Media Library »

Storacles

separator

Славното царство

Славното царство
Introduction
Славното царство
Откако Соломон бил поставен како нов цар на Израел, Господ му се јавил на сон и му рекол: „Барај што да ти дадам.“ 1 Цареви 3:5. Младиот цар можел да побара пари, слава, долг живот, но тој не го сторил тоа. Наместо тоа, побарал мудрост за да може праведно да управува со Божјиот народ. Како одговор на неговата понизна и искрена молитва, Господ му дал на Соломон огромна мудрост и проникливост - надминувајќи ги сите луѓе. Згора на тоа Господ го благословил и со слава, богатство и долг живот. За време на Соломоновото владеење, Израел уживал невиден мир и напредок. Во негово време драгоцените метали биле толку многу застапени во Ерусалим што среброто станало секојдневие исто како и камењата (1 Цареви 10:27). Како додаток на величествениот храм од мермер и злато што Соломон го изградил за Бога, изградил и луксузна палата со двор, како и цели градови за да ги вдоми своите коњаници. Раскошни цветни градини со ретки видови на дрвја го разубавувале секој град. Монарси, благородници и царски семејства доаѓале од сите страни на светот да го посетат неговото царство и да донесат подароци. Тие копнееле да ја слушнат проникливата мудрост што Бог ја всадил во срцето на Соломон (1 Цареви 10:24). Една од многуте царски посетители била и богатата и преубава царица од една далечна земја Сава. Таа од прва рака сакала да се увери дали извештаите за израелскиот цар биле вистинити. Царицата од Сава го испробала Соломона со многу тешки прашања, и била запрепастена од неговите брилијантни одговори. Насекаде каде што ќе погледнела била просто воодушевена. Но дури и Израел во својот зенит бил ништо во споредба со славното царство што Господ го подготвил за вас!


1. Што им ветил Исус на своите?

1. Што им ветил Исус на своите?

Јован 14:2. Во Домот на Мојот Татко има многу живеалишта; ..... Одам да ви приготвам _____.


Одговор:  ____________________

2. Што знаеме за местото што Исус ни го подготвува?

2. Што знаеме за местото што Исус ни го подготвува?

Исаија 65:17. Зашто, еве, Јас создавам _____ небеса и нова земја.

Евреите 11:16 Зашто им приготвил град.

Матеј 5:5 Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!

Исаија 65:21 Ќе градат куќи и ќе живеат во нив.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Звучи неверојатно! Бог за својот народ подготвил ново небо, нова земја и нов свет град. Праведните ќе ги наследат славните живеалишта во градот изграден од Исуса (Јован 14:2), и плус прекрасен дом во природа на новата земја што самите ќе си го изградат (Исаија 65:21).

3. Што друго знаеме за светиот град?

3. Што друго знаеме за светиот град?

Откровение 21:16. Градот пак лежи _________, ...... И го измери градот со трската: дванаесет илјади стадии; нејзиниот должина и широчина и височина беа еднакви.

Откровение 21:2 Тогаш јас, Јован, го видов Светиот Град - Новиот Ерусалим, како слегува од небо, од Бога.

Откровение 21:10, 12 И ми го покажа светиот град Ерусалим, како слегува од небото од Бога, .... Имаше голем и висок ѕид со дванаесет порти.

Откровение 21:18 Нејзиниот ѕид беше изграден од јаспис.

Откровение 21:21 Градската улица беше од чисто злато.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Светиот град е читириаголен, и неговата должина изнесува 12 000 стадии, или околу 2400 километри. Ќе слезе од небото и ќе се спушти на новата земја онаму каде што денес се наоѓа Маслинската Гора (Захарија 14:4). Секоја од неговите 12 порти е направена од по еден бисер (Откровение 21:21), а ѕидовите на градот што се изградени од јаспис се широки 144 лакти (Откровение 21:17) или околу 66 метри.

4. Што ни кажува Библијата за снабденоста на градот со вода и храна?

4. Што ни кажува Библијата за снабденоста на градот со вода и храна?

Откровение 22:1. И ми покажа чиста ____ со вода на животот.

Откровение 22:2 Среде нејзината улица и од двете страни на реката: дрвото на животот, кое раѓа дванаесет плодови, кое секој месец го дава својот плод; а лисјата на дрвото се за исцелување на народите.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Неисцрпна, чиста речна вода истекува од Божјиот трон, а дрвото на животот секој месец дава различни плодови. Ова прекрасно овошје и лисјата од дрвото се како противотров за смртта и го продолжуваат вечниот живот. Згора на тоа, Божјите светии ќе одгледуваат сопствена храна во своите сопствени градини (Исаија 65:21). Исхраната на Божјиот народ ќе биде истата онаа што постоеше уште пред појавата на гревот - овошје, зрнеста храна и орашести производи (Битие 1:29, 31). Вкусот на храната ќе биде неописливо сладок, а хранливата вредност совршена.

5. Каква разлика  посоти помеѓу животот на небото и овој живот овде на земјата?

5. Каква разлика посоти помеѓу животот на небото и овој живот овде на земјата?

Исаија 35:5. Очите на _________ ќе прогледаат.

Исаија 35:5 Ушите на глувите ќе се отворат.

Исаија 35:6 Тогаш хромиот ќе скока како елен, јазикот на немиот ќе воскликнува.

Исаија 65:25 Тие (животните) нема да причинуваат зло и штета.

Исаија 11:6 Тогаш волк ќе живее со јагне, .... и мало дете ќе ги води.

Исаија 33:24 И ниеден од жителите нема да каже: болен сум.

Откровение 21:4 И смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач.


Одговор:  ____________________

6. Какво тело ќе имаат светите?

6. Какво тело ќе имаат светите?

Филипјаните 3:20, 21. Го очекуваме Спасителот, Господа Исуса Христа, Кој ќе го преобрази нашето унизено тело, да се сообрази со Неговото _______ тело.


Одговор:  ____________________

7. Дали Исусовото тело е вистинско, или пак Тој е дух?

7. Дали Исусовото тело е вистинско, или пак Тој е дух?

Лука 24:39. Погледајте ги Моите раце и Моите нозе - Јас Сум Истиот! Допрете Ме и видете, зашто духот нема ____ и коски, а како што гледате Јас имам.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Исусовото тело после Неговото воскресение било вистинско, од месо и коски кои можат да се допрат и да се почувствуваат. На почетокот учениците мислеле дека Тој е дух кога одеднаш им се појавил, но откако го почувствувале и го виделе како јаде (Лука 24:40-43), знаеле дека Тој е вистински. Четириесет дена подоцна, Исус ги извел во Витанија и се вознел на небото (Лука 24:50, 51). Ангелите кои им се јавиле на учениците им се обратиле со зборовите: „Мажи, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото? Овој Исус (од месо и коски) .....ќе дојде така, како што Го видовте да оди во небо.“ Дела 1:11. Од Неговото отелотворување, Исус засекогаш е поврзан со човечката раса, а истовремено е и божество.

8. Какво друго охрабрувачко ветување има?

8. Какво друго охрабрувачко ветување има?

Дела 3:20, 21. И да Го испрати Претскажаниот за вас Исуса Христа, Кого небото треба да Го прими до времето, кога ќе биде _________ сè.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Слава на Бога, секое славно нешто што било изгубено со влегувањето на гревот ќе биде обновено во новото Господово царство. Сите луѓе таму вистински ќе сакаат, ќе веруваат и ќе се подржуваат меѓусебно. Како резултат на сето ова, нема повеќе да има насилства (Исаија 60:18), нема повеќе да има предавства, обесчестување, нелојалност, нечесност, опаѓање, несигурност, депресија, опасност, разочарување или пак скршени срца. Таму ќе има радосно, среќно, исполнето и преизобилно живеење за вечност.

9. Дали тажните и болни сеќавања од овој живот ќе им создаваат проблеми на луѓето на небесата?

9. Дали тажните и болни сеќавања од овој живот ќе им создаваат проблеми на луѓето на небесата?

Исаија 65:17. Поранешните веќе __ ќе се спомнуваат, ниту ќе ви доаѓаат на ум.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Зборовите „доаѓаат на ум“ подобро можат да се преведат како „да навлезат во срцето.“ Бог овде ветува дека жалостите од оваа земја нема да донесат жалости кај Неговите светии на небесата.

10. Дали луѓето ќе се препознаат меѓусебно во новото Господово царство?

10. Дали луѓето ќе се препознаат меѓусебно во новото Господово царство?

1 Коринтјаните 13:12. Тогаш ќе _____ целосно, како што и јас бев самиот наполно познат.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Ние со сигурност ќе се препознаеме меѓусебно според нашата изглед, нашиот од, манири, говор итн. Нашите способности на препознавање ќе се развиваат уште повеќе на небо. Небото ќе претставува едно целосно и извонредно семејно повторно обединување.

11. Кои други возбудливи ветувања ни ги дава Бог во врска со Неговото идно царство?

11. Кои други возбудливи ветувања ни ги дава Бог во врска со Неговото идно царство?

Исаија 35:10. Ќе се враќаат искупениците Господови. Ќе дојдат во Сион воскликнувајќи од _______.

Псалм 16:11 Блаженства за секого.

Захарија8:5 А градските улици ќе се исполнат со момчиња и девојчиња, кои ќе играат по неговите улици.

Исаија 40:31 Трчаат и не постануваат, одат и не се уморуваат.

Исаија 40:31 Им растат крилја како на орлите.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Светите ќе имаат можност да летаат како ангели со брзина поголема од брзината на светлината. Бидејќи тие стануваа наследници на сè (Откровение 21:7), ќе можат да ги посетуваат другите светови, а тоа ќе го прават за неколку мига. Според Библијата, Бог ги создал и останатите непаднати светови (Јов 1:6; Евреите 1:2; 11:3).

12. Дали можеме со зборови адекватно да го опишеме Господовото ново царство?

12. Дали можеме со зборови адекватно да го опишеме Господовото ново царство?

1 Коринтјаните 2:9. Што окото не виде, што увото не чу, што во човечкото _____ не дојде, тоа Бог го приготви за оние, кои Го љубат.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Вие и јас во нашава денешна состојба не сме во можност ниту да замислиме какви прекрасни нешта подготвува Бог за Своите чеда. Не постојат зборови, мисли, дури и соништа што вистински можат да ги отсликаат неверојатните блаженства на небото. Без оглед на страдањата на оваа земја, нашето присуство на небесата далеку ќе ги надмине сите земски искушенија (Римјаните 8:18).

13. Која е најголемата награда во новото Господово царство?

13. Која е најголемата награда во новото Господово царство?

Откровение 21:3. И Тој ќе ______ со нив.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Верувајте и стојте во стравопочит! Бог ќе живее со Својот народ на новата земја. Навистина ништо не би можело да се спореди со една ваква мисла.

14. Што е тоа што ќе ги исклучи луѓето од Господовото царство?

14. Што е тоа што ќе ги исклучи луѓето од Господовото царство?

Откровение 21:27. И во него нема да влезе ништо _________.

Откровение 21:7 Кој победува, ќе наследи сè.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Гревот е она што онечистува и не смее да се дозволи негово постоење на небото, во спротивно бунтот може да почне одново. (Види го додатокот со наслов „Господовото царство.“)

15. Што можам да сторам со гревот?

15. Што можам да сторам со гревот?

1 Јованово 1:9. Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè ________ од секоја неправда.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Ако побарам од Исуса да ми ги прости гревовите, Тој ми ги простува и ме очистува од секаков грев и со тоа станувам Негово дете.

16. Која според Исус е формулата за успех и во овој и во наредниот живот?

16. Која според Исус е формулата за успех и во овој и во наредниот живот?

Матеј 6:33. Но, барајте го првин __________ Божјо и Неговата правда, и сè тоа ќе ви се додаде.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Ова е токму она што Соломон го побарал кога Господ го прашал: „Што бараш?“ Тој најпрво помислил на Божјото царство и Неговата праведност. А за возврат, следувале благословите на славното царство. Ова може и нам да ни се случи ако најнапред го бараме Божјото царство.

17. Препознавајќи дека Бог има целосна контрола над земските случувања, сакате ли да му дозволите да има контрола и над вашите животи?

17. Препознавајќи дека Бог има целосна контрола над земските случувања, сакате ли да му дозволите да има контрола и над вашите животи?



Одговор:  ____________________


Дополнителен материјал за проучување

Божјето царство
Библијата е запис на две царства во постојан судир – Божјето царство и царството на сатаната. Централна тема во проповедањето на Исус беше Божјето царство. Постојат на 100 стихови за Божјето царство само во Новиот Завет а многу од нив се содржани во Христовите параболи. Од Неговите учења ние дознаваме дека Божјето царство е поделено во две различни категории – духовно и буквално.

Над срцата на жителите на духовното небесно царство Бог владее и царува. Пред обратувањето, престолот на нашето срце е зафатено од сатаната, гревот и своето јас. Но, откако ние ја прифаќаме Христовата сила и Неговото простување, тој јарем е скршен. Тоа е причина зашто апостол Павле вели: "И гревот да не царува во вашето смртно тело, за да не им се покорување на телесните наслади. ... Гревот нема да господари над вас." Римјаните 6:12, 14. "Ако Јас, пак, со прст Божји ги изгонувам демоните, тоа значи дека до вас дошто Божјето царство." Лука 11:20.

Кога една личност го прифаќа Христаа, тој веднаш станува жител на Божјето духовно царство. Тоа е причина зашто Исус и Јован Крстителот ја започнаа својата служба повикувајќи ги луѓето да се покајат, "затоа што се приближи небесното царство." Maтеј 3:2 4:17. "Се приближи" значи достапно или пристапно во моментов, сега. Тоа е причина зашто Исус рекол: "Божјето царство нема да дојде преку нешто што може да се забележи, ниту, пак, ќе може да се каже, Еве овде е, или Еве онде е, зашто Божјето царство е во вас внатре." Лука 17:20, 21. Тогаш кога една личност се крштава, тој го напушта сатанското царство на темнината и се присоединува кон Божјето царство на светлината.

Секој вистински Христов следбеник а амбасадор во овој свет за Божјето духовно царство. Амбасадорите од другите земји често пати зборуваат поинаков јазик, носит поинаква облека, јадат поинаква храна, користат други пари и имаат поинакви обичаи. На ист начин, како христијански амбасадори ние треба да бидеме многу внимателни за правилно да го претставиме царството на нашиот Господ преку тоа што јадеме, пиеме, како се облекуваме и го трошиме нашето време и пари.

Еден ден Божјиот народ ќе го наследи буквалното, физичко Божје царство за кое се зборува во лекцијата. Ние за ова царство копнееме кога се молиме во Господовата молитва, "Да дојде Твоето царство" Матеј 6:10. Божјето буквално царство ќе биде целосно и конечно воспоставено по судот кој следи по милениумот и битката опишана во Откровение 20 глава.

Free Bible School

Bible School
Enroll in our Free Online Bible School Today!
Start your first lesson now!


Christian Hymns



Freebie!

Ultimate Resource
Request your free book, Ultimate Resource, today and learn how to study the Bible
Get It Now!


Back To Top