Матеј 3:1, 5, 6. Во тие дни дојде ______ Крстител и проповедаше во пустината Јудејска. ..... Тогаш излегуваа кон него: Ерусалим, цела Јудеја и целата Јорданска околина, и тој ги крштаваше во реката Јордан.
Одговор: ____________________
Забелешка: Случките во Евангелијата започнуваат и завршуваат со крштевање. Очигледно ова е многу важно Исусово учење (матеј 28:18, 19).
Дела 22:16. Стани, ______ ___ и измиј се од своите гревови, повикувајќи го името на Господа.
Забелешка: Библискиот обред на крштевање го симболизира очистувањето на гревот од животот на грешникот, а исто така симболизира и ново раѓање.
Ефесјаните 4:5. Еден Господ, една вера и ____ крштавање.
Забелешка: Најмалку 15 различни обреди денес се нарекуваат крштевање, но според Библијата, постои само едно вистинско крштевање.
Колосјаните 2:12. Откако бевте _______ со Него во крштение, во кое и воскреснавте со Него преку верата во дејството на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.
Забелешка: Грчкиот збор “баптизо“ значи „потопување“ или “нурнување“. Личноста не е крстена сè додека целосно не биде потопена, односно погребана во водата. Зборот „баптизо“ во Библијата секогаш се користи во врска со светиот обред на крштевање. Грчките зборови за “попрскување“ или „полевање“ никогаш не се користат во Библијата.
Марко 1:9, 10. Исус дојде ...... и Јован Го крсти во Јордан. И веднаш, додека излегуваше ___ водата, виде: како се отворија небесата и Духот како слегува над Него како гулаб.
Забелешка: Јован го крштева Исуса со потопување во истата онаа река каде што Нееман беше очистен од својата лепра. Внимавајте на фактот дека тие биле „во“ Јордан (а не на неговиот брег) и дека Исус “излегол од“ водата. Токму заради ова Јован крштевал „во Енон, близу Салим, зашто таму имаше многу вода“ Јован 3:23. Христијаните треба да го следат Исусовиот пример (1 Петрово 2:21), Кој беше крштеван со потопување “да ја исполни сета правда.“ Матеј 3:15.
Дела 8:38, 39. И двајцата - Филип и Етиопјанецот -слегоа во водата. И го крсти. А кога _______ од водата, Господовиот Дух го зеде Филипа.
Римјаните 6:4. И така, преку крштавањето во смртта, погребани сме заедно со Него, - та како што Христос ________ од мртвите преку славата на Таткото, - така и ние да одиме во нов живот.
Забелешка: Крштевањето ги симболизира Христовата смрт, погребение и воскресение. Најнапред имаме умирање за гревот, потоа погребение на стариот грешен живот во водата, и конечно воскресение од водата во нов живот. Крштевањето со потопување целосно се поклопува со симболиката. Умира грешниот живот, потоа следи мала задршка на здивот додека лицето кое се крштева се спушта со телото наназад во водата се додека целосно не биде потопено, односно погребано, во водата. Потоа лицето се подига надвор од водата, земајќи свеж здив како новородено бебе, во комплетно нов живот, симболизирајќи го воскресението. Ниедна поинаква форма на крштевање не одговара на библиската симболика. Некои велат дека ја празнуваат неделата во чест на воскресението, но овој обичај никогаш не се спомнува во Библијата.
Марко16:16. Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде ______; а кој не поверува, ќе биде осуден. Јован 3:5 Ако некој не се роди од вода и Дух, тој не може да влезе во Божјото Царство.
Забелешка: Крштевањето во Библијата е јасно наложено како неопходно. Меѓутоа, кога крштевањето е невозможно, како во случајот на разбојникот на крстот, Исус своето крштевање му го припишува како да било Негово (Матеј 3:15).
Галатјаните 3:27. Зашто сите, кои се крстивте во Христа, се __________ со Христа.
Забелешка: Крштевањето е како обредот на венчавање. Библијата вели: „Зашто сопруг ти е твојот Творец, името Му е Господ над Воинствата.“ Исаија 54:5. Како што жената го прима презимето на својот маж кога се венча, така и христијаните го примаат Христовото име - и од тогаш па понатаму се нарекуваат христијани. Обата обреда мораат да бидат засновани на љубов и преданост за да имаат смисла. Крштевањето е толку неопходно во животот на еден христијанин како што венчавањето е неопходно за еден брак.
Матеј 28:19. Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, ________ ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух!
Забелешка: Петар го послушал ваквиот налог кога на денот на Педесетницата им порачал на покајниците: „Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исуса Христа.“ Дела 2:38.
Дела 2:38. А Петар им рече: _______ __! И секој од вас нека се крсти во името на Исуса Христа за проштавање на вашите гревови; и ќе примите дар од Светиот Дух. А. Разбери ги Исусовите учења (Матеј 28:19, 20) Б. Верувај во сите Исусови учења (Марко 16:16) В. Покај се за изминатите гревови (Дела 2:38) Г. Верувај со сето срце (Дела 8:37) Д. Сложи се дека ќе го оставиш гревот (Лука 3:7, 8; Римјаните 6:5, 6) Ѓ. Прифати го Христа како твој личен Спасител и доживеј го новото раѓање (2 Коринтјаните 5:17; Јован 3:3, 5)
Забелешка: Бидејќи едно доенче не може да исполни ниту еден од горенаведените чекори, очигледно е дека не е библиски да се крштева дете сè додека тоа не порасне доволно за да може да го сфати Евангелието.
Марко 7:8. Вие ја оставате Божјата заповед, а го држите човечкото _________.
Забелешка: Крштевањето со потопување е единствениот начин на крштевање кој се практикувал во библиско време и со столетија после Голгота. Но потоа, заблудени луѓе вовеле нови начини на крштевање кои им биле прикладни. Така, Божјиот свет обред на крштевање бил изопачен а неговото богато симболичко значење замрачено.
Матеј 15:9. Но ______ Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди. Галатјаните 1:8 Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет!
Дела 2:38. А Петар им рече: Покајте се! И секој од вас нека се _____ во името на Исуса Христа за проштавање на вашите гревови; и ќе примите дар од Светиот Дух.
Забелешка: Не! Забележете дека додека Петар проповедал (Дела 10:44-48), Светиот Дух слегол врз сите кои слушале, од кои мнозина не биле крстени. Но иако тие веќе го примиле крштевањето со Светиот Дух, Петар инсистирал истите да бидат крстени исто така и со вода.
Дела 19:2-5. Му одговорија: Не сме ни чуле дека дошол Светиот Дух. Уште им рече: А во што се крстивте? А тие рекоа: Во Јовановото крштавање. А Павле рече: Јован крштаваше покајно крштавање, велејќи му на народот да верува во Оној, Кој ќе дојде по него, односно во Исуса. Кога го _____ тоа, се крстија во името на Господа Исуса.
Забелешка: Еднаш кога Павле проповедал во Ефес, се сретнал со 12 луѓе кои биле крстени со Јовановото крштевање, но кои никогаш и не слушнале за Светиот Дух. Така примајќи нова суштинска светлина, тие биле повторно крстени. На ист начин, доколку лицето целосно го изгубило своето христијанско искуство, тоа треба да биде повторно крстено штом ќе се врати кај Господа. Повторното крштевање е исто така погодно доколку лицето не било крстено со библиско крштевање.
Дела 2:41. И така, се крстија оние, кои го прифатија неговото слово. И во тој ден се __________ околу три илјади души. Дела 2:47 Фалејќи Го Бога беа омилени кај сиот народ. А секој ден, Господ ги додаваше оние, кои се спасуваа. Колосјаните 3:15 Сте и повикани во едно тело. Колосјаните 1:18 Тој е и Глава на Телото, на Црквата.... 1 Коринтјаните 12:13 Зашто ние сите сме крстени преку еден Дух во едно тело.
Забелешка: Библијата е недвосмислена. Сите Божји чеда се повикани во едно тело, а тоа е црквата, а во него влегуваме преку крштевањето. После раѓањето, бебенцето мора да биде згрижено во семејство за да се прехрани, заштити и за да расте.
Лука 7:30. А фарисеите и закониците го отфрлија советот ______ за нив, и не се крстија од него.
Марко 1:9, 11. А во оние дни дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јована во Јордан. ... И се чу глас од небесата: Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата _______.
Забелешка: Кога било кое од Божјите деца ќе се покае за своите гревови и ќе се крсти, тоа е по Негова волја.
Дополнителен материјал за проучување
Пример за крштавањетоИсус не бил крстен бидејќи Тој имал потреба од очистување од грев, затоа што Тој бил безгрешен (1 Петрово 2:22). Тоа е причината зашто Јован Крстителот бил збунет кога Исус побарал да биде крстен од него. Јован рече: "Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти кај мене ли доаѓаш?" Maтеј 3:14.Тогаш зошто Исус бил крстен? Постојат три главни причини. Прво, Тој бил крстен во корист на оние кои не можат да бидат крстени. Некогаш некои луѓе кои го прифаќаат Господа во затвор или во болница, заради околностите не можат да бидат крстени. Исус го уважува Своето крштавање за нив. Крадецот на крстот е еден пример за тоа (Лука 23:43). Второ, Исус бил крстен како пример, за да ние ги следиме Неговите стапки (1 Петрово 2:21). И трето, Исус бил крстен за ние, преку проучување на Неговото искуство, да знаеме што да очекуваме преку вера.За да го илустрираме тоа, да ги земеме следните стихови збор по збор и да видиме што можеме да очекуваме од нашето крштавање. Матеј 3:16 и 17 гласи: "И штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата. Одеднаш Му се отворија небесата и Го виде Божјиот Дух како слегува како гулаб и се спушта над Него. И ете, глас од небесата говореше: Ова е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја.""Небесата се отворија" = Ние добиваме пристап до Бога."Тој виде" = Нашите духовни очи сега се отворени, пружајќи ни ново разбирање и восприемање."Божјиот Дух" = Ние го согледуваме Неговото водство."Слегува како гулаб" = Мирот нежно влегува во нашите срца."Глас од небесата" = Ние ќе почнеме да го слушаме тој тивок, малечок глас."Мојот возљубен син" = Ние сме посвоени во Неговото царско семејство и стануваме жители на една поинаква земја."Кој е по Мојата волја" = Бог целосно нè прифаќа и ни простува.