радост од сè - привилегија да се биде како Исус, да се патува со Него, и да го гледаат Него лице во лице (Откровение 14:4 22:4 21:3 1. Јован 3:2).

Рајот ќе биде далеку пославен отколку што ние можеме да си го замислиме.
Рајот ќе биде далеку пославен отколку што ние можеме да си го замислиме.

14. Дали слабиот човечки јазик може да ја опише славата на небесниот дом?

"Што око не видело, што уво не чуло и што во човечко срце не дошло, тоа Бог го подготви за оние кои Го љубат." 1. Коринтјаните 2:9.

Одговор:   Ни во најбујните соништа срцето на човекот не може да почне да ги разбира чудата на Божјото вечно царство. Сето тоа што Адам го загуби, ќе биде обновено (Дела 3:20, 21).

Исус го приготвува рајот за тебе лично. Ти му значиш Нему.
Исус го приготвува рајот за тебе лично. Ти му значиш Нему.

15. Дали ова царство е подготвено лично за мене?

"И кој сака - нека земе дарум од водата на животот." Откровение 22:17. "Наследство непропадливо...чувано на небото за вас." 1. Петар 1:4. "Одам да подготвам место за вас." Јован 14:2.

Одговор:   Тоа е подготвено лично за тебе. Поканата од Бога е лично до тебе. Доколку ја отфрлиш пријателе, нема да можеш никого да го обвинуваш за тоа освен себеси.

Кога Исус живее во нашите срца и пребива во нашите домови, ние сме сигурни за место во Неговото небесно царство.
Кога Исус живее во нашите срца и пребива во нашите домови, ние сме сигурни за место во Неговото небесно царство.

16. Како можам да бидам сигурен за место во тоа големо и славно царство?

"Еве, стојам пред вратата и чукам; ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него и тој со Мене." Откровение 3:20. "Блажени се оние кои ги држат Божјите заповеди, за да имаат право на дрвото на животот и за да можат да влезат во градот низ портите." Откровение 22:14. "Не секој што ми вели Господи, Господи ќе влезе во небесното царство; туку оној што ја врши волјата на мојот Отец кој е на небото." Матеј 7:21. "На сите што го примија им даде сила да станат синови Божји." Јован 1:12. "Крвта на Исуса Христа Неговиот Син нè чисти од сите гревови." 1. Јованово 1:7.

Одговор:   Библијата тоа го прави јасно и едноставно. Дај му го својот живот на Христа за очистување на гревовите. Кога ќе го направиш тоа, Тој исто така ти дава сила да ја вршиш Неговата волја и да ги држиш Неговите заповеди. Тоа значи, се разбира дека ти ќе почнеш да живееш како што Христос живеел и ќе го победиш секој грев. "Оној кој победува ќе ги наследи сите нешта." Откровение 21:7. Накратко кажано, личноста е подготвена за небото, кога го има небото во своето срце.


17. Јас се одлучувам да ја прифатам Христовата понуда и да живеам со Него вечно во Неговото небесно царство.

Одговор:   


Твоите Прашања Одговорени

1. Како небото може да биде среќно место кога спасените ќе мислат за своите сакани што се загубени?


Библијата кажува дека Бог ќе "ја избрише секоја солза од нивните очи." Откровение 21:4. Опкружени со убавините и радоста на новата земја, Божјиот откупен народ ќе ги заборави трагедиите и болките на минатото; "поранешните нешта нема да се паметат, ниту пак ќе дојдат на ум." Исаија 65:17.

2. Библијата вели: "месо и крв нема да го наследат Божјото царство." 1. Коринтјаните 15:50. Како тогаш можат спасените да имаат месо и коски?


Тука Библијата го користи зборот "месо" за да опише една необратена личност. Слична мисла е изразена во Римјаните 8:8,9: "Оние што се во тело не можат да му угодат на Бога. Но вие не сте во тело, туку во Духот, така што Духот Божји живее во вас." Јован 3:6 вели: "Она што е родено од тело е тело; и она што е родено од Дух е дух." Поимот "тело" тука повторно се однесува на необратена личност, додека поимот "дух" се однесува на обратена или "наново родена" личност. Библијата едноставно во 1. Коринтјаните 15:50 вели дека никој не може да влезе во Божјото царство сè додека не доживее обраќање и додека телото не стане дух. Христос, во Своето воскреснато тело, објавил дека Тој навистина беше "тело и коски." Лука 24:39. Ние ќе имаме тело слично на Неговото според Филипјаните 3:21.

3. Дали апостолот Петар има власт над портата во светиот град?


Не! Библијата во Откровение 21:12 вели дека новиот Ерусалим светиот Божји град има 12 порти и на портите 12 ангели. Ниту еднаш во Библијата не е посочено кон ниту еден од апостолите како чувар на портите.

4. Дали е светиот град вистински доволно голем за да ги собере сите спасени од сите векови?


Доколку градот треба да е полн и секој спасен има само 100 квадратни стапки на почва, таму би имало доволно место за 39 милијарди луѓе во градот, што е многу пати повеќе од сегашната населеност на светот. Многу статистики веруваат дека доколку сите луѓе кои некогаш живееле, би биле спасени, би имало доволно место за нив во градот. Библијата тоа го прави јасно, меѓутоа како и да е само малкумина ќе бидат спасени, (Матеј 7:14) така што ќе има повеќе од доволно место во тој голем град.

5. Понекогаш се чудам дали жртвата е исплатлива за наградата. Изгледа како сатаната да ме совладува понекогаш. Дали Библијата ми нуди некое охрабрување?


Да. Апостолот Павле морал да мисли за некој како тебе кога напишал: "Страдањата на ова сегашно време не се достојни да се споредат со славата што ќе се открие во нас." Римјаните 8:18. Само еден поглед во тоа вечно царство ќе причини најлошите неволји и прогонства на земјата да избледат во безначајност и откупените ќе извикаат: "Алелуја, небото е доста ефтино!"

6. Дали малите бебиња кои умираат ќе бидат спасени во Божјото царство?


Ние немаме подробен библиски одговор на ова прашање меѓутоа многумина веруваат дека бебиња ќе бидат спасени врз основа на Матеј 2:16-18. Тука Библијата ни кажува дека злиот цар Ирод ги погубил сите машки бебиња во Витлеем што имале две години или биле помлади. Стариот завет го најавил овој трагичен, суров настан, и Бог им рекол на мајките да престанат да плачат затоа што нивните деца еден ден ќе им бидат вратени. "Воздржи го својот глас од плачење...тие (погубените деца) ќе се вратат од земјата на непријателот...твоите деца ќе се вратат во пределите свои." Еремија 31:16,17. Тука очигледено се мисли на воскресението.

7. Дали јас разбирам дека небото, домот на спасенито ќе биде токму овде на оваа земја?


Точно. И покрај тоа што светиот град сега се наоѓа кај Божјото пребивалиште, Тој ќе го пресели на оваа земја. Гревот и грешниците ќе бидат уништени со оган, и земјата ќе бида обновена и дадена на праведните во сета своја едемска слава и убавина. Светиот град ќе биде главен град на новата земја и Бог ќе го премести својот престол тука (Откровение 21:2,3; 22:1,3) и живее со праведните токму тука на оваа земја низ вечноста. И таму каде што Бог пребива, таму е небо. Божји план е да му го поврати на човекот сето она што Адам го загубил; славата на совршениот живот на една совршена планета. Сатаната и гревот го попречија Божјиот план, меѓутоа планот ќе биде изведен. Ние сите можеме да имаме дел во ова ново царство и ние мораме! Тоа е премногу да се пропушти.

8. Зошто толку многу поучуваат и веруваат дека домот на спасените е мистично место населесно со духови кои лебдат по облаците и не прават ништо друго туку свират на харфи?


Ова учење потекнува од ѓаволот, таткото на лагите (Јован 8:44). Тој сака да го искриви Божјиот план и да го претстави небото како невистинско, "страшно" место за луѓето да изгубат интерес и да станат скептични за Божјиот збор во целост. Сатаната знае дека кога луѓето целосно ќе ја разберат вистината во поглед на домот на спасените, неговата сила ќе биде скршена, заради тоа што тие ќе почнат да прават планови за да влезат во тоа царство. Тоа е причина зошто тој работи толку напорно да го замрачи ова прашање и да рашири лаги во врска со небесниот дом.


Квиз прашања

1. Светиот град во вселената (1)


_____   Не е буквален, туку едноставно алегорија.
_____   Е буквален град што сега е во фаза на подготовка.
_____   Не постои освен во умовите на некои луѓе.

2. Овој свет град (1)


_____   Ќе биде уништен со нуклеарна експлозија.
_____   Ќе биде заземен од сатаната и неговата војска.
_____   Ќе се спушти на оваа земја и ќе биде главен град на новата земја.

3. Кои од следните се вистина за светиот град: (7)


_____   Наречен е новиот Ерусалим.
_____   Голем е скоро колку Лондон.
_____   Неговите ѕидови се од топаз.
_____   Градот е долг колку што е и широк.
_____   Неговите улици се од чисто злато.
_____   Градот има 14 темели.
_____   Апостолот Петар стои при неговите порти.
_____   Секоја од 12 порти е направена од еден бисер.
_____   Неговиот периметар е 2400 километри.
_____   Неговите основи се направени од скапоцени камења.
_____   Градот ќе биде во совршена пропорција.

4. Дрвото на животот (1)


_____   Е вистинско дрво кое ќе дава вечен полет и младост за Божјиот народ.
_____   Е само фигуративно и значи дека Бог ќе му дава на Својот народ сила.
_____   Постоело на почетокот меѓутоа нема да го има во новото Божјо царство.

5. Кои од следните библиски ветувања важат за Божјиот народ во новото царство: (5)


_____   Господ ќе склопува бракови секој ден.
_____   Дрвото на животот ќе носи 20 видови на плодови.
_____   Господ ќе живее заедно со Својот народ.
_____   По милион години на светиите ќе им стане здодевно.
_____   Таму нема да има ниту смрт ниту тага.
_____   Луѓето нема никогаш да се заморат.
_____   Хромите ќе бидат носени од страна на ангелите.
_____   Ангелите ќе бидат доктори и ќе ги извршуваат сите операции.
_____   Слепите ќе примат вид.
_____   Љубомора, страв, омраза, лага, завист и нечистотија ќе нема засекогаш.
_____   Бебињата нема да пораснат.

6. Кои нешта се точни за новата земја? (6)


_____   Денешните мориња нема да постојат.
_____   Пустините ќе бидат поголеми.
_____   Животните ќе бидат чувани во убави небесни кафези.
_____   Торнада, земјотреси и поплави таму нема да има.
_____   Отпушоците секојдневно ќе бидат отстранети од страна на ангелите.
_____   Цвеќињата и дрвјата нема да овенуваат ниту ја губат својата свежина.
_____   Рајот ќе биде тука на земјата.
_____   Гревот (злото) нема повторно да се јави.
_____   Сета негова убавина не е возможно да се опише.

7. Праведните во небесното царство (1)


_____   Ќе бидат духови кои ќе свират на харфи и лебдат на облаци.
_____   Нема да ги препознаат своите блиски и пријатели кои ќе бидат таму.
_____   Ќе имаат вистински тела од месо и коски и ќе се познаваат еден со друг.

8. Ние знаеме дека луѓето во рајот ќе бидат вистински затоа што (1)


_____   Науката тоа го има докажано убедливо.
_____   Библијата кажува дека ние ќе бидеме слични на Христа кој беше вистински (имаше месо и ко
_____   Многу проповедници велат дека тоа е така.

9. Јас можам да бидам сигурен за место во небесното царство доколку (1)


_____   Секој ден велам дека го сакам Бога.
_____   Доволен ми е стравот од пеколот.
_____   Го прифатам и следам Христа и ги држам Неговите заповеди.

10. Што ќе прават спасените во небесното царство? (5)


_____   Ќе градат куќи и ќе живеат во нив.
_____   Садат лозја.
_____   Ќе убиваат животни и ќе ги јадат.
_____   Свират небесни инструменти и пеат славопои на Бога.
_____   Се поклонуваат пред Божјиот престол.
_____   Ќе го надлетуваат пеколот и им се подбиваат на загубените.
_____   Јадат од дрвото на животот.

Free Bible School

Bible School
Enroll in our Free Online Bible School Today!
Start your first lesson now!


Christian Hymns



Freebie!

Ultimate Resource
Request your free book, Ultimate Resource, today and learn how to study the Bible
Get It Now!


Back To Top