Амос 3:7. Господ Бог не прави ништо а да не им ги открие Своите намери на Своите слуги - ________.
Одговор: ____________________
Матеј 24:11. И ќе се јават многу ______ пророци и ќе заблудат мнозина. Дела 2:17 Во последните денови - вели Господ - ќе излеам од Својот Дух на секое тело, и вашите синови и вашите ќерки ќе пророкуваат.
Забелешка: Да, во последните денови ќе има и вистински и лажни пророци. Библијата уште учи и дека пророци можат да бидат и мажи и жени.
Второзаконие 18:10. „Кој би се бавел со _______.“ Второзаконие 18:10. „Ни кој гата по ѕвезди (астролог).“ Второзаконие 18:10. (Дан-Караџић) „...и волшебништво.“ Второзаконие 18:10. „...вражање.“ Второзаконие 18:10. „Никој кој би баел.“ Второзаконие 18:11. „...кој би повикувал духови и души на предците.“ Второзаконие 18:11. „...кој би се обраќал на покојниците.“ Второзаконие 18:11.
Забелешка: Во Второзаконие 18:9-12 се вели дека сите оние што прават такви работи се „гад“ во Божјите очи. Од овие причини христијаните не треба да имаат ништо со тоа.
Откровение 12:17. И змевот се разгневи на жената и отиде да војува против другите од нејзиното семе, против оние, кои ги пазат Божјите заповеди и го имаат Исусовото _________. Откровение 19:10 Јас сум сослужител твој и на твоите браќа, кои го имаат Исусовото сведоштво. Поклони Му се на Бога, зашто Исусовото сведоштво е духот на пророштвото.
Забелешка: Како што научивме во лекција 17, Божјата црква на остатокот го има „Исусовото сведоштво“, кое е „духот на пророштвото“. Ако ги споредиме Откровение 19:10 со Откровение 22:9, ќе видиме дека ангелот ги одредува Јовановите „браќа“ кои го имаат духот на пророштвото како „пророци“ и како „оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга“. Во 1 Коринтјаните 1:5-8, Павле пишува дека црквата ќе го има „Христовото сведоштво„ и дека не е „во недостаток од ниеден дар“ се до второто Христово доаѓање. Значи Божјата црква на остатокот навистина и понатаму ќе го има дарот на пророштвото.
Броеви 12:6, 8. Ако се најде пророк среде вас, Јас му се јавувам нему во _______, му говорам на сон. .... Јас му зборувам нему уста во уста. Захарија 4:1 Ангелот, кој зборуваше со мене, се врати тогаш и ме разбуди како човек кој се буди од сон.
Забелешка: Господ на Своите пророци им се обраќа во виденија, преку сон, лице в лице и преку ангели. Кристалните топки, читањето од дланка, набљудувањето на ѕвездите, тврдењето дека разговарате со мртви, не се Божји методи на комуникација со пророкот.
Откровение 16:14. Имено, тоа се ________ духови, кои прават чуда и одат при царевите на целиот свет.
Забелешка: Не, чудата не се доказ дека некој е вистински пророк. Тие докажуваат само едно нешто - натприродна сила. Но натприродната сила може да потекнува или од Бога или од сатаната. Затоа Господ ни вели: „Не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите - дали се од Бога, зашто многу лажни пророци излегоа во светот.“ 1 Јованово 4:1.
Исаија 8:20. Покрај _______! Покрај сведоштвата! Ако не зборуваат според ова слово, нема светлина во нив.
Забелешка: „Законот и сведоштвата“ е старозаветен израз за „Библијата“. Со други зборови, пораката на некој кој тврди дека има пророчки исказ од Господа мора да се спореди со Библијата. Мораме да го провериме пророкот со Библијата а не обратно. Секој вистински Божји пророк секогаш целосно ќе биде во согласност со Библијата. Ова е вистински тест.
1 Јованово 4:2. По ова познавајте го Духот на Бога: секој дух кој исповедува дека ______ Христос дојде во тело, од Бога е.
Забелешка: Божјиот пророк мора да ја признава и да ја учи вистината за Исуса Христа - дека Тој беше Бог во човечки облик. Вистинскиот пророк исто така треба да го велича Исуса, а не себе. Повеќето лажни пророци сакаат да го привлечат вниманието кон себе и сопствените идеи наместо кон Божјата реч.
Матеј 7:16. Ќе ги препознаете по нивните ________.
Забелешка: Ова не значи дека пророкот треба да биде совршен. Божјите пророци секогаш имале свои недостатоци. Но сепак, мора да постои доследност на она што пророците го учат со она што тие го живеат.
Еремија 28:9. Но за пророкот што пророкува мир можеш да знаеш дека навистина го испратил Господ откако ќе се _______ неговиот пророчки збор.
Забелешка: Вистинскиот пророк нема да дава лажни претскажувања. Ако пророкот е од Бога, работите што тој или таа ги вели ќе се исполнат. Но, точноста сама по себе не ја квалификува автоматски личноста за пророк. Во Второзаконие 13:1-3 стои предупредување дека лажните пророци можат да изнесат знак или чудо кои ќе се исполнат а потоа ќе го искористат своето влијание да ги заведат луѓето да следат други богови. Вистинскиот пророк мора да ги води луѓето да му служат на Бога онака како што тоа Библијата го вели.
1 Солунјаните 5:20, 21. Не презирајте ги пророштвата, _________ сè, задржувајте го доброто.
Забелешка: Павле кажува дека не смееме да го презираме или отфрлиме дарот на пророштвото. Наместо тоа, ние мораме да ги проверуваме пророчките пораки со Библијата и да го прифаќаме и следиме она што е добро.
Лука 7:28-30. Нема ниеден поголем пророк од Јована Крстител;... И сите луѓе, што слушаа, па и митниците, Му благодареа на Бога .... а фарисеите и закониците го отфрлија советот _____ за нив.
Забелешка: Кога ги отфрламе зборовите на вистинскиот пророк, ние всушност го отфрламе Божјиот совет. Навистина сериозна мисла! Библијата ни вели да ги слушаме Божјите пророци и ветува дека сите оние кои ги следат советите на вистинскиот пророк ќе успеат. 2 Летописи 20:20 Верувајте Му на Господа, вашиот Бог, и бидете цврсти; верувајте им на пророците Негови и ќе имате успех.
Дополнителен материјал за проучување
Пророк на модерното времеВо декември 1844 година, група млади девојки од Методистичката црква беа клекнати на молитва во Портланд, Мејн. Тогаш Елен Хармон - 17 годишна девојка со кревко здравје ќе ја прими својата прва визија. Додека Елен (подоцна Елен Вајт, откако ќе се омажи за млад проповедник по име Јаков Вајт) раскажувала што и открил Бог, таа ќе продолжи да прима визии и соништа во наредните 70 години - сè до нејзината смрт во 1915 година.Како што било тоа и со библиските пророци, и Елен Вајт за време на своите визии доживувала одредени физички феномени. Како и пророкот Даниел, таа не дишела додека била во визија и на почетокот ја губела својата сила (Даниел 10:8, 17). Некои од нејзините визии траеле и по четири часа, но таа за целото тоа време не дишела. Докторите кои ја испитувале додека била во визија сведочат за овој факт.Друг пат пак, добивала физичка сила (Даниел 10:18, 19). Иако Елен тежела само 40 килограми, луѓе што ја виделе сведочат дека за време на визија во својата испружена рака држела Библија тешка 8 килограми цели 30 минути. Овој и други физички феномени покажуваат дека во искуството на еден пророк се случуваат натприродни работи. Но и покрај тоа, тие не ни кажуваат дали пророкот е од Бога или од сатаната. Кога се соочени со натприродни тврдења за пророчкиот дар, христијаните мораат да го испитаат тврдењето на Библијата за да бидат сигурни дали тој дар е вистинит.Примена на четирите библиски тестаАјде заедно да видиме дали животот и службата на Елен Вајт ги исполнуваат четирите библиски теста за вистински пророк.Прв тест - Во хармонија со БиблијатаАко прочитате една од книгите на Елен Вајт, ќе откриете дека таа доследно ве упатува на Библијата и е во целосна согласност со неа. Но и покрај тоа, таа не ги сметала своите списи како додаток на Библијата. Нивната цел е да го насочи вниманието на Божјиот народ на Библијата и да ги врати на самата Библија како на единствен извор на вистината. Обратете внимание на јасната изјава на Елен Вајт дека Библијата е единственото правило на верата: „И во нашите денови постои силна тенденција да се напушти вистинската вера и нејзините прописи и затоа е потребно да се вратиме на големото протестантско начело: Библијата, и само Библијата, треба да биде правило на верата и должностите.“1Таа исто така напишала: „Напишаните сведоштва не се за да дадат нова светлина, туку за јасно да ги втиснат во срцето веќе откриените вдахновени вистини. Човековата должност кон Бога и кон ближните е јасно назначена во Божјата реч но сепак само неколку од вас се послушни на дадената светлина. Не е објавена дополнителна вистина туку Господ преку Сведоштвата ги поедноставил веќе дадените големи вистини и на Свој начин ги објавил пред луѓето за да ги разбуди и за да им ги всади во умот, за да никој не може да има изговор.“2Иако Елен Вајт ја истакнува неопходноста да се свати дека нејзините списи никогаш не треба да бидат сметани како дел од Библијата, и покрај тоа тие се вдахновени. Мнозина од големите Божји пророци - како што се Илија, Елисеј и Јован Крстител - биле вдахновени, па сепак тие не напишале ниту една книга од Библијата. Списите на Елен Вајт можат да бидат опишани како помала светлина која води кон поголемата светлина, Библијата. Тие делуваат како вдахновени коментари на Библијата, но Библијата сеуште го задржува приматот на супериорен авторитет.Втор тест - Поучува за Исуса ХристаКнигите на Елен Вајт, како што се: Копнежот на вековите, Христовите параболи, Патот кон Христа и Мисли од гората на блаженствата, сите укажуваат на тоа дека таа го исполнува и овој тест. Таа во овие книги не зборува ништо за себеси, туку постојано ги насочува читателите на Христа.Трети тест - Побожен животДневниот печат, коментирајќи ја смртта на Елен Вајт, напишал: „Животот на госпоѓа Вајт е пример кој е вреден да биде копиран од сите нас. ..... Таа беше понизен, побожен Христов ученик, и секогаш правеше добро. .... Таа беше почитувана и респектирана од сите оние кои ја признаваат благородната жена посветена на несебична работа за издигнување и подобрување на човечкиот род. Нејзината смрт го означува повикот на уште еден познат лидер на религиозната мисла, на некој чии скоро деведесет години беа преполнети со добри дела, љубезни зборови и искрени молитви за целото човештво.“3Четврти тест - Точни пророштваНеколку идни пророштва што биле проречени од Елен Вајт можат многу лесно да бидат потврдени. Следново предвидување е налик на она што денешните весници го пишуваат, но е напишано пред да биле измислени многу модерни средства за патување. „Железничките несреќи ќе стануваат се почести конфузија, судири и смрт без момент на предупредување ќе се појавуваат на големите железнички линии.“4Елен Вајт живеела во време кога докторите препорачувале да се пуши тутун за оние кои имале проблеми со белите дробови. Постоеле различни медицински мислења, но немало никаков научен доказ. Нутриционизмот бил непозната наука. Па сепак во едни вакви околности, Елен Вајт напишала цели томови од сферата на здравјето и исхраната. Доктор Клајв Мек-кеј, поранешен професор по нутриционизам на Универзитетот Корнел, ја потврдил точноста на списите на Елен Вајт во областа на исхраната: „И покрај тоа што делата на госпоѓа Вајт се напишани многу пред појавата на модерниот научен нутриционизам, денес не постои подобар севкупен водич.“5Библијата претскажала дека во последните денови ќе се појави пророчки дар. Доказите покажуваат дека Елен Вајт ги исполнува сите библиски специфики на вистински пророк. Би сакале да ве охрабриме да си набавите и прочитате некои од нејзините списи следејќи ја библиската наредба: „Не презирајте ги пророштвата, испитувајте сè, задржувајте го доброто.“ 1 Солунјаните 5:20, 21.1The Great Controversy (Mountain View, CA: Pacific Press, 1950), p. 204, 205.2 Testimonies for the Church (Mountain View, CA: Pacific Press, 1949), Vol. 2, p. 605.3 Star (St. Helena, California), July 23, 1915.4 Messages to Young People (Washington, DC: Review and Herald, 1930), p. 90 (reprinted from article in The Signs of the Times, April 21, 1890).5 Clive M. McCay, "A Nutritional Authority Discusses Mrs. E.G. White," Review and Herald, February 26, 1959, p. 10.