Media Library »

Storacles

separator

Небесен модел

Небесен модел
Introduction
Небесен модел
Никогаш порано Господ не покажал толку големи знаци и чуда како кога Ги извел Израелците од египетското ропство. Зло по зло удирале врз царството на Фараонот сè додека тој не бил присилен да ги ослободи своите робови. Потоа Господ го разделил Црвеното море и ја повел младата нација кон слободата, а непријателите ги потопил позади нив. Откако навлегле во пустината, Господ мнозина од својот народ ги изненадил поведувајќи ги кон југ - во правец од ветената земја. Господ знаел дека пред да бидат спремни да го добијат своето наследство, мораат да бидат организирани и научени да имаат доверба во Него. Додека патувале кон Синајската планина, Господ се погрижил за сите нивни потреби. Кога биле гладни, Господ ги хранел со леб од небото. Кога биле жедни, Господ им обезбедил вода од карпата. Кога биле ненадејно нападнати од позади, Господ им дал чудесна победа. Конечно, Израелците се собрале во подножјето на планината. Нивниот Бог направил нешто што никогаш порано го немал направено. Тој проговорил со силен глас пред целата нација и го дал Својот завет, Десетте заповеди. Откако Господ јасно и гласно го изговорил Својот Закон, Го повикал Мојсеја да се качи горе на планината Синај за да го прими Законот запишан на камени плочи. Но Господ притоа му дал и нешто друго. Додека Мојсеј бил на планината со Господа 40 дена и 40 ноќи, тој примил детални инструкции да изгради убав, подвижен храм за Господа. Тоа ќе биде само мал модел од Неговото вистинско пребивалиште на небото. Оваа единствена градба требало да послужи како три-димензионална поука за целиот свет за Божјиот план за спасение од гревот


1. Што побарал Господ од Мојсеја да изгради, и зошто?

1. Што побарал Господ од Мојсеја да изгради, и зошто?

Излез 25:8. Нека Ми изградат Светилиште, за да можам да __________ меѓу нив.


Одговор:  ____________________

2. Што очекувал Бог да научи Неговиот народ од светилиштето и неговите служби?

2. Што очекувал Бог да научи Неговиот народ од светилиштето и неговите служби?

Псалм 77:13. Боже твојот ____ е во Светилиштето.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Божјиот пат, или план, за спасение бил откриен во земското светилиште. Сè во светилиштето, или поврзано со службите во него, било симбол на нешто што Исус ќе го стори за нашето спасение. Ние не би можеле целосно да го разбереме планот на спасението се додека не го разбереме светилиштето и неговите служби. Тоа било една огромна три-димензионална поука која го објаснува процесот на спасение.

3. Каде го добил Мојсеј нацрт-планот за светилиштето?

3. Каде го добил Мојсеј нацрт-планот за светилиштето?

Излез 25:40. Внимавај! Направи ги според ________ што ти беше покажан на гората.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Нацрт-планот за светилиштето, со сите спецификации за негова изградба, на Мојсеј му го дал Господ на Синајската гора (Евреите 8:5). Тоа требало да биде минијатурен приказ на Божјето вистинско светилиште на небото.



Првото светилиште, или шатор, била една елегантна градба во вид на шатор (5m на 14m). Таму пребивало натприродното Божјо присуство и се одвивале посебни служби. Ѕидовите биле направени од багремови исправени даски поставени на сребрени подножја и опковани со злато (Излез 26:15-19, 29). Покривот бил направен од четири слоја на покривала - лен, козина, црвено обоена овновска кожа и кожа од јазовец (стихови 1, 7, 14). Имало две простории: светина (5m на 9m ) и Светина на светините (5m на 5m). Почесто упатувајте се на горниот дијаграм додека ја проучувате оваа лекција.

4. Што имало во предворјето?

4. Што имало во предворјето?

Излез 29:18. И тогаш изгори го целиот овен на ___________. Тоа е жртва паленица во чест на Господа.

Излез 30:18 Направи мијалник од бронза ..... Тури вода во него.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Жртвеникот (Излез 27:1-8) било местото каде што се принесувале жртвите. Тој се наоѓал во предворјето веднаш спроти влезот во светилиштето. Овој жртвеник го претставувал Христовиот крст. Жртвеното животно го претставувало Исуса, најголемата жртва (Јован 1:29). Мијалникот (Излез 30:17-21; 38:8) претставувал широк бронзен басен и се наоѓал помеѓу влезот на светилиштето и жртвеникот. Тука свештениците си ги миеле рацете и нозете пред да влезат во светилиштето или пред да положат жртва. Водата го претставува крштевањето, чистењето на гревот и новото раѓање.

5. Кои три елементи се наоѓале во светињата?

5. Кои три елементи се наоѓале во светињата?

Броеви 4:7. Преку масата за ________ _______ нека распрострат сино платно.... Лебот на постојаниот принос нека биде исто на него.

Броеви 8:2 Кога ќе ги палиш светилките, седум светилки нека светат на предната страна на светилникот.

Излез 30:1 Направи и жртвеник за палење на темјан; направи го од багремово дрво.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Масата за лебни приноси (Излез 25:23-30) го претставувала Исуса, лебот на животот (Јован 6:51). Седмокракиот светилник (Излез 25:31-40) го претставувал Исуса, светлината на светот (Јован 9:5; 1:9). Светилниците со масло го симболизирале Светиот Дух (Захарија 4:1-6; Откровение 4:5). Кадилниот олтар (Излез 30:1-8) ги претставувал молитвите на Божјиот народ (Евреите 5:7).

6. Кој посебен предмет се наоѓал во Светината на светините?

6. Кој посебен предмет се наоѓал во Светината на светините?

Излез 26:34. Стави го Шаторот над __________ на сведоштвото во Светината над светините.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Единствениот предмет во Светината на светините (Излез 25:10-22) бил Ковчегот на заветот, ковчег направен од багремово дрво прелиен со злато. На ковчегот биле поставени два ангела направени од чисто злато. Капакот од ковчегот се нарекувал престол на милоста (Излез 25:17-22), каде што пребивало Божјото присуство. Ова место го симболизирало Божјиот престол на небото, кој исто така е лоциран помеѓу два ангела (Псалм 80:1, Исаија 6:1, 2).

7. Што има внатре во ковчегот?

7. Што има внатре во ковчегот?

Излез 25:21. И стави го поклопецот одозгора над ковчегот, а во ковчегот положи ги ________, што ќе ти ги дадам Јас.

Второзаконие 10:4, 5 И напиша Тој (Господ) на тие плочи, како и порано, Десет заповеди .... Се свртив и слегов од гората. Ги положив плочите во ковчегот што го направив. И останаа таму, како што Господ ми нареди.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Господ ги запишал Своите заповеди со сопствениот прст на две камени плочи, и тие биле ставени во ковчегот. Престолот на милоста бил над нив, што значело дека се додека Божјиот народ ги признавал и оставал гревовите (Пословици 28:13), над нив би се протегала милост преку крвта која била прскана од страна на свештеникот врз поклопецот (Левит 16:15, 16). Крвта ја претставувала крвта што Исус ја пролеал за да им обезбеди на луѓето прошка и прочистување (Матеј 26:28; Евреите 9:22).

8. Зошто требало да бидат жртвувани животни во службите на старозаветното светилиште?

8. Зошто требало да бидат жртвувани животни во службите на старозаветното светилиште?

Евреите 9:22. Без пролевање на ____ нема проштавање.

Матеј 26:28 Зашто ова е Мојата крв на Заветот, која се пролева за мнозина, за проштавање на гревовите.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Жртвувањето животни било неопходно за да им помогне на луѓето да разберат дека без Исусовата крв која се пролеала на крстот, не може да има прошка за гревовите. Шокантната вистина е дека казната за гревот е смрт. Бидејќи сите ние сме згрешиле, сите ќе умреме - и сите треба да умреме, но Исус го даде Својот совршен живот умирајќи на наше место за да плати за нашите гревови. Грешникот ќе ја донел сопствената жртва и ќе го заколел животното со сопствените раце (Левит 1:4, 5). Целата сцена била шокантна и крвава, оставајќи им силен впечаток на луѓето за возвишената вистина дека гревот ја предизвикал Исусовата смрт. Така, тие со копнеж гледале нанапред на крстот за своето спасение, додека пак ние гледаме наназад на крстот за нашето спасение. Не постои друг начин на спасение.

9. Што се случувало со гревот кога биле жртвувани животни?

9. Што се случувало со гревот кога биле жртвувани животни?

Левит 1:4, 5. Нека ја стави својата рака на главата на жртвата паленица, за да му биде примена и со тоа да му се _______ вината. Потоа нека заколе јунец пред Господа.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Кога грешникот ќе ги положел своите раце на главата од животното и ќе ги признаел гревовите, тие симболично се пренесувале од грешникот на животното. Така, вината се префрлала на животното и тоа требало да ја плати смртната казна. Ова го претставува Исуса Кој ги зеде врз Себе нашите гревови.

10. Што се случувало со гревот кога била жртвувана жртва за целиот Израел?

10. Што се случувало со гревот кога била жртвувана жртва за целиот Израел?

Левит 4:17. Свештеникот нека го накваси својот прст во крвта и нека ја _________ седумпати предната страна на завесата, пред Господа.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Свештеникот со дел од крвта ја попрскувал предната страна од завесата внатре во светилиштето, така симболички пренесувајќи го гревот од луѓето во светилиштето. Кога Исус се вознел на небото по Својата смрт, Тој ја понудил Својата крв (како што тоа го правел и свештеникот во свое време) за да покаже дека нашите гревови се простени кога се признаваат во Исусово име (1 Јованово 1:9).

11. Кои два симбола од светилиштето ги исполнува Исус за нас?

11. Кои два симбола од светилиштето ги исполнува Исус за нас?

1 Коринтјаните 5:7. Христос, нашето ________ _____, беше жртвувано за нас.

Евреите 4:14 Имаме Голем Првосвештеник, Кој поминал низ небесата - Исуса, Божјиот Син.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Исус служи како жртва за нашите гревови и како наш небесен Првосвештеник, на тој начин исполнувајќи две чудесни работи за нас. Првата е целосната животна промена наречена ново раѓање, со сите минати гревови простени (Јован 3:3-6; Римјаните 3:25). Втората е силата да се живее исправно и во сегашноста и во иднината (Тит 2:14; Филипјаните 2:13). Овие две работи го прават човекот праведен, што значи дека помеѓу него и Бога постои вистинска врска. Не постои начин да може човек да стане праведен со своите дела, бидејќи праведноста доаѓа од милоста што само Исус може да ја обезбеди (Дела 4:12). Тоа е оправдување со вера, кое е единствениот вистински вид на праведност.

12. Кои шест прекрасни ветувања ни ги дава Библијата за праведноста што ни ја нуди Исус?

12. Кои шест прекрасни ветувања ни ги дава Библијата за праведноста што ни ја нуди Исус?

1 Јованово 1:9. Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè _______ од секоја неправда.



А. Тој ќе ги покрие нашите гревови од минатото и нема да ни засмета вина (Исаија 44:22; 1 Јованово 1:9).
Б. Исус ни ветува дека ќе нè обнови во Божјиот лик (Римјаните 8:29).
В. Исус ни дава желба и сила да ја вршиме Божјата волја. (Филипјаните 2:13).
Г. Исус ќе ни помогне да ги вршиме оние нешта што му се угодни на Бога (Евреите 13:20, 21; 1 Јованово 3:22).
Д. Тој ни ја одзема смртната казна припишувајќи ни го Неговиот безгрешен живот и искупителна смрт (2 Коринтјаните 5:21).
Ѓ. Исус превзема одговорност да ни помогне за да нè зачува верни сè до Неговото доаѓање (Филипјаните 1:6, Јуда 24).


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Исус е спремен да ги исполни сите овие прекрасни ветувања во вашиот живот. Дали сте спремен? Паднете на колена и побарајте од Него да го превземе вашиот живот во Свои раце. Тој нема да ве разочара.

13. Дали за да станеме праведни и ние имаме некаков дел?

13. Дали за да станеме праведни и ние имаме некаков дел?

Матеј 7:21. Не секој, што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ ќе влезе во царството небесно, а оној, кој ја ______ волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Да, нашиот дел е да му ги предадеме нашите срца и нашата волја на Исуса и да му дозволиме Тој да владее. Мораме да Му ја довериме целосната контрола над нашите животи. Мнозина веруваат дека Исус ќе ги земе на небо оние кои што само го исповедаат Неговото име, без оглед на нивното однесување. Но ова смртоносно верување не е вистинито (Матеј 7:14).

14. Што се случува на денот на очистувањето?

14. Што се случува на денот на очистувањето?

Левит 16:30. Зашто во тој ден ќе се помоли за вас за да ве ______ од сите ваши гревови пред Господа, и ќе бидете чисти.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Денот на очистувањето бил свечен ден на судот кој во Израел се случувал еднаш годишно (Левит 23:27). Требало да биде признаен и оставен секој грев. Оние кои одбивале да го сторат тоа истиот ден биле исклучувани од израелскиот камп засекогаш (стих 29). На тој ден се избирале два јарца. Едниот бил Господов јарец а другиот бил Азазел, кој го претставувал сатаната (Левит 16:7, 8). Господовиот јарец бил заклан и жртвуван за гревовите на луѓето (стих 9). Неговата крв била носена во светината на светините и била попрскувана пред и врз поклопецот на ковчегот (стих 14).

Првосвештеникот имал право да влезе во светината на светините само на овој посебен ден на судот. Попрсканата крв (која ја претставувала Исусовата жртва) била прифатена од Бога, а покајаните гревови на луѓето биле пренесени од светилиштето на првосвештеникот.

Тој потоа вака покајаните гревови ги префрлал на јарецот (Азазел), кој бил воден во пустината и таму оставан (стихови 16, 20, 22). На ваков начин, светилиштето симболично било очистено од гревовите на народот, кои таму биле пренесени преку попрскувањето на крвта во текот на целата претходна година.

15. Дали стариот ден на очистување е сенка на чистењето на небесното светилиште?

15. Дали стариот ден на очистување е сенка на чистењето на небесното светилиште?

Евреите 9:23. И така, неопходно беше сликите на небесните нешта да се очистат со нив, а самите _______ нешта со жртви подобри од овие.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Да! Службите што се изведувале на тој ден укажувале на чистењето на гревовите од страна на Исус, нашиот Првосвештеник во небесното светилиште. Тој е таму за да посредува за Својот народ и е спремен да ги очисти гревовите на секого што ќе покаже вера во Неговата пролеана крв. Древниот ден на очистување, како и модерниот израелски Јом Кипур, бил сенка на конечното очистување кое ќе биде направено за планетата Земја. Конечното очистување води кон финалниот суд, кој засекогаш ќе го реши проблемот на гревот во животот на секој поединец. Нашата следна лекција покажува како Бог го прецизирал датумот за почеток на небесниот суд. Возбудливо!

16. Дали сакаш својот живот целосно да го ставиш во рацете на Исус за да може Тој чудотворно да те направи праведен?

16. Дали сакаш својот живот целосно да го ставиш во рацете на Исус за да може Тој чудотворно да те направи праведен?



Одговор:  ____________________

Free Bible School

Bible School
Enroll in our Free Online Bible School Today!
Start your first lesson now!


Christian Hymns



Freebie!

Ultimate Resource
Request your free book, Ultimate Resource, today and learn how to study the Bible
Get It Now!


Back To Top