Даниел 8:20. Овенот што го виде - неговите два рога - тоа се царевите на _______ и Персија.
Одговор: ____________________
Даниел 8:21, 22. Влакневиот јарец е царот на _________; големиот рог меѓу неговите очи е првиот цар; скршениот рог и четирите рога што излегоа на неговото место, тоа се четири царства што ќе излезат од неговиот народ.
Забелешка: Јарецот го претставува Грчко-Македонското царство а големиот рог е симбол за неговиот прв владетел, Александар Македонски. Четирите рога ги претставуваат четирите генерала кои завладеале со делови од империјата по смртта на Александар.
Дела 18:2. Клаудиј (Цезар) заповеда сите Јудејци да го напуштат ____.
Забелешка: „Малиот рог“ што ги прогонувал Божјите избраници, осквернувал свети работи и застанал против Исус го претставува Рим - и паганскиот и папскиот. Рим е единствената сила што следела после Грчко-Македонското царство и станала многу голема.
Даниел 8:14. Уште ____ илјади и три стотини вечери и утра; тогаш Светилиштето ќе биде очистено.
Забелешка: Овој период од 2300 дена е најдолгиот пророчки период во Библијата, но почетната точка се дава во следната глава - во Даниел 9:25.
Даниел 8:27. Тогаш јас, Даниел, примрев и бев _______ повеќе денови. .... Бев смутен заради привидот, но никој не го узна тоа.
Забелешка: Даниел длабоко се растажил од она што допрва надоаѓало врз Божјиот народ што се онесвестил и бил болен некое време. Но на почетокот ниту Даниел ниту неговите другари не можеле да ја разберат визијата за 2300-те денови.
Даниел 9:24. ________ седмици им се одредени на твојот народ и на Твојот Свет град, ...... за да им се стави печат на видението и на пророците.
Забелешка: Неколку години откако Даниел ја примил визијата, му дошол Господов ангел да му помогне во нејзиното разбирање. Ангелот додал дополнителни информации вклучувајќи 70 пророчки седмици кои биле „одредени“, а се однесувале за Евреите и градот Ерусалим. Господ и дал на својата избрана нација уште една шанса - 490 години можност да ја исполнат својата цел - да му го претстават Месијата на светот (Даниел 9:23, 24).
Даниел 9:25. Знај и разбери: Од мигот кога ќе излезе словото: „Нека се вратат и нека го ______ ___ Ерусалим па до Кнезот Помазаник ќе бидат седум седмици, и тогаш шеесет и две седмици....
Забелешка: Ангелот му рекол на Даниел да започне со пресметување на пророштвата за 2300 денови и 70 седмици од донесување на декретот за реизградба на Ерусалим. Во тоа време Божјиот народ бил под Персиско ропство. Декретот бил донесен во седмата година од царувањето на Артаксеркс, кој започнал да владее во 464 год. пр.н.е (Езра 7:7). Декретот на Артаксеркс во 457 год. пр.н.е бил единствениот кој се однесувал конкретно на реизградбата на Ерусалим.
Дела 10:37, 38. Вие знаете што се случи ...... по крштавањето што го проповедаше Јован; Го знаете Исуса од Назарет, како Бог Го ________ со Светиот Дух и со сила.
Забелешка: Да, било. Неверојатно чудо. Стотици години пред Исус да биде помазан со Свети Дух, настанот бил претскажан преку пророштво! „Месија“ е еврејски збор за „помазан“, а зборот „Христос“ го означува истото, но на грчки јазик. Во Лука 3:21, 22 ни се вели дека посебното помазание со Светиот Дух се случило за време на Неговото крштевање. Овде е клучот за разбирање! Во библиските пророштва, еден пророчки ден е еднаков на една буквална година (Броеви 14:34; Езекиел 4:6; Лука 13:32). Додавајќи 69 седмици или 483 пророчки дена (69 Х 7 = 483) на 457 год. пр.н.е. доаѓаме до 27 година после Христа. 483 години +457 почетен датум = 26 год. по Христа +1 година за периодот од 1 год. пр.н.е. - 1 год. по Христа (немало нулта година) = 27 год. по Христа Исус својата месијанска служба ја започнал после Своето крштевање во 27 година, точно 483 години откако бил даден декретот во 457 год. пр.н.е. Поради тоа после крштевањето Исус започнал да проповеда: „Времето се исполни, и наближи Божјото Царство.“ Марко 1:15. Тој притоа мислел на пророчкото време од Даниел 9:25
Даниел 9:26, 27. А по шеесет и две седмици Помазаникот ќе биде ________, но не за себе. .... И ќе склучи сојуз со мнозина за една седмица: а во половината на седмицата ќе прекрати жртвата и приносот.
Забелешка: Пророштвото потоа предвидело дека Исус ќе биде „погубен“, односно распнат, во половината од последната седмица од пророштвото на 70 седмици. Сметајќи три и пол години од Неговото помазание кое се случило во 27-та година есента ќе дојдеме до 31-та година на пролет, кога точно Исус бил распнат. Во моментите кога умрел, завесата во храмот се расцепила на два дела одозгора па надолу (Матеј 27:50, 51), укажувајќи на тоа дека Исус ставил точка на жртвениот систем со Неговата смрт како Јагне Божјо. Ве молиме повторно погледнете го временскиот дијаграм погоре.
Матеј 10:5, 6. Не одете по пат кај народите, ..... туку одете подобро кај изгубените овци на __________ дом.
Забелешка: Исус инсистирал Неговите ученици најнапред да им проповедаат на Евреите, затоа што ним им преостанувале уште три и пол години можност од 490-те години што им биле дадени за да го прифатат и да го прокламираат Месијата. Пророштвото во Даниел 9:27 вели дека Исус ќе го утврди заветот, односно големиот план на спасение, со мнозина за една пророчка седмица (седум буквални години). Но Исус бил распнат во средината на последната седмица која била одредена за Неговиот избран народ, па според тоа на кој начин можел да го утврди заветот со нив после Својата смрт? Одговорот може да се најде во Евреите 2:3, „Како ќе и избегаме ние, ако занемариме толкаво голема спасение, кое почна со Господовото проповедање, а кое е потврдено на нас од оние, кои го чуле.“ Исусовите ученици им проповедале на Евреите во последните три и пол години, се додека народот официјално не го отфрлил Евангелието во 34-та година кога праведниот ѓакон Стефан бил каменуван. (Погледнете го додатокот со наслов „Колебливата седмица“)
Матеј 21:43. Затоа ви велам, дека ќе ви биде _________ Божјото Царство и ќе му биде дадено на народ, кој ќе ги донесува неговите плодови!
Забелешка: Исус бил јасен дека специјалниот статус што го уживал еврејскиот народ ќе му биде одземен доколку луѓето упорно го отфрлаат Месијата.
Галатјаните 3:29. А ако сте пак вие __________, тогаш сте Авраамово семе, наследници по ветувањето. Римјаните 2:28, 29 Зашто не е Јудеец оној, кој е тоа надворешно, .... туку Јудеец е оној, кој е тоа во внатрешноста.
Забелешка: Од 34-та година со каменувањето на Стефан (Дела 7:58, 59), Израелскиот народ престанал да биде од Бога избран. Од причина што Израелците постојано го отфрлале Божјиот план за нив, тие не се повеќе во центарот на вниманието на пророштвата за последното време. Сега сите оние што го прифаќаат Исуса се Негов избран народ, а ветувањата што Бог му ги упатил на буквалниот Израел сега се однесуваат исто така и на духовниот Израел (Римјаните 9:6-8).
Даниел 8:14. Одговори: Уште две илјади и три стотини вечери и утра; тогаш ____________ ќе биде очистено.
Забелешка: Во 34-та година, остануваат 1810 години од пророштвото за 2300 денови. (Обрнете внимание на датумите на горниот дијаграм.) Ако додадеме 1810 години на 34-та година ќе дојдеме до 1844-та година. Ангелот кажал дека во тоа време, ќе биде очистено небесното светилиште. (Земното светилиште било уништено во 70-та година.) Исус, нашиот Првосвештеник на небото (Евреите 4:14-16; 8:1-5), започнал да го отстранува записот на гревот од небесното светилиште (Откровение 20:12; Дела 3:19-21) во 1844-та година. Оваа прва фаза на судот се нарекува предадвентен суд затоа што се одвива пред второто Христово доаѓање.
1 Петрово 4:17. Зашто е време да почне судот од Божјиот ____.
Забелешка: Оваа прва фаза на судот ги опфаќа само ние што изјавуваат дека се Божји чеда.
Откровение 20:12. На мртвите им беше судено според она што е _________ во книгите. Проповедник 12:14 Зашто сите скриени дела, било добри или зли, Бог ќе ги изведе на суд. Јаков 2:12 Ќе бидат судени по законот на слободата.
Забелешка: Доказите што се презентираат на судот се земаат од книгите што се чуваат на небото, а кои што ги содржат сите детали од животот на една личност. (Погледнете го исто така и Псалм 56:8.) Десетте заповеди, Божјиот Закон, е Неговиот стандард на судот (Откровение 22:14).
Откровение 12:9, 10. Старата змија, наречена _______ .... беше исфрлен на земјата, .... Зашто е отфрлен обвинителот на нашите браќа, кој ги обвинуваше пред нашиот Бог, дење и ноќе.
Забелешка: Не! Сатаната е нашиот единствен обвинител. За жал, некои христијани мислат дека Исус се обидува да го убеди Таткото да не поштеди за време на судот , но Исус вели: „Зашто Самиот Татко ве љуби.“ Јован 16:27
1 Јованово 2:1. Дечиња мои, ова ви го пишувам за да не згрешите; и ако некој згреши, имаме Бранител при Таткото: _____ Христа, Праведникот.А. Исус е наш адвокат (1 Јованово 2:1). Б. Исус е нашиот судија (Јован 5:22). В. Исус е нашиот верен и вистинит Сведок (Откровение 3:14).
Забелешка: За среќа, не. На судот, Исус е адвокат, судија и сведок. Ако живеете за Христа, не можете да изгубите (Римјаните 8:1; Колосјаните 1:12-14)!
Дополнителен материјал за проучување
Некои проучувачи на Библијата ја издвојуваат последната седмица (или седумте буквални години) од пророштвото на Даниел за 490-те години и тоа го употребуваат во контекст на делувањето на антихристот на крајот на времето и седумте години на неволји. За вакво нешто не постои библиска поткрепа. Ајде да погледнеме неколку факти:A. Пророштвото за 490 години е целосен временски период, како што биле 70-те години на прогонство за Божјиот народ споменати во Даниел 9:2.Б. Почетна точка за седумте последни години на пророштвото беше крштевањето на Исус (27 год.н.е.). Тоа е причината зашто Тој почнал да проповеда, „Се исполни времето.“ Maрко 1:15.В. Во моментот на својата смрт на крстот, во пролетта 31 година од нашата ера, Исус извика, "Свршено е." Спасителот тука јасно посочува на претскажувањата за Неговата смрт, споменати во Даниел 9 глава. Tие се следните:1. "Meсијата" ќе биде "погубен," или распнат (стих 26).2. Тој ќе "причини жртвата и приносот да прекрати" умирајќи за сите како вистинско Божје Јагне (стих 27 1 Коринтјаните 5:7 15:3).3. Тој ќе "овозможи помирување за гревовите" (стих 24).Неговото доаѓање како проречен Месија, точно на време, докажа дека сите датуми на целото пророштво од 490 и 2300 години се беспрекорни и целосни.