Марко 2:27. И им рече: Саботата е воспоставена заради ______, а не човекот заради саботата.
Одговор: ____________________
Забелешка: Кога Исус вели дека саботата е воспоставена за човекот, тој мисли на целото човештво - за сите луѓе, за сите времиња, на секое место.
Битие 2:1, 3. Така беа _________ небото и земјата со сето свое воинство. .... И Бог го благослови седмиот ден, и го освети, зашто во него се одмори од сите Свои дела, кои ги создаде Бог и ги направи.
Забелешка: Саботата била воспоставена на крајот од седмицата на создавање.
Битие 2:2, 3. И на ______ ___ Бог ги заврши Своите дела, што ги направи. И се одмори во ______ ___ И Бог го благослови _______ ___, и го освети.
Забелешка: Три пати во Битие 2 глава, Бог ни кажува дека саботата ја воспоставил на седмиот ден од седмицата на создавањето. Тој исто така и ја „посветил“, што пак значи дека ја „одделил како посебен ден за света употреба.“ Бог ја создал саботата како 24-часовен временски период, затоа што токму времето е потребно за да се развие вистинска врска на љубов со Исуса. Ѓаволот, исто како и Фараонот на Египет, сака да нè држи постојано зафатени со работа за да не мислиме на Бога. Знаејќи колку презафатени со работа ќе бидат луѓето од последното време, Бог одвоил посебни 24 часа седмично за да биде со Своите, и да може да се запознае со нив. Тој ја закажал таа седмична средба со тебе. Немој да пропуштиш да се сретнеш со Него!
Излез 20:8-11. Помни го саботниот ден, за да го осветуваш..... Господ го _________ и го освети саботниот ден.
Забелешка: Во Излез 20:8-11 е запишана четвртата заповед од Божјиот Закон. Вбројувајќи ја саботата како една од Неговите Десет заповеди, Тој ја покажал нејзината огромна важност. Во 10-тиот стих таа е наречена „сабота Господова, на твојот Бог.“ Само четвртата заповед започнува со зборот „помни“, укажувајќи на тоа дека Бог знаел дека луѓето ќе ја заборават. Кршењето на Божјиот Закон е грев (1 Јованово 3:4). Но Исус умре за да го спаси Својот народ од нивните гревови, односно од прекршокот на Законот (Матеј 1:21).
Езекиел 20:12. Им ги дадов и своите саботи, како знак меѓу Себе и нив, нека знаат дека Јас Сум Господ Кој ги ________.Излез 31:17 Таа нека е знак, засекогаш, меѓу Мене и Израелците. Па Господ за шест дни ги создаде небото и земјата.
Забелешка: Бог вели дека саботата е знак за Неговата моќ како Создател и Откупител. Во Откровение 14:6-14, Бог дава три важни пораки кои треба да бидат објавени „на жителите на земјата: и на секоја народност и на секое племе и јазик и народ.“ стих 6-ти. Првата порака е запишана во 7-иот стих: „Бојте се од Бога и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној, Кој го создал небото и земјата, морето и водните извори.“ Овој апел за враќање на вистинското служење е извлечен токму од четвртата заповед: „Зашто во шест денови Господ ги направи небото и земјата, морето и сè што е во нив, а во седмиот ден се одмори.“ Излез 20:11.
Лука 4:16. И дојде во Назарет, каде што беше пораснал; влезе во саботен ден во синагогата, според Својот ______, и стана да чита.
Забелешка: Исус е наш пример (1 Петрово 2:21) во сè, вклучувајќи го и празнувањето на саботата, што всушност било Негов обичај. „Обичај“ е редовна навика. Христијаните треба да одат како што одеше Тој (1 Јованово 2:6).
Дела 18:4. А ________ ________ расправаше во синагогата и ги убедуваше Јудејците и Грците. Дела 17:2 И по својот обичај Павле влезе при нив и, три саботи редум, расправаше со нив од Писмото.
Забелешка: И Павле исто така имал обичај да ја празнува саботата.
Дела 13:42. А кога (Евреите) излегуваа, (незнабошците) ги молеа да им ги проповедаат овие зборови и во идната _______.
Забелешка: Во една друга прилика, апостолите во саботен ден покрај реката имале средба со група на незнабожечки жени, затоа што во градот немало синагога (Дела 16:13).
Матеј 24:20. Молете се вашето бегство да не биде во зима или во _______.
Забелешка: Исус го претскажал падот на Ерусалим, за кого што знаел дека ќе се случи во 70-та година од нашата ера (околу 40 години подоцна). Но Тој ги советувал да се молат за да не мора да бегаат од освојувачите во саботен ден. Јасно е дека Исус очекувал од Своите да ја празнуваат саботата долго после Неговата смрт.
Откровение 12:17. И змевот (ѓаволот) се разгневи на жената (црквата) и отиде да војува против другите (остатокот) од нејзиното семе (потомство), против оние, кои ги пазат Божјите __________ . Откровение 14:12 Тука е трпението на светите, кои ги пазат Божјите заповеди. Откровение 22:14 Блажени се оние, што ги исполнуваат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите.
Забелешка: Горе наведените стихови очигледно се однесуваат на Божјата црква на последокот, и секој стих поединечно јасно укажува на тоа дека Божјата црква на последокот ги држи Неговите заповеди, каде што секако е вклучена и четвртата заповед, саботата.
Исаија 66:22, 23. Зашто, како што новата небеса и новата земја, што ќе ги создадам, ќе траат пред Мене - слово е Господово - така ќе ви траат името и потомството..... Од сабота до сабота, _____ тело ќе доаѓа за да се поклони пред Моето лице - говори Господ.
Забелешка: Библијата вели дека сите спасени од сите векови заеднички ќе ја празнуваат саботата на небо и на новата земја.
Лука 23:54-24:1. А беше ден на подготовката (петок), и саботата настапуваше. .... Потоа се вратија и приготвија мириси и миро; а во саботата, _______, според заповедта. А во првиот ден на седмицата, ..... дојдоа на гробот.
Забелешка: Исус беше распнат во петокот (денот на подготовка), денот пред саботата (Марко 15:42). Исус почивал во гробот во саботата според заповедта (Лука 23:56), потоа воскреснал на првиот ден - денот после саботата (Марко 16:1-6). Христијаните ширум светот сеуште го слават тој ден како ден на воскресение (Велигден). Библијата јасно покажува дека саботата е денот после петок а пред недела. Лесно е да го лоцираме тој ден на било кој календар. (Види го додатокот со наслов „Што вели речникот„ и Зарем календарот не е променет?“)
Пословици 30:5, 6. Секое Божјо слово е испитано, ..... Не _________ им ништо на Неговите зборови, за да не те изобличи и да не те смета лажлив.
Забелешка: Непосредно пред Бог да ги објави Десетте заповеди, онака како што се запишани во Второзаконие 5-та глава, Тоj свечено предупредил дека никој не смее да „додава“ ниту пак да „одзема“ од нив (Второзаконие 4:2). Напротив, заповедите требало да се почитуваат прецизно како што Бог ги дал. Бог ја благословил Својата сабота (Излез 20:11), а кога Тој благословува нешто, тоа е благословено засекогаш (1 Летописи 17:27). Господ вели: „Нема да го нарушам Мојот Завет и не ќе го одречам Моето ветување.“ Псалм 89:34. Заблудени луѓе признаваат дека ја промениле Божјата света сабота во недела. Но Бог нема да прифати човечки науки, Тој ни ја дал Библијата да биде наш водич.
Левит 23:32. Од вечер до _____ - празнувајте ја вашата сабота. Марко 1:32 А приквечер, кога заоѓаше сонцето.
Забелешка: Саботата започнува со зајдисонце во петок а завршува со зајдисонце во сабота.
Излез 20:10. А седмиот ден е сабота _________, на твојот Бог. Исаија 58:13 Ако заради саботата ја воздржиш ногата своја да ги исполнува желбите на твоето срце во светиот Мој ден. Марко 2:28 Така, Човечкиот Син е Господар и на саботата.”
Забелешка: И во Стариот и во Новиот завет, Бог саботата ја нарекува Господов ден. Тој исто така им заповеда на луѓето и ги предупредува да не учинат грев со тоа што ќе ја прекршат саботата (Исаија 58:1, 13). Господ објавува дека Неговата света сабота е за сите (Исаија 56:2-7). Библијата никогаш неделата не ја ословува како Господов ден. Таа е едноставно еден од шесте работни дена од седмицата (Езекиел 46:1). Тоа било така од секогаш.
Матеј 11:28. Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам ______. Излез 33:14 Јас лично ќе тргнам со тебе - одговори Господ - и ќе ти обезбедам одмор. Евреите 4:5 Нема да влезат во Мојата починка.
Забелешка: Секоја од Десетте заповеди има свое духовно значење. Некои легалистички христијани се фокусираат на словото на Законот и го запоставуваат духот на Законот. Исус сака да ги имаме и двете за да одржуваме рамнотежа (Матеј 5:21, 22, 27, 28). Библијата често го користи терминот „одмор„ укажувајќи на спасението. Евреите 4:1, 4, 9, 10 ни вели дека оние кои вистински ќе влезат во „починката“ на обратувањето и кои пребиваат во Христа ќе ја празнуваат саботата како симбол на христијанска починка.
Дополнителен материјал за проучување
Што кажува речникотПогледни ги следните поими во било кој речник и забележи што ќе откриеш:Сабота (именка) Седмиот и последниот ден од седмицата.седмиот-ден (придавка) На седмиот ден (Сабота).Недела (именка) Првиот ден од седмицата.Првиот ден (именка) Недела.Но дали календарот се променил?Календарот еднаш бил променет во октомври 1582, но тоа не влијаеше на седмичниот циклус. Од календарот беа изоставени десет дати веднаш по 4 октомври, 1582. Она што требало да биде петок, 5 октомври, станало петок, 15 октомври. Дијаграмот подоле ќе ти помогне да ја воочиш промената. Ќе видиш дека тоа не го променило редоследот на деновите во седмицата.