1. Дали Бог навистина се грижи за мене?
Еве што вели Тој: "Бидејќи си скап во очите Мои, многу си ценет; Јас те возљубив." Исаија 43:4. "Со вечна љубов те засакав." Еремија 31:3.
Одговор: Божјата бесконечна љубов за тебе и мене е далеку над нашето разбирање. Тој те љуби тебе како ти да си единствената загубена душа во вселената. Тој би го дал Својот живот за тебе или мене дури и доколку не би постоел друг грешник за спасување. Обиди се никогаш да не го заборавиш тоа. Ти си драгоцен во Неговите очи. Тој те љуби тебе.
2. Како Бог ја покажа Својата љубов кон нас?
"Зашто Бог толку го засака светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој кој верува во Него да не загине, туку да има вечен живот." Јован 3:16. "Божјата љубов кон нас се покажа во тоа што Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син за да можеме да живееме преку Него. Љубовта е во тоа, не дека ние Го засакавме Бог, туку Тој нè засака нас и Го испрати Својот Син како жртва за помирување за нашите гревови." 1. Јованово 4:9, 10.
Одговор: Затоа што Тој нас нè сака толку многу, Тој беше готов да го види Својот Син како страда и умира отколку да биде одвоен од тебе и мене за целата вечност. Ние нема да можеме да го разбереме тоа, меѓутоа Тој го направи тоа само за тебе, само за мене!
3. Како Бог може да сака некој како мене?
"Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа што уште додека бевме грешници, Христос умре за нас." Римјаните 5:8.
Одговор: Сигурно не заради тоа што јас го заработив или заслужив тоа. Никој од нас нема заработено ништо друго освен платата за гревот, која е смрт (Римјаните 6:23). Меѓутоа Божјата љубов е безусловна. Тој ги сака крадците, прељубодејците и убијците. Тој исто така ги сака себичните, лицемерните и богохулците. Но, највеќе од се Тој ме сака мене! И заради тоа што Тој знае дека моите гревови водат само кон мизерија и смрт, Тој сака да ме спаси од моите гревови. Заради тоа Тој умре.
4. Што прави Неговата смрт за мене?
"Гледајте каква љубов ни дарувал Таткото: да се наречеме деца Божји." 1. Јован 3:1. "А на сите што Го примија, им даде право да станат деца Божји - на оние кои веруваат во Неговото име." Јован 1:12.
Одговор: Христос умре за да ја плати мојата смртна казна. Тој се роди како човек за да може да ја претрпи смртта што јас ја заслужувам. Тогаш Тој ми ја понуди заслугата за тоа што Тој го стори. Со други зборови, Неговиот безгрешен живот е засметан на моја сметка, како јас би можел да бидам сметан за праведен. Неговата смрт е прифатена од Бога како целосна отплата за сите мои минати грешки, и прифаќајќи го тоа што Тој го стори, како дар, јас сум земен во Божјото семејство како Негово дете. Тоа едноставно го свртува умот! Размислувај за следните едноставни факти за момент:
5. Како јас го примам Него и преминувам од смрт во живот?
Едноставно признај три нешта: 1. Јас сум грешник. "Сите згрешиле." Римјаните 3:23. 2. Јас сум осуден да умрам. "Платата за гревот е смрт." Римјаните 6:23. 3. Јас не можам да се спасам себеси. "Без мене вие не можете да чините ништо." Јован 15:5. Потоа, верувај во три нешта: 1. Тој умре за мене. "За да Тој... вкуси смрт за секој човек." Евреите 2:9. 2. Тој ми простува. "Доколку ги исповедаме нашите гревови, тој е верен и праведен да ни ги прости нашите гревови." 1.Јованово 1:9. 3. Тој ме спасува. "Оној кој што верува во мене има живот вечен." Јован 6:47.
Одговор: Барајќи го, верувајќи во и прифаќајќи го големиот Божји дар, нашиот Господ Исус Христос.
6. Што морам да направам за да се здобијам со дарот на спасението?
"Бивајќи оправдани преку Неговата благодат преку откупувањето кое е во Исуса Христа." Римјаните 3:24. "Човекот е оправдан преку верата без делата на законот." Римјаните 3:28.
Одговор: Единствено нешто што јас треба да го направам е да го прифатам тоа како дар. Моите дела на послушност нема да ми помогнат ниту малку во тоа искуство на оправдание. Сите кои ќе замолат за спасението, со вера ќе го добијат. Најлошиот расипан грешник ќе биде прифатен врз истите основи како и оној кој морално е најправилен. Минатото не се смета. Запамети, Бог нè сака сите еднакво, и простувањето се добива со барање. "Затоа што преку благодатта сте спасени со вера; и тоа не од себеси: тоа е дар Божји: не со дела, за да некој не се пофали." Ефесјаните 2:8, 9.
7. Кога јас ќе се приклучам на Неговото семејство преку вера, каква промена Исус чини во мојот живот?
"Ако некој е во Христа, тој е ново создание; старото помина; ете, се стана ново." 2. Коринтјаните 5:17.
Одговор: Кога ќе го примам Христос во моето срце, Тој го уништува старото јас и всушност ме менува во ново духовно создание. Стариот живот во грев сега станува одбивен и непожелен. Радосно јас почнувам да искусувам за прв пат слобода од вина и осудување. Јас почнувам да гледам колку бил празен мојот живот без Христа. Наместо да се хранам од лушпите под трпезата, сега јас се гоштевам на Царевата гозба. Една минута со Бога дава повеќе среќа отколку целиот живот во служба на ѓаволот. Каква промена! Зошто толку долго чекав за да ја прифатам?
8. Дали овој променет живот навистина ќе биде посреќен отколку задоволствата на стариот живот?
Исус рече: "Овие нешта ви ги реков...за вашата радост да биде полна." Јован 15:11. "Доколку Синот ве ослободи, тогаш ќе бидете навистина слободни." Јован 8:36. "Јас дојдов за тие да имаат живот, и тоа да го имаат многу пообилно." Јован 10:10.
Одговор: Многумина мислат дека христијанскиот живот нема да биде среќен живот заради ограничувањата и самооткажувањето. Меѓутоа токму спротивното е вистина. Кога ти ја прифаќаш љубовта Христова, фантастично богатство извира одвнатре. Неверојатен мир и радост продираат во твојот живот. Тука нема споредба со стариот живот на себичност и неуспех. Како еден лош сон, болното минато исчезнува и ти искусуваш многу пообилен живот, како што Бог замислил тоа да биде.
9. Меѓутоа, можам ли да се убедам себеси да ги чинам оние нешта кои христијаните ги чинат?
"Јас сум распнат со Христа: и јас веќе не живеам; туку Христос живее во мене." Галатјаните 2:20. "Сè можам преку Христа кој ми дава сила." Филипјаните 4:13.
Одговор: Тука се открива најголемото чудо на христијанскиот живот. Ти не се присилуваш да чиниш добро! Што чиниш како христијанин е само излевање на животот на една друга Личност во тебе. Послушноста е природен одговор на љубовта во твојот живот. Бидејќи си роден од Бога, како ново создание, ти сакаш да му бидеш Нему послушен затоа што Неговиот живот станал дел од твојот живот. Не претставува бреме да му угодиш некому кого го сакаш, туку задоволство. "Наоѓам задоволство да ја вршам Твојата волја, О Боже мој: Твојот закон е во моето срце." Псалм 40:8.
10. Дали и Десетте Заповеди нема да биде тешко да се држат?
"Доколку Ме сакате, држете ги Моите заповеди." Јован 14:15. "Зошто ова е љубовта Божја, да ги држиме Неговите заповеди; а Неговите заповеди не се мачни." 1. Јованово 5:3. "Но кој го држи Неговиот збор, во него навистина љубовта Божја е совршена." 1. Јованово 2:5.
Одговор: Библијата секогаш ја поврзува послушноста со една љубовна врска. Наново родените христијани не наоѓаат дека е тешко да се држат Десетте Заповеди. Имајќи ги сите минати гревови покриени преку Неговата помирувачка смрт, мојата сегашна и идна послушност е вкоренета во Неговиот победоносен живот во мене. Како факт, затоа што јас го сакам Него толку многу и заради тоа што Тој го променил мојот живот, јас правам и повеќе од она што Десетте Заповеди го побаруваат. Секој ден јас ја истражувам Библијата за индикации на Неговата љубов, барајќи да најдам повеќе начини за да ја изразам својата љубов кон Него. "И што и да побараме, ние добиваме од Него, затоа што ги држиме Неговите заповеди и ги чиниме оние нешта кои се угодни во Неговите очи." 1. Јованово 3:22.
11. Како да бидам сигурен дека држењето на заповедите споменато за Божјиот народ во Библијата не е легализам?
"Тука е трпението на светиите; тука се оние кои ги држат Божјите заповеди и верата Исусова." Откровение 14:12. "И тие (светиите) го победија него (сатаната) преку крвта на Јагнето и преку зборот на своето сведоштво; и тие не ги љубеа своите животи до смрт." Откровение 12:11.
Одговор: Немој да ја побркаш послушноста со легализмот. Легализам значи да се заработи спасението преку добри дела. Светиите во Библијата имаат четири карактеристики: (1) ги држат заповедите, (2) имаат доверба во крвта на Јагнето, (3) ја споделуваат својата вера со другите и (4) попрво ќе се одлучат да умрат отколку да згрешат. Ова се вистинските белези на личноста којашто е во љубов со Христа и којшто во својот живот се одлучил Него да го следи.
12. Кој посебен чин ја запечатува љубовната врска со Христа, и што претставува тој?
"Ние сме погребани со Него преку крштевањето во смрт; како што Христос беше подигнат од мртвите преку славата на Отецот, така и ние треба да чекориме во нов живот." "За грешното тело биде уништено." Римјаните 6:4, 6. "Јас ве свршив за еден маж, за да можам да ве претставам како девица при Христа." 2. Коринтјаните 11:2.
Одговор: Крштевањето претставува три симболични настани во животот на вистинскиот верник: (1) смрт за гревот, (2) раѓање во нов живот во Христа и (3) венчавка со Христа за вечноста. Ова духовно единство ќе расне сè посилно и послатко со текот на времето, онолку долго колку што љубовта продолжува да расте. Како и во секој брак, загубата на љубовта може да го претвори рајот во пекол. Кога љубовта исчезнува, домот опстојува само преку механичка, присилна должност на законскиот брак. Исто така, кога еден христијанин престанува да го сака Христа највеќе од сè, неговата религија претставува само ограничено придржување на една гарнитура од правила.
13. Како можам да бидам сигурен дека верата и љубовта во мојот брак со Христа ќе продолжи да се зголемува?
"Истражувајте го Писмото." Јован 5:39. "Молете се постојано." 1. Солунјаните 5:17. "Како што го примивте Господа Христа Исуса, така и живејте во Него." Колосјаните 2:6. "Јас умирам секојдневно." 1. Коринтјаните 15:31.
Одговор: Ниту една љубовна врска не може да напредува без комуникација. Молитвата и проучувањето на Библијата се апсолутно неопходни за врската да може да расте. Неговата реч претставува едно љубовно писмо што јас морам да го читам секојдневно за да го хранам духовниот живот. Разговорот со Него во молитва го задлабочува посветувањето и го отвора умот за поубаво и поблиско знаење за Неговиот интерес за мене. Секој ден јас сум восхитен да откријам детали од Неговото неверојатно грижење за мојата среќа.Бог го запечатува нашиот духовен бракЗа да го запечати нашиот духовен брак за вечноста, тој ветил дека никогаш нема да ме остави (Псалм 55:22 Матеј 28:20 Евреите 13:5), да се грижи за мене кога сум болен или здрав (Псалм 41:3 Исаија 41:10) и да се погрижи за секоја потреба која ќе се појави во мојот живот (Матеј 6:25-34). Кога јас ќе го примам Него со вера и ќе откријам дека Неговите ветувања се доволни за сè, продолжувам да му верувам Нему за секоја потреба во иднината и Тој никогаш нема да ме разочара.
14. Моја желба е да го примам Христос во моето срце и да доживеам наново раѓање.
Одговор:
Твоите Прашања Одговорени
1. Како може смрта на еден Човек да ја плати казната за гревовите на целото човештво? Јас имам живеено ужасен живот во грев. Се плашам дека Бог ќе треба да направи нешто посебно да му прости на еден толку лош човек како мене.Евреите 7:25, Римјаните 3:23 ни кажуваат дека "сите имаат згрешено." Заради тоа што "платата за гревот е смрт" (Римјаните 6:23) и затоа што "сите имаат згрешено," заради тоа "нешто посебно" се бара за секоја личност којашто некогаш била родена. Само Оној чијшто живот е еднаков со целото човештво може да умре за гревовите на човештвото. Заради тоа што Исус е Создател и Зачетник на сиот живот, животот кој Тој го положи беше еднаков со животите на сите кои некогаш живееле. Не само што помирувањето морало да биде направено од Оној чијшто живот можел да биде приложен за сите други созданија, туку Оној кој би умрел со таква помирувачка смрт треба да биде способен да стане од мртвите. Зошто? Со цел да ги приложи заслугите од помирувањето за сите оние што ќе го побараат тоа со вера. "Затоа Тој е способен да ги спаси целосно сите оние кои доаѓаат при Бога преку Него, гледајќи дека Тој секогаш живее за да посредува за нив." Евреите 7:25.
2. Доколку јас го прифатам Христа и Неговото простување и потоа згрешам повторно, дали Тој ќе ми прости повторно?Ние можеме да му веруваме на Бога дека тој ќе ни прости повторно доколку ни е жал за гревот и истиот го исповедаме. "Доколку ги исповедаме нашите гревови, Тој е верен и праведен да ни ги прости нашите гревови и да нè очисти од сета неправедност." 1. Јованово 1:9.
3. Како можам да му се обратам на Бога во мојата грешна состојба? Нема ли да биде подобро да имам свештеник или проповедник што би се молел за мене?Бидејќи Исус живееше во тело и беше "искушуван како и ние" (Евреите 4:15) ние имаме Бог кој може да нè разбере и кој копнее да биде милостив кон нас. Евреите 4:16 ни вели дека можеме "смело да дојдеме при престолот на благодатта, за да се здобиеме со милост." Ние можеме да му се обратиме на Бога директно преку Исуса Христа, без посредник; и имајќи доверба во Неговата милост, ние можеме "смело" да дојдеме при Него во името на Исуса (Јован 14:14). 1. Тимотеј 2:5 вели: "Постои еден Бог и еден посредник помеѓу Бога и луѓето, човекот Исус Христос.”
4. Постои ли нешто што јас можам да направам за да му помогнам на Бог да ме спаси?Не. Неговиот план е целосно од благодатта (Римјаните 3;24; 4:5); тоа е "дар Божји." Ефесјаните 2:8. Вистина е дека Бог нè дарува со благодат преку вера, и Тој исто така ни дава желба и сила да му бидеме послушни. Ова резултира во усогласување со Неговите закони. Така, дури и послушноста е резултат на Божјата бесплатна благодат. Послушноста, службата и верноста се вистински тест за да се биде Христов следбеник и природен плод на верата во Исуса Христа.
5. Доколку Бог го простува мојот грев и ме обновува во Неговото семејство, дали тоа ќе го елиминира секое идно казнување на моите гревови, или дали се уште од мене би се барало некој вид на казнување?Библијата вели: "Сега нема осудување за оние кои се во Исуса Христа." Римјаните 8:1. Христос ја плати целосната казна за нашите престапи, и оние што го примаат преку вера не должат никакви дела на казнување за очистување, туку веќе се сметаат за "испрани" во крвта на Јагнето! Исаија 43:25 содржи прекрасно ветување за простување: "Јас, јас самиот ги бришам твоите гревови заради Самиот себеси, и веќе нема да се сетам на твоите гревови." Михеј 7:18,19 покажува едно прекрасно однесување на Откупителот-Бог кон Својот народ: "Кој Бог е како тебе, кој простува безаконија, и го одминува престапот на остатокот од Својот народ? Тој не го задржува Својот гнев засекогаш, затоа што тој наоѓа задоволство во милоста. Тој повторно,...ќе има сочувство кон нас тој ќе ги потчини нашите безаконија и Ти ќе ги фрлиш сите нивни гревови во длабочините морски."
Квиз прашања
1. Бог го излеал целото небо во кој голем дар за човекот? (1)_____ Библијата. _____ Неговата црква. _____ Исус Христос. _____ Законот.
2. Најголемата манифестација на љубов која што некогаш светот ја видел била во (1_____ Лебовите и рибите. _____ Исусовата смрт на крстот. _____ Педесетница. _____ Петровото признавање на својата вина.
3. Христовата жртва на крстот е приложена (1)_____ За секого. _____ Само за праведните. _____ Само за злите. _____ За оние предодредени за спасение.
4. Кого Бог најмногу ги сака (1)_____ Членовите на црквата. _____ Проститутките и крадците. _____ Секого подеднакво. _____ Наново родените христијани.
5. Христос се роди во човечкото семејство за да (1)_____ Ја плати казната за гревот. _____ Знае колку сме ние слаби. _____ Стане добар столар.
6. За една личност да добие спасение, таа треба да (1)_____ Проучува библиски часови. _____ Припаѓа на црквата. _____ Зборува на јазици. _____ Го прифати тоа како дар.
7. Ние сме спасени преку (1)_____ Добри дела. _____ Благодатта. _____ Желба.
8. Простувањето и прифаќањето нè водат да чувствуваме (2)_____ Дека ние можеме повторно да почнеме да грешиме. _____ Каење за задоволствата од кои сме се откажале. _____ Радост и мир. _____ Уверување за вечен живот.
9. Послушноста треба да биде базирана врз основа на (1)_____ Страв од пеколот. _____ Копнеж да се биде прифатен од пријателите. _____ Љубов за Христа.
10. Држењето на заповедите претставува (1)_____ Легализам. _____ Еден од плодовите на вистинското обратување. _____ Не е важно.
11. Венчавката со Христа е симболизирана преку (1)_____ Стапување во манастир. _____ Крштевање. _____ Венчален прстен (бурма) носен на десната рака. _____ Заветување за целибат (нестапување во брак).
12. Двете најголеми нешта за да се остане во љубов со Христа се: (2)_____ Секојдневно проучување на Библијата. _____ Давање на големи дарови. _____ Нејадење на свинско месо. _____ Постојано пребивање во молитва.