Лука 16:17. Полесно е небото и земјата да ________, отколку да пропадне една цртичка од Законот. Псалм 89:34 Мојот завет Јас нема да го нарушам, ниту ќе го променам она што е излезено од Моите усни. Псалм 111:7, 8 Сите Негови заповеди се постојани. утврдени се за сите времиња и засекогаш. Maлахија 3:6 Зашто Јас сум Господ, Јас не се менувам.
Одговор: ____________________
Забелешка: Божјиот морален Закон не може да се корегира или укине во никаков случај. Тој е вечен исто како и самиот Бог. Три пати во Библијата, земски цареви (Ирод, Асвир и Дариј) поставиле закони кои подоцна сакале да ги променат, но без успех. Ако законите на слабите, колебливи цареви биле непроменливи, како тогаш некој може да помисли дека вечниот Божји Закон - запишан на камен со Негов прст - може да се промени? Погледнете ја следнава споредба помеѓу Бога и Неговиот Закон.
1 Joваново 3:4. Гревот е __________________________ на Законот. Римјаните 3:20 Преку Законот доаѓа спознавањето на гревот.
Забелешка: Ѓаволот го мрази Законот затоа што нè осведочува дека ни е потребен Спасител што ќе нè спаси од гревот. Во Римјаните 4:15 стои запишано: „ Каде нема Закон нема ни престапување!“ Законот никого не може да спаси, но ни го покажува Божјото совршенство наспроти нашето несовршенство.
Римјаните 7:7. Сепак, јас го запознав гревот само преку Законот, зашто не би ја __________ страсната желба, ако Законот не рече: „Не пожелувај!”.
Забелешка: Божјиот морален Закон (Десетте заповеди) е тој кој вели: „Не пожелувај!“ Значи кршењето на Божјиот морален Закон, што Господ го напиша со Својот прст (Излез 31:18; 32:16), е грев. Секој грев што ќе биде направен од било кого е осуден барем од една од Десетте заповеди. Затоа Божјиот Закон е „широк“ (Псалм 119:96) и „совршен“ (Псалм 19:7). Опфаќа бувално „сè што е за човекот“ Проповедник 12:13. Кога сме свесни за нашиот грев, тогаш бараме Спасител. Затоа ѓаволот посебно го мрази Законот, бидејќи тој не води кај Исуса Кој може да ни прости и да нè спаси.
Јован 15:10. Јас ги ________ заповедите на Мојот Татко.
Забелешка: Исус навистина ги држел Десетте заповеди како пример за нас (1 Петрово 2:21).
Римјаните 3:23. Зашто ______ згрешија и ја загубија Божјата слава.
Римјаните 6:23. Зашто плата за гревот е _________.
Забелешка: Доколку Божјиот Закон би можел да се промени, тогаш не би било неопходно Исус да умре на крстот. Фактот дека Исус ја плати казната за гревот и умре е доказ дека Законот е непроменлив.
Матеј 19:17. Ако сакаш да влезеш во животот, ________ ги заповедите. Joван 14:15 Ако Ме љубите, држете ги Моите заповеди. Откровение 22:14 Блажени се оние, што ги исполнуваат Неговите заповеди. Откровение 14:12 Тука е трпението на светите, кои ги пазат Божјите заповеди.
Забелешка: Новиот завет јасно учи дека Божјиот народ ќе ги пази Неговите заповеди. Секој од нас знае дека светот денес се наоѓа во голема неволја затоа што толку многу луѓе сметаат дека не е повеќе важно да се држи Божјиот Закон. Библијата кога зборува за нашето време вели: „О Господи, време е да дејствуваш: зашто го нарушија Твојот Закон.“ Псалм 119:126.
Филипјаните 4:13. Сè можам преку __________ Кој ми дава сила. Римјаните 8:3, 4 Бог, испраќајќи Го Синот Свој ... го осуди гревот во телото, па, праведноста, што Законот ја бара, да се исполни во нас.
Забелешка: Кога личноста се раѓа наново, Исус Христос, преку Својот Свети Дух, се вселува во нејзиниот живот и на чуден начин ја оспособува да може да биде послушна.
Второзаконие 4:13. Ви го објави Својот завет и ви наложи да ги вршите Десетте заповеди; што ги напиша на две камени плочи. Евреите 8:8-9 Зашто наоѓајќи мана кај _______, Тој рече, ... ќе склучам Нов Завет со Израелевиот дом и со Јудиниот дом; не онаков каков што склучив со нивните татковци, во оној ден кога ги зедов за рака, за да ги изведам од Египетската Земја, зашто тие не му останаа верни на Мојот завет, и Јас не се погрижив повеќе за нив, вели Господ.
Забелешка: Недостатокот на Стариот Завет бил всушност во луѓето, а не кај Бога или во Неговиот Закон. Псалм 19:7 Господовиот Закон е совршен - ја крепи душата; Господовото сведоштво е верно - му дава мудрост на неукиот.
Евреите 8:10. Зашто ова е Заветот со кој ќе го заветувам Израелевиот дом ... вели Господ: ќе ги вложам Моите закони во нивниот ум, и ќе ги напишам во нивните ____________.
Забелешка: Двата завета биле спогодби помеѓу Бога и Неговиот народ. Стариот завет не успеал бидејќи се засновал на слабите и грешни човечки ветувања и дела. Излез 24:7 Ќе вршиме и ќе послушаме сè што рече Господ. Новиот завет е успешен затоа што Божјиот Закон се врежува во срцата на луѓето и се заснова на Исусовите ветувања и Неговата чудотворна сила. Евреите 8:10 Ќе ги вложам Своите закони во нивниот ум, и ќе ги напишам во нивните срца. Се менува целокупната природа на личноста, така што таа наоѓа задоволство во творењето на Божјата волја. Забележете дека Новиот завет се заснова на истиот закон, само што тој е запишан на друго место (во срцето) и е заснован на подобри ветувања (Божји).
Римјаните 6:15. Па што? Да грешиме ли (да го кршиме Законот), зашто не сме под Законот, а под благодатта? ___ _______. (одговор со два збора) Римјаните 3:31 Според тоа, дали го укинуваме Законот преку верата? Далеку од тоа! Туку, со тоа го утврдуваме Законот.
Забелешка: Оние на кои Исус им простил за кршење на Неговиот Закон имаат двојно поголема одговорност да го почитуваат Законот. Откако ќе ја почувствуваат Неговата блажена прошка, имаат и уште поголема желба од другите радосно да го следат Христа.
Ефесјаните 2:8, 9. Зашто по __________ сте спасени, преку вера; и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој.
Забелешка: Никој не се спасува со држење на Законот. Сите се спасуваат според чудотворната Божја благодат. Но оние кои се спасени, или обновени, со Христовата милост ќе сакаат да го почитуваат Неговиот Закон како израз на нивната љубов и благодарност кон Него. Joван 14:15 Ако Ме љубите, држете ги Моите заповеди.
Римјаните 13:10. Така ________ е исполнување на Законот. Maтеј 22:37-39 Љуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја мисла! Тоа е најголемата и прва заповед; а втората е како и оваа: Љуби го твојот ближен како себеси. 1 Joваново 5:3 Зашто ова е љубовта Божја, да ги исполнуваме Неговите заповеди.
Забелешка: Љубовта е прекрасна мотивирачка сила. Првите четири заповеди се однесуваат на мојата обврска кон Бога. Ако Го сакам Бога, држењето на тие заповеди е вистинско задоволство. Последните шест заповеди ја опфаќаат мојата обврска кон ближните. Ако вистински ги сакам луѓето, јас нема да сакам да сторам било што, што би ги повредило.
1 Joваново 2:3, 4. И по тоа знаеме дека сме Го познале, ако ги ________ Неговите заповеди. Кој вели: „Го познав”, а не ги пази Неговите заповеди, е лажец, и вистината не е во него.
Ефесјаните 2:15. Го поништи ... законот на заповедите содржан во _______________.
Забелешка: Да, одредбите кои го регулирале свештенството и жртвениот систем биле укинати затоа што биле претслика за Исуса (Колосјаните 2:13-17). Тој ги исполнил како вистинско Јагне Божјо.
Откровение 12:17. И змевот (ѓаволот) се разгневи на жената (црквата) и отиде да војува против другите од нејзиното семе (верните во времето на последокот), против оние, кои ги пазат Божјите ________________ , и го имаат Исусовото сведоштво.
Забелешка: Сатаната ја мрази и е гневен на Божјата црква на последокот, која ги пази Божјите заповеди и ги учи луѓето дека постои божествена сила која може грешникот да го трансформира во светец.
Јован 15:11. Ова ви го реков за да биде Мојата радост во вас, и вашата ______ да биде полна. Изреки 29:18 Кој го пази Законот е среќен. Псалм 119:165 голем мир уживаат Оние кои го љубат Твојот Закон: не се сопнуваат на ништо.
Забелешка: Среќа, радост, мир, и преизобилен живот добиваат оние кои го држат Божјиот Закон. Не случајно Давид вели дека Божјите заповеди се попосакувани и од златото (Псалм 19:10).
Дополнителен материјал за проучување
Споредба помеѓу библиските карактери и ИсусМногу од библиските херои се типови и модели на Христа. Мојсеј, Јосиф, Давид и Соломон беа луѓе кои во одредена точка во својот живот, го наговестија Христовиот живот и служба. Сличноста помеѓу нивните искуства беа наменети да му помогнат на светот да го препознае Исуса како Божји Син.Искуството на Даниел со законот и лавовите е еден пример на таква духовна споредба. Погледни ги следните сличности:-Водачите на Медо-Персија сакале да го отстранат Даниел од неговата висока положба заради тоа што биле љубоморни на неговата блиска поврзаност со царот. Даниел 6:3 вели, "Царот се мислеше да го постави над целото царство." Исто така, водачите во Ерусалим сакале да се ослободат од Исуса заради тоа што биле љубоморни за Неговата блиска поврзаност со Царот на вселената (Joван 5:18-20).-Медо-Персиските државници го следеле Даниел во обид да го фатат него како прави или кажува нешто погрешно (Даниел 6:4). Верските водачи од времето на Исус испратиле шпиони за да го фатат Него како прави или кажува нешто (Лука 20:19, 20).-Непријателите на Даниел не можеле да му најдат мана, така да замислиле стапица за да ја постигнат својата цел (Даниел 6:5-9). Исто така, водечките свештеници и книжници направиле завера со Јуда Искариот да направат стапица за Христа (Лука 22:2-6). Како и да е, Пилат изјавил дека не наоѓа вина во Исуса (Joван 19:4).-Откако Даниел бил фрлен во лавовската јама, бил поставен камен над влезот и истиот бил запечатен со владиниот печат (Даниел 6:16, 17). Исус бил поставен во гроб кој имал голем камен на влезот и бил запечатен во владин печат (Maтеј 27:58-60, 65, 66).-И Даниел и Исус беа невини и излегоа живи од нивните земски затвори (Даниел 6:23 Maрко 16:5, 6).Види дали можеш да најдеш други споредби (паралели) помеѓу животите на другите библиски карактери и животот на Исус!