Матеј 7:21. Не секој, што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ ќе влезе во царството небесно, а оној, кој ја ______ волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата. Римјаните 6:16 Не знаете ли: ако некому му се предадете за робови во послушност - робови сте му на оној, кому му се покорувате: или на гревот - за смрт; или на послушноста - за праведност?
Одговор: ____________________
Забелешка: Ова е едноставен принцип, нашата верност се одредува според тоа кого слушаме. Ако кажеме дека сме Божји слуги а ги слушаме наредбите на ѓаволот или на светот, тогаш се мамиме себеси.
Дела 5:29. А Петар и апостолите во одговор рекоа: „Треба да Го слушаме ______ повеќе, отколку луѓето.
Забелешка: Откако Петар се обратил и се вљубил во Исуса, тој му кажал на еврејскиот совет дека повеќе ќе го слуша Бога. Ние веќе научивме дека законите на ѕверот и на светот ќе се судрат со Божјите закони. Денес, мораме да одлучиме да ги послушаме Божјите заповеди - без оглед на последиците.
Јован 8:31. Ако пребивате во Моето ______, навистина сте Мои ученици. Јован 14:15 Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди. 1 Јованово 2:4 Кој вели: „Го познав”, а не ги пази Неговите заповеди, лажец е и вистината не е во него.
Забелешка: Најдобра демонстрација на нечија љубов кон Исуса е да се твори Неговата волја, а Божјиот Закон е најсовршениот израз на Неговата волја (Псалм 40:8).
Матеј 6:2. За да бидат ________ од луѓето. Матеј 6:5 За да ги видат луѓето.
Забелешка: Библијата ни вели дека: „човекот гледа на лице, а Господ гледа што е во срцето.“ 1 Самуил 16:7. Вистинскиот христијанин ќе бидат повеќе загрижен за тоа што Бог мисли за него, а не луѓето.
Излез 23:2. Не се _________ по мноштвото, за да правиш зло. Матеј 7:13, 14 Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст, и мнозина се, кои влегуваат низ неа. Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат.
Забелешка: Историјата се чини укажува дека мноштвото скоро секогаш донесувало погрешни одлуки. Мноштвото сакало да го каменува Мојсеја и да се врати назад во ропство во Египет (Броеви 14:4-10). Мноштвото извикувало: „Распнете го, распнете го!“ Лука 23:21. И повторно мноштвото ќе го прими жигот на ѕверот во последните денови (Откровение 13:16).
Марко 7:7, 9. _________ Ме почитуваат, учејќи науки, што се човечки повелби. ... Вие добро ја укинувате - продолжи Тој - Божјата заповед, за да го држите вашето предание!
Матеј 24:9. Сите народи ќе ве _________ заради Моето име. 2 Тимотеј 3:12 А и сите кои сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети. Откровение 12:17 И змевот се разгневи на жената и отиде да војува против другите од нејзиното семе. Откровение 13:15 И да направи да бидат убиени оние, кои нема да се поклонат на ликот на Ѕверот.
Забелешка: Во последните дни, сатаната заедно со своите следбеници ќе поведе сеопфатна војна против Божјите вистински, библиски верници.
Матеј 6:24. Никој не може да им служи на два господара; зашто или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го _____; или ќе му биде приврзан на едниот, а другиот ќе го презира. Матеј 12:30 Кој не е со Мене, тој е против Мене.
Забелешка: Во оваа битка помеѓу Христа и сатаната, не постои неутрална територија. Не е можно да бидеме само набљудувачи. Ако не соработуваме со Исуса, ние всушност му помагаме на ѓаволот.
Матеј 10:37. Кој го љуби таткото или _______, повеќе од Мене, не е достоен за Мене, и кој го љуби синот или ќерката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене. Лука 14:26 Ако некој дојде при Мене, а не ги намрази (ги сака помалку): татка си и мајка си, и жена си, и децата, и браќата и сестрите, па и својата сопствена душа, не може да биде Мој ученик. Матеј 12:50 Зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.
Забелешка: Исус овде укажува на фактот дека најдобриот начин да се допре до нашите мили и тие да се спасат е ако Тој е на прво место во нашите животи. Секогаш се случува трагична грешка кога ги ставаме на прво место нашите природни чувства кон некој од семејството или кон пријател пред нашата прва должност што треба да ја имаме кон нашиот Спасител и Создател.
Матеј 16:26. Зашто, каква полза ќе има човек ако го придобие целиот _____, а на својата душа и напакости? Или што ќе даде човек во замена за својата душа? Лука 12:15 Зашто животот на човекот не се состои во изобилството на неговиот имот!
Забелешка: Верувањето дека среќата и сигурноста доаѓаат од доброто работно место и убавите нешта е опасна измама. Напротив, Исус вели: „Полесно и е на камилата да помине низ иглени уши, отколку богат да влезе во Божјото Царство!“ Марко 10:25
Осија 4:6. Мојот народ _____: нема знаење; зашто ти го отфрли знаењето, и Јас те отфрлам тебе. ... зашто го заборави Законот на Својот Бог, и Јас ќе ги заборавам твоите синови. Евреите 10:26 Зашто, ако грешиме самоволно откако го примивме полното познание на вистината, не останува веќе жртва за гревовите.
2 Солунјаните 2:10-12. И со секаква неправедна измама, за оние кои __________, зашто не ја примија љубовта кон вистината за да се спасат. И затоа Бог ќе им испрати заблудна дејност за да и веруваат на лагата, та да бидат осудени сите, кои не поверуваа на вистината, а имаа задоволство во неправдата. Јован 3:19 Судот се состои во ова: Светлината дојде во светот, а луѓето ја засакаа темнината повеќе од светлината, зашто делата им беа зли.
Забелешка: Библијата нè учи дека Исус е вистината (Јован 14:6). Да се прифати или отфрли вистината во било кој начин е да се прифати или отфрли Исус.
Јован 16:2. Ќе дојде час, кога секој, што ќе ве убие, ќе мисли дека Му ______ на Бога.
2 Петрово 2:21, 22. Имено, за нив би било подобро да не го познаваа патот на правдата, отколку, откако го познаа, да се одвратат од светата заповед, која им е предадена. Ним им се случува она што вели вистинската поговорка: „Песот се враќа на својата блувотина,“ и „Искапената свиња се враќа да се ______ во калта.“
Лука 9:23. Ако некој сака да оди по Мене, нека се _______ од себеси и нека го земе својот крст секој ден, и нека Ме следи!
Евреите 4:7. Денес ако го _______ Неговиот глас, не закорувајте ги вашите срца. Евреите 2:3 Како ќе и избегаме ние, ако занемариме толкаво голема спасение? 2 Коринтјаните 6:2 Еве, сега е благопријатното време, ете, сега е денот на спасението!
Забелешка: Најдобро време да се послуша Божјиот глас е тогаш кога го слушате, и најдобро време да се твори Божјата волја е тогаш кога Тој ви ја покажува Својата волја. Популарната стапица на сатаната е да ги мами луѓето со помислата дека има доволно време за да се донесе одлука. Ѓаволот знае дека осведочувачкиот глас на Божјиот Дух ќе стивне доколку се занемари. Многу милиони ќе бидат изгубени кои искрено планирале да тргнат по Исуса некој ден во иднина, но „тој ден“ никогаш не дошол.
Псалм 119:165. Оние кои го љубат Твојот Закон, уживаат голем ____, не се сопнуваат на ништо. Јован 8:32 И ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи. 1 Петрово 1:22 Откако преку Духот ги очистивте вашите души во послушност кон вистината.
Забелешка: Голем мир, сигурност и слобода има во срцата и животите на оние кои ја примаат и и се послушни на вистината.
Јован 21:17. Му рече по третпат: „Симоне Јонин, Ме ______ ли?”
Забелешка: Ова е најважното од сите прашања кога се работи за целосната преданост на Божјата волја. Дали Го сакате?