Лука 24:25. Верувате во ______ она што рекле пророците.2. Tимотеј 3:16 Целото писмо е од Бога вдахновено.
Одговор: ____________________
Забелешка: Сите Божји списи (света вистина) се содршат во Стариот и Новиот Завет. Клучевите за разбирање на пророштвата од Откровението највеќе можат да се најдат во сториите од Стариот Завет. Како на пример, од сите 404 стиха на Откровението, 278 од нив се одек од други случувања и пророштва на Стариот Завет.
Лука 24:27. И кога почна од Мојсеја и од сите пророци, им протолкува што е пишано за ________ во целото Писмо. Joван 5:39 Истражувајте ги Писмата; зошто ... тие сведочат заМене.Откровение 1:1 Откровение на Исус Христос, што Бог Му го даде, за да им покаже на Своите слуги, што треба да стане скоро.
Забелешка: Централниот лик во целото Писмо и пророштвата е Исус. Овие воодушевувачки лекции ќе обработат многу теми од пророштвата, но имајте на ум дека главната цел на книгите на Даниел и Откровение е Исус Христос и Неговото царство.
Јован 1:1. Во почеток беше ______, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог. Joван 1:14 И Словото стана тело и се настани меѓу нас.
2. Петрово 1:21. _______ луѓе зборувале носени од Светиот Дух.
Лука 24:35. Го препознаа при раскршувањето на __________.
Забелешка: Во Библијата, лебот е симбол за Божјото Слово. Исус кажал: „ Напишано е: ‘Човекот не ќе живее само од леб, туку од секој збор, што излегува од устата на Бога’.“ Матеј 4:4. Со читањето, разработувањето и следењето на Библијата, ние добиваме сила, радост, мир и вечен живот.
Јов 23:12. Ги уважував словата на Неговата уста ________ отколку секојдневната храна. Псалм 119:105 Tвојата реч е светилка на моите стапала, и светлина на мојата патека.
Забелешка: Ѓаволот ја мрази Библијата и би сторил се за да ги одврати луѓето од помислата да ја читаат. Тој знае дека библиските пророштва ги откриваат неговите планови за измама на човештвото. Затоа немојте да се изненадувате ако ѓаволот се обидува да ве одвраќа од проучувањето на овие лекции или пак се обидува да ве заокупира со други нешта. Бог ќе го отвори патот за оние кои ја бараат вистината да можат да ја најдат.
Јован 16:13. А, кога ќе дојде Тој __________ на Вистината, тој ќе ве упати во сета вистина. Joван 14:26 А Утешителот, Светиот Дух, ... ќе ве научи на сите нешта. 1. Коринтјаните 2:13 Па и тоа не го зборуваме со зборови научени од човечката мудрост, туку со зборови научени од Духот Свети.
Лука 24:27. И Јас ви велам, ______, и ќе ви се даде. Лука 11:13 така, ако вие, кои сте зли, можете да им давате добри дарови на своите деца, колку повеќе небесниот Татко ќе им даде Свети Дух на оние, кои Го молат? Joван 7:17 Ако некој сака да ја исполнува Неговата волја, ќе знае дали е наукава од Бога.
Забелешка: Дел од работата на Светиот Дух е да ни помогне да ги разбереме вистините на Светото Писмо. Затоа секогаш пред да ја отвориме Божјата книга треба да бараме Светиот Дух да не води во проучувањето. Можам да бидам сигурен дека Светиот Дух ме води во моето проучување ако (1) побарам Негово водство, и ако (2) сакам да ја прифатам и да ја следам вистината што Тој ми ја открива.
Псалм 119:11. Во срцето го запазив Твојот збор, за да нe ______ против Тебе. Еремија 33:3 Повикај Ме и Јас ќе ти одговорам тебе и ќе ти откријам големи и недостижни тајни, за кои што не знаеш ништо. Римјаните 15:4 Навистина, сè што е напишано некогаш, напишано ни е нам за поука, за ние ... да имаме надеж. Jaков 1:5 Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја бара од Бога ... и ќе му се даде.
Исаија 28:10. ______________ на заповед, ... правило на правило, ... малку тука, малку таму. 1 Коринтјаните 2:13 Туку со зборови научени од Духот Свети; споредувајќи ги духовните работи со духовното. 2 Петрово 1:20 Ниедно пророштво во Писмото не може да се толкува како кој сака.
Забелешка: Мораме да ги отстраниме нашите сопствени идеи и да ја проучуваме Библијата читајќи сè што ќе најдеме во Писмата на некоја одредена тема („малку тука, малку таму“) и споредувајќи стих со стих. Треба да и дозволиме на Библијата самата за себе да зборува. Кога вака постапуваме вистината секогаш јасно излегува на виделина. Така и Исус ги убедил двајцата ученици на патот кон Емаус дека Тој навистина е Месијата (Лука 24:27).
2 Тимотеј 3:15. Зашто од детството ги познаваш Светите Писма, кои можат да те направат мудар за _________ преку верата во Христа Исуса.
Забелешка: Библијата ни помага да го разбереме големиот Божји план за спасение – најважната вест која било кога им била дадена на смртниците.
Јован 14:6. Исус му рече: „Јас Сум Патот, __________, и Животот. Joван 17:17 ...Tвојата реч е вистина.
Забелешка: Ние вистината ја наоѓаме во Божјото Слово – Библијата. Вистината е редок артикл во денешниов свет, и како резултат на тоа сите луѓе на земјата страдаат. Вистината за сето она што навистина е важно може да се најде во Библијата. Проучувањето и следењето на нејзините совети ги ослободува луѓето (Јован 8:32) им носи радост и изобилен живот (Јован 15:11).
2 Тимотеј 2:15. Труди се грижливо, за да се покажеш себеси достоен пред Бога, ... кој правилно го ________________ словото на вистината. 2 Петрово 3:16 Како што и во сите свои писма ....... има некои тешко разбирливи нешта, кои неучените и неутврдените ги изопачуваат, како и другите писма, за своја погибел.
Забелешка: „Правилно проповедање на словото на вистината“ значи точно и верно негово интерпретирање. Постои голема опасност во извртување на Писмото за да тоа го добие значењето што нам ни одговара. Она што јас го велам за Библијата е од мала важност. Важно е она што самото Писмо го вели за себе.
Дела 17:11. Го примија Словото сосем подготвено, и секој ден го ________________ Писмото дали е така. Исаија 8:20 До законот и до сведоштвата: Ако не зборуваат според ова слово, тоа е затоа што нема светлина во нив.
Забелешка: Сите верски учења треба да бидат испитани преку Библијата. Ако некое учење нема јасна подршка во Библијата, тоа е погрешно и треба да биде напуштено.
Лука 24:32. Зар не гореше нашето __________ во нас, кога ни зборуваше патем и ни ги толкуваше Писмата?
Лука 24:33. И во истиот час станаа и се ________________ во Ерусалим, каде ги најдоа собрани Единаесетмината, и тие кои беа со нив.
Забелешка: Една од првите реакции на овие ученици откако го слушнале Исуса како ги толкува Писмата била големата желба да ја споделат радосната вест со другите. Се надеваме дека и ваша желба е да ги поканите своите пријатели да ви се приклучат во проучувањето на овие динамични библиски лекции.
Дополнителен материјал за проучување
Следната листа е листа на клучни зборови кои често имаат симболично значење во библиските пророштва. Секој симбол е затемнет а потоа следи неговото буквално значење. Ангел=Гласник Даниел 8:16 9:21 Лука 1:19, 26 Евреите 1:14 Вавилон=Верски отпад/збрка Битие 10:8-10 11:6-9 Откровение 18:2, 3 17:1-5Ѕвер=Царство/влада/политичка сила Даниел 7:17, 23Леб=Божјиот Збор Јован 6:35, 51, 52, 63Ден=Буквална година Eзекиел 4:6 Броеви 14:34 Змев=Сатаната или неговите агенти Исаија 27:1 30:6, Псалм 74:13, 14 Откровение 12:7-9 Eзекиел 29:3 Еремија 51:34 Чело=Ум Римјаните 7:25 Eзекиел 3:8, 9 Рака=Работа Проповедник 9:10Блудница=Отпадничка црква/религија/секта Исаија 1:21-27 Еремија 3:1-3 6-9 Глави=Главни сили/владетели/влади Откровение 17:3, 9, 10 Рог=Цар или царство Даниел 7:24 8:5, 21, 22 Захарија 1:18, 19 Откровение 17:12 Јагне=Исус/жртва Jован 1:29 1 Коринтјаните 5:7Светилка=Божја Реч Псалм 119:105 Лав=Исус Христос Откровение 5:4-9Жиг=Знак или печат на одобрување или неодобрување Езекиел 9:4 Римјаните 4:11 Откровение 13:17 14:9-11 7:2, 3Планини=Политичка или религио-политички сили Исаија 2:2, 3 Еремија 17:3 31:23 51:24, 25 Eзекиел 17:22, 23 Даниел 2:35, 44, 45Масло=Свет Дух Захарија 4:2-6 Откровение 4:5Црвено=Грев/изопаченост Исаија 1:18 Наум 2:3 Откровение 17:1-4Карпа=Исус/вистина 1 Коринтјаните 10:4 Исаија 8:13, 14 Римјаните 9:33 Maтеј 7:24 Печат=Знак или жиг на одобрување или неодобрување Римјаните 4:11 Откровение 7:2, 3Змија=Сатана Откровение 12:9 20:2Ѕвезди=Aнгели/гласници Откровение 1:16, 20 12:4, 7-9 Joв 38:7Сонце=Исус/евангелието Псалм 84:11 Maлахија 4:2 Maтеј 17:2 Joван 8:12 9:5 Меч=Божја Реч Eфесјаните 6:17 Евреите 4:12Крадец=Изненаденост на Христовото доаѓање 1 Солунјаните 5:2-4 2 Петрово 3:10 Време=Буквална година Даниел 4:16, 23, 25, 32 7:25 Даниел 11:13 маргиниВоди=Населени подрачја/луѓе, нации Откровение 17:15 Бели облеки=Победа/праведност Откровение 19:8 3:5 7:14Ветрови=Судири/возбудувања/"ветрови на војна" Еремија 25:31-33 49:36, 37 4:11-13 Захарија 7:14Жена, Чиста=Вистинска црква Еремија 6:2 2 Коринтјаните 11:2 Eфесјаните 5:23-27 Откровение 14:4 Жена, Изопачена=Отпадната црква Eзекиел 16:15-58 23:2-21 Осија 2:5 3:1