2 Петрово 2:6. Ги осуди на пропаст градовите _______ и Гомор и ги претвори во пепел, и ги постави за пример на идните безбожници.
Одговор: ____________________
Забелешка: Господ ги уништил тие два града со вечен оган - истиот оган со кој ќе ги уништи злите во пеколот.
Јован 12:48. Словото - што го изговорив - тоа ќе му суди во _______ ___. 2 Петрово 2:9 Господ знае како ...... неправедните да ги запази за казнување до денот на судот. Матеј 13:40-42 Така ќе биде и на свршетокот на векот. Синот Човечки ќе ги испрати Своите ангели, кои ќе ги соберат ..... оние, кои вршат беззаконие, и ќе ги фрлат во огнена печка.
Забелешка: Во горенаведените текстови, Библијата јасно кажува дека злите ќе бидат фрлени во оган на денот на судот на крајот од овој свет - a не тогаш кога умираат.Ова очигледно значи дека сега сè уште никој не се наоѓа во пеколот. Единствено фер судење е доколку никој не биде казнет сè додека за неговиот случај не биде решено на судот. Луѓето се наградуваат или казнуваат при второто Христово доаѓање, никако порано (Откровение 22:12).
Јован 5:28, 29. Доаѓа час во кој сите, кои се во _________, ќе го чујат Неговиот глас и ќе излезат од нив, ....... кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување. Јов 21:30, 32 Нечесниот е поштеден во денот на гибелта ...... А кога на крај ќе го однесат на гробишта, поставуваат стража на неговата гробница.
Забелешка: Библијата со сигурност ни вели дека мртвите зли се чуваат во гробовите сè до денот на воскресението, до самиот крај на светот. Тогаш ќе го слушнат Христовиот глас и ќе излезат од гробовите, а не од пеколот.
Римјаните 6:23. Зашто ______ е плата за грев, но благодатниот Божји дар е - вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ.
Забелешка: Казната за грев не е вечен живот во пеколот, туку сосема спротивното - смрт. Сите ние умираме со првата смрт (Евреите 9:27), но Библијата вели дека смртта со која ќе умрат злите во пеколот е втората смрт (Откровение 21:8). Од првата смрт, сите ќе воскреснат за да примат казна или награда; меѓутоа од втората смрт нема воскресение. Таа е крај. Доколку казната за грев е вечно мачење во пеколот, тогаш Исус не ја платил казната.
Јован 3:16. Та секој, кој верува во Него, да не _______, туку да има вечен живот.
Забелешка: Концептите за пекол и чистилиште не можат да се најдат во Библијата. Библијата учи за две опции - вечен живот или вечна смрт (Второзаконие 30:15).
Псалм 37:10, 20. Уште малку и ќе го снема безбожникот ..... А безбожниците ќе пропаднат, ..... ќе _________ како дим. Малахија 4:1, 3 Доаѓа ден вжарен како печка .... оние, кои постапуваат нечесно, ќе бидат како слама, и ќе ги изгори денот оние што иде .... и ќе ги газите нечестивите, оти тие ќе бидат прав под стапалата на нозете ваши.
Забелешка: Злите во пеколот ќе се претворат во чад. Од нив ќе остане само пепел.
Откровение 20:9. И излегоа на _______ ширина, и го опкружија логорот на светите и возљубениот град; и слезе оган од небото, од Бога, и ги проголта. 2 Петрово 3:10 Вжарените стихии ќе се распаднат и земјата ќе изгори со сите дела што се во неа.
Забелешка: Пеколот ќе биде овде на Земјата, токму Земјата ќе биде таа што ќе изгори.
Откровение 20:10. А ѓаволот, кој ги заблудуваше, беше _______ во огненото и сулфурното езеро.
Забелешка: Не! Далеку од тоа, и тој самиот ќе биде фрлен во огнот. Тој конечно ќе биде претворен „во пепел на земјата“, а Господ вели за сатаната: „Те снема засекогаш!“ Езекиел 28:18, 19.
Исаија 47:14. Не ќе остане ни ______, за да се огрее некој, ни огниште, да поседи покрај него!
Забелешка: Откако гревот, грешниците и сè што е на Земјата ќе биде уништено, огнот ќе згасне. Нема вечно да гори. Со вечното мачење во пеколниот оган нема да биде можно воопшто некогаш да се ослободиме од гревот. Божји план е гревот да се изолира и уништи, а не да се овековечува. Во Откровение 21:5 се вели: „Ете, правам сè ново.“
Матеј 10:28. И не бојте се од оние кои го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Туку бојте се повеќе од Оној, Кој може да ги погуби и ______ и ______ во пеколот.
Забелешка: Мнозина веруваат дека душата никогаш не умира, но Бог два пати вели: „Која душа греши, таа ќе умре.“ Езекиел 18:4, 20. Значи според Библијата, злите ќе бидат уништени во пеколот - и душата и телото.
Матеј 25:41. Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ________ и за неговите ангели!
Забелешка: Целта на огнот е да биде уништен сатаната, неговите зли ангели и гревот. Ако одбијам да се оттргнам од злото на гревот, ќе морам да бидам уништен заедно со него, затоа што ако гревот не биде уништен, повторно ќе ја загади вселената.
Исаија 28:21. Господ ..... ќе се разгневи, ...... за да го изврши делото Свое, необично дело, и да ја заврши работата Своја, Своја ______ работа.
Забелешка: Господ не може да си замисли да ги уништи оние што толку ги сака. „Господ не ..... сака некој да пропадне, туку сите да дојдат до покајание.“ 2 Петрово 3:9. Тој постојано повторува: „И така, обратете се од својот лош пат! Зошто да умрете.“ Езекиел 33:11. Уништувањето на луѓе му е толку страно на Бога што пеколниот оган е наречен „необично дело“. Господ превзема сè што може во Својата желба да спаси. Пред уништувањето, секој од злите ќе признае дека Бог е фер (Римјаните 14:11).
Матеј 3:12. Лопатата е во Неговата рака, и ќе го очисти Своето гумно, и ќе го собере Своето жито во житницата; а плевата ќе ја _______ со неизгорлив оган.”
Забелешка: Не! Неизгорлив оган не може да се угасне . Но и покрај тоа, откако сè ќе изгори, огнот самиот згаснува. Како на пример, во Еремија 17:27 можеме да прочитаме предупредување во кое Господ го предупредува Својот народ доколку е неверен, Тој ќе потпали оган во Ерусалим кој „не ќе угасне“. Библијата тврди дека ова пророштво е веќе исполнето. „Го изгореа Божјиот Дом и го соборија ерусалимскиот ѕид, и ги уништија сите негови скапоцености. .... За да се исполни словото што Господ го рече преку Еремиевата уста.“ 2 Летописи 36:19, 21. Таквиот оган не можел да се угасне сè додека не изгори сè; за да потоа згасне. Денес таквиот оган не гори, иако Библијата го нарекува „неизгорлив“.
Јуда 1:7. Како што Содом и Гомор ....... стојат како пример, трпејќи ја казната на _______ оган.
Забелешка: Мораме да и дозволиме на Библијата самата да се објасни. Во овој стих можеме да видиме дека Содом и Гомор биле уништени со вечен оган како пример за пеколниот оган, но во тие градови денес не гори никаков оган. Тие биле претворени во пепел (2 Петрово 2:6), а тоа е резултатот на вечниот оган. Тој е вечен по своите последици. (Погледни го додатокот со наслов „Богатиот човек и Лазар.“)
Јона 2:6. Околу мене беа _________ земните лостови.
Забелешка: Не. Јона бил во утробата на големата риба три дена и три ноќи (Јона 1:17), па сепак рекол „засекогаш“. Сигурен сум дека му се чинело како цела вечност! Грчкиот збор што се користи во Откровение 20:10 е „аион“, од каде што го добиваме зборот „еон“. Тој често пати претставува неодреден период на време, ограничено или неограничено. Во еден случај, со зборот „засекогаш“ се опишува животот на верниот роб (Излез 21:6), а во еден друг случај значи време од десет генерации (Второзаконие 23:3). За еден човек изразот „засекогаш“ значи „сè додека е жив“ (1 Самуил 1:22, 28).
2 Петрово 3:13. А ние, според Неговото ветување, очекуваме нови небеса и нова _____, во кои пребива правдата. Откровение 21:4 И ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина.
Забелешка: Врз пепелта на овој прочистен свет, Господ ќе создаде нови небеса и нова земја. Тој ветува радост, мир и неопишлива среќа за сите живи суштества низ целата вечност.
Наум 1:9. Неволјата нема да се __________ двапати.
Забелешка: Не! Ветувањето е прецизно. Гревот никогаш повторно нема да се појави. Исаија 65:17 Зашто, еве, Јас создавам нова небеса и нова земја. Поранешните веќе не ќе се спомнуваат, ниту ќе ви доаѓаат на ум.
Јов 4:17. Зар некој смртник е ____________ од Бога?
Забелешка: Ако вашиот син стане закоравен убиец, дали би чувствувале дека треба да биде казнет? Веројатно да. Но дали би сакале еден ден да гори жив во оган, во страшна агонија, и тоа засекогаш? Се разбира не. Вие не би можеле да поднесете такво нешто. Ниту нашиот Господ полн со љубов не би можел да поднесе да гледа како Неговите чеда се мачат. Тоа би било полошо од најлошите воени злостори. Зарем Бог е таков? Не, никако! Вечниот пекол на измачување би бил неподнослив за Господа и дијаметрално спротивен на Неговиот карактер на љубов и правда.
Дополнителен материјал за проучување
Богатиот човек и ЛазарМнозина ја користат параболата за богатиот човек и Лазар во обид да докажат дека луѓето одат веднаш во рајот или во пеколот при својата смрт. Користејќи ја оваа сторија, Исус никогаш немал таква намера. Зборот кој Исус го користел за "пекол" е "Хадес," место на мачење во Грчката митологија.Сите Евреи кои ја слушале оваа сторија би разбрале дека Исус користеше добро познат мит за да илустрира одредена точка. Ако поблиску погледнеме во Лука 16:19-31, брзо ќе видиме дека оваа парабола е полна со симболи кои Исус никогаш не сакал ние да ги разбереме буквално.На пример, дали сите спасени одат во пазувите на Авраам? Не.Дали луѓето во рајот и пеколот ќе можат да зборуваат еден со друг? Не.Дали една капка вода може да го олади јазикот на една личност која гори во пеколот? Не.Дали Авраам одлучува кој ќе биде спасен а кој загубен? Не.На ист начин, оваа парабола не може да се користи за да се поучува дека луѓето кои умираат пред големиот суден ден на крајот на светот одат директно во рајот или пеколот при својата смрт. Joван 12:48 објавува: "Словото што го кажав, тоа ќе го осуди во последниот ден."Но што значи оваа парабола? Богатиот човек бил симбол на еврејската нација, која се гоштевала на Библијата додека питачот при портите – незнабошците – гладуваа за Речта. Исус ја завршил параболата со забележувањето дека "Штом Мојсеј и пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат." Лука 16:31. Навистина, Исус подоцна подигна од мртвите еден човек кој се викал Лазар, и повеќето од еврејските водачи сепак не верувале (Joван 12:9-11).