Откровение 12:1, 2, 5. _______, облечена со сонцето и месечината под нејзините нозе, а на нејзината глава круна од дванаесет ѕвезди, и беше бремена и викаше од породилни болки и маки. .... И роди машко Дете, син, кој ќе им биде на сите народи Пастир со железно жезло. И нејзиното Дете беше однесено при Бога и при Неговиот престол.
Одговор: ____________________
Забелешка: Во библиските пророштва Божјата црква е претставена како чиста жена (Еремија 6:2). Во Откровение 12-та глава, оваа жена е облечена со сонце, месечина и ѕвезди - природните светила што ги создал Бог. Исус и рекол на црквата: „Вие сте светлината на светот.“ Матеј 5:14. Сонцето ја претставува Исусовата светлина (Псалм 84:11; Малахија 4:2). Месечината под нејзините нозе ги претставува сенките на старозаветниот жртвен систем. Како што месечината ја рефлектира сончевата светлина, така и жртвениот систем беше корисен затоа што ја рефлектираше светлината на идниот Месија (Колосјаните 2:16, 17; Евреите 10:1). Дванаесетте ѕвезди над нејзината глава го симболизираат водството на црквата - 12 племиња во Стариот завет и 12 апостоли во Новиот завет. Оној Кој што ќе владее над сите народи со железно жезло е Исус (Псалм 2:7-9); Откровение 19:13-16).
Откровение 12:9. И беше исфрлен големиот змев, старата змија, наречена ѓавол и ________. Откровение 12:4 И змевот стоеше пред жената, која требаше да роди, за да и го проголта Детето кога ќе роди.
Забелешка: Змевот е сатаната, кој во времето кога се родил Исус делувал преку паганската Римска империја. Сатаната дејствувал преку Ирод, тогашниот владетел, во обидот да го убие детето Исус погубувајќи ги сите бебиња во Витлеем (Матеј 2:16).
Откровение 12:5. И нејзиното Дете беше _________ при Бога и при Неговиот престол.
Забелешка: По Неговото воскресение, Исус се вознел на небото кај Божјиот престол (Дела 1:9-11), каде што бил далеку од дофатот на сатаната.
Откровение 12:13. И кога змевот виде дека е фрлен на земјата, почна да ја _____ жената, која го родила машкото.
Забелешка: Кога сатаната немал повеќе можност да ја искажува својата омраза спрема Исуса, решил да го повреди Исуса свртувајќи го својот бес кон црквата.
Откровение 12:6. А жената избега во _________, каде имаше место, што Бог и го приготви, за да ја хранат таму илјада и двеста и шеесет денови.
Забелешка: Жената (Божјата црква) избегала во пустината (оддалечени и пусти места на земјата) за да се сокрие од своите непријатели. Многу добро познат историски факт е дека за време на Мрачниот Среден Век, Божјиот народ се криел по пештерите и пустите места на земјата, вклучувајќи ги и американските брегови, во потрага по религиска слобода и заштита од папското прогонство. 1260-те дена (исто така опишани во Библијата како 42 месеца или три и пол години) се однесуваат на страшниот период од 1260 години прогонство за чие време милиони ги положиле своите животи за својата вера. За време на овој временски период, Божјата црква била жива но не била препознатлива како официјална, видлива организација. (Погледни го додатокот со наслов „Години на прогонство“.)
Откровение 12:17. И змевот се разгневи на жената и отиде да војува против другите од нејзиното семе, против оние, кои ги пазат Божјите ________ и го имаат Исусовото сведоштво.
Забелешка: Божјата црква на остатокот, во која што Тој ги повикува сите, ќе ги држи сите десет Божји заповеди (вклучувајќи ја и саботата). Исто така ќе го има и Исусовото сведоштво, кое што е духот, односно дарот на пророштвото (Откровение 19:10). Господ ја нарекува Својата црква на последокот „остатокот“, затоа што е идентична во доктрините и карактеристиките со апостолската црква. „Остатокот“ е последното останато парче од еден топ платно. Тоа е потполно исто како и првото парче од истиот топ платно.
Јован 14:15. Ако Ме љубите, ќе ги _______ Моите заповеди. 1 Јованово 5:3 Зашто ова е љубовта Божја: да ги исполнуваме Неговите заповеди.
Забелешка: Во нашата воведна сторија, Соломон бил во можност да ја идентификува вистинската мајка по нејзиниот вистински израз на љубов. На истиот начин, вистинската Божја црква ќе може да се препознае по нејзината пожртвувана љубов и желбата да ги исполнува Неговите заповеди.
Откровение 14:7. Бојте се од Бога и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот ____, и поклонете Му се на Оној, Кој го создал небото и земјата, морето и водните извори. Откровение 14:8 И друг, втор, ангел дојде по него, велејќи: „Падна, падна големиот Вавилон, кој ги напои сите народи со страсното вино на своето блудство. Откровение 14:9, 10 И друг, трет, ангел дојде по него, велејќи со силен глас: „Ако некој му се поклони на Ѕверот, и на неговиот лик, и прими ознака на своето чело или на својата рака, и самиот ќе пие од виното на Божјиот гнев, што е налеано чисто во чашата на Неговиот гнев.
Забелешка: Овие три ангелски цитати претставуваат три итни пораки што Божјата црква ќе ги проповеда пред самото Исусово доаѓање.
Откровение 14:6. Имајќи вечно Евангелие, за да им го проповеда на жителите на земјата: и на ______ народност и на секое племе и јазик и народ,
Забелешка: Божјата црква на остатокот оваа тро-ангелска вест ќе им ја проповеда на секоја нација на земјата.
Откровение 12:17. И змевот се разгневи на жената и отиде да војува против _________ од нејзиното семе, против оние, кои ги пазат Божјите заповеди и го имаат Исусовото сведоштво. 1. Ќе се појави и ќе ја врши својата видлива работа откако ќе излезе од пустината во 1798 година (Откровение 12:6, 13-17). 2. Ќе ги учи истите вистини што ги учеле и апостолите, и сите тие ќе бидат во согласност со Библијата (Откровение 12:17). 3. Ќе ги исполнува десетте заповеди, вклучувајќи ја и библиската сабота (Откровение 12:17). 4. Ќе го има духот на пророштвото во своите редови (Откровение 12:17; 19:10). 5. Ќе ја прокламира Божјата тро-ангелска порака со силен глас (Откровение 14:6-14). 6. Ќе биде светско движење (Откровение 14:6). 7. Ќе го проповеда вечното Евангелие, кое е спасение само преку Исуса Христа (Откровение 14:6).
Забелешка: Многу прекрасни христијани се членови на цркви кои не ги исполнуваат седумте горенаведени спецификации. Меѓутоа, една таква црква не може да биде Божји остаток во кој што Тој ги повикува сите Свои искрени чеда, бидејќи Неговата црква на остатокот мора да ги исполнува сите седум спецификации.
Лука 11:9. Барајте, и ќе ________!
Ефесјаните 4:5. Еден Господ, една _____ и едно крштавање.
Забелешка: Само една црква во целиот свет ги исполнува сите овие спецификации - Адвентистичката црква, црквата која ви ги презентира овие предавања. Таа токму во моментов ја проповеда големата тро-ангелска порака од Откровение 14:6-12 насекаде по светот. Има одзив од милиони ширум светот.
Исаија 4:1. И седум жени ќе се фатат за еден маж - во оној ден: „Ќе јадеме свој ____, ќе речат, и ќе се облекуваме во своја облека, дај ни само да го носиме твоето име, симни го од нас сиот наш срам.
Забелешка: Лебот е симбол за Божјата реч (Јован 6:35, 51, 52, 63), облеката е симбол за праведност (Откровение 19:8). Седумте жени во ова пророштво си имаат свој леб (концепт на вистина) и сакаат да си ја задржат сопствената облека (праведност). Тие не ја сакаат совршената облека на Христовата праведност. Сè што тие сакаат е да го носат името Христово, веројатно од причина што Библијата вели: „Нема спасение ниту во еден друг, ниту има друго име под небото, дадено на луѓето, преку кое мора да се спасиме.“ Дела 4:12.
Дела 2:47. А секој ден, Господ ги _________ оние, кои се спасуваа.
Забелешка: Да, да се биде член на Божјата црква на остатокот е императив. Погледнете колку јасно Бог одговара на ова прашање: -Сите сме повикани во едно тело (Колосјаните 3:15). -Тоа тело е црквата (Колосјаните 1:18). -Стануваме дел од тоа тело со крштевањето (1 Коринтјаните 12:13). Денес е императив да се биде член на Божјата црква, како што некогаш во времето на Ное било императив да се влезе во ковчегот. Господ вели: „Влезете: ти и сето твое семејство во бродот.“ Битие 7:1.
Евреите 11:7. Преку вера Ное ..... приготви ________ за спасение на својот дом.
Забелешка: Исус вели дека времето непосредно пред Неговото второ доаѓање ќе биде како Ноевото време (Лука 17:26). Ќе постои само еден начин на спас, исто како што во времето на Ное постоел само еден ковчег.
Јован 10:16. И други овци имам, што не се од овој овчарник; и нив треба да ги доведам, па ќе го _______ Мојот глас и ќе биде едно стадо и еден Пастир. Откровение 18:2, 4 Падна, падна големиот Вавилон, .... Излезете од неа, народе Мој, за да не бидете соучесници во нејзините гревови и да не ги примите нејзините зла.
Забелешка: Исус ќе си ги повика сите верни, искрени следбеници да излезат од Вавилон. Тие ќе го слушнат Неговиот глас, ќе се одзвијат и ќе влезат во Неговата единствена црква на остатокот.
Дополнителен материјал за проучување
Години на прогонство1260-те години на неволји повеќе пати се повторува во Библијата, бидејќи историски беше најлошо време за Божјиот народ (Maтеј 24:21). Кон тоа време се посочува како на 1260 денови, 42 месеци и три и пол времиња или години (Откровение 12:6, 14 13:5 Даниел 7:25). Користејќи се со еврејскиот календар, кој има 360 дена во годината, сите тие времиња сочинуваат една иста количина на време – 1260 години. Еден пророчки ден е еднакво на една буквална година (Eзекиел 4:6 Броеви 14:34).Историјата јасно покажува дека папството беше силата која прогонуваше за 1260 години. Тој период започнал во 538 год.п.н.е. кога папската сила се здоби со врховна власт во христијанството според декретот на римскиот император Јустинијан. Во тој, тој го признал рисмкиот бишоп за глава на сите цркви. Ова писмо стана дел од кодот на Јустинијан, фундаменталниот закон на империјата. Тој период завршил во 1798-та година кога генералот на Наполеон, Александер Бертиер, го пленил папата. Најмалку 50 милиони христијани умреле за својата вера за време на овој период на прогонство.Три критички точкиТри факти од најголема важност за Божјиот народ се посочени во Откровение 12:10-12. Овие факти се:1. Исус го поразил сатаната, обвинителот на браќата, на крстот. 2. Сите ние можеме да го победиме него преку Исусовата крв и споделувањето на на нашите сведоштва. 3. Ѓаволот е разгневен затоа што знае дека неговото време е кратко. Не можеме да очекуваме тој да се однесува како џентлмен. Тој е нашиот најогорчен непријател.Порака е дека Исус, кој го победил сатаната, ни ја нуди Неговата неспоредлива сила како бесплатен подарок. Со Исусовата сила во нашите животи, ние не можеме да промашиме. Гневот на сатаната не треба да нè погоди. Тој е поразен непријател. Тој бил поразен во војната не небото и е исфрлен. Тој бил поразен од Христа на крстот и ја има загубено својата власт. Тој ќе биде легално поразен во својот случај на судот, и тој повторно ќе биде поразен кога ќе го нападне Божјиот свет град. Конечно, тој ќе биде очистен од лицето на земјата во огненото езеро. И, најпрекрасно од сè, Исус ветува дека тој ќе биде поразен во својата огорчена битка да те уништи тебе и мене. Каква извонредна порака на надеж од Христа!