Даниел 2:28. Ама има на небото Бог Кој открива ______ и Тој му го соопшти на царот Навуходоносор она што ќе биде во последните денови.
Одговор: ____________________
Забелешка: Во овој сон за повеќеметалниот кип, Бог дава краток преглед на сите идни векови, за воздигањето и паѓањето на царствата кои ќе имаат директно влијание врз Неговиот народ.
Даниел 2:12. Тогаш царот.... нареди да ги _____ сите вавилонски мудреци.
Забелешка: Вавилонските астролози и волшебници тврделе дека имаат натприродна моќ, но откако не успеале да му го откријат сонот на царот, се покажало дека се неспособни лажговци. Во случај царот да се присетил на сонот, тие едноставно би измислиле лажно толкување. Во својот бес, Навохудоносор заповедал сите мудреци, па дури и оние што не биле присутни, да бидат погубени. Помеѓу оние што не присуствувале на првата средба со царот бил и богобојазливиот заробеник Даниел, кој штотуку се обучил за во царската служба.
Даниел 2:16. Даниел отиде кај царот и го замоли да му даде _____ , та ќе му го протолкува на царот сонот. И Даниел влезе во својата куќа та, им кажа сè на Ананиј, Мисаил и Азариј, на своите другари, за да молат милост од Небесниот Бог заради таа тајна.
Забелешка: Даниел побарал малку време од Навохудоносор и му ветил дека ќе му го открие сонот и неговото значење. Царот, кој сеуште очајно сакал да го дознае значењето на визијата, го задоволил барањето на Даниел. Тогаш тој заедно со своите другари му се обратиле на единствениот Извор кој можел да го открие царевиот сон. Тие му се помолиле на небесниот Бог.
Даниел 2:23, 28. Тебе Те славам и фалам, о Боже на моите татковци... Има _____ на небото кој открива тајни.
Забелешка: Може да изгледа дека подигањето и паѓањето на империите се случува според човечка волја, но, пофалната молитва на Даниел јасно ја открива суштината на божествената интервенција. Ништо не се случува а Бог да не е свесен и да не го дозволил тоа. Понекогаш можеби не можеме да разбереме што се случува во светот и зошто, но утешно е да се знае дека Бог сеуште суверено владее. Единствено Даниел можел да му го открие сонот на царот, па сепак тој јасно заслугата му ја припишува на Оној кој му го открива сонот - на небесниот Бог.
Даниел 2:31. О, цару, ти имаше привид: Ете, голем _____ . Даниел 2:34 Ти набљудуваше ... одненадеж се одвали камен а да не го допре рака.
Забелешка: Првото нешто што го видел царот бил голем кип направен од следниве метали: 1. Главата била од злато. 2. Градите и рацете биле од сребро. 3. Стомакот и бедрата биле од бронза. 4. Нозете биле од железо. 5. Стапалата биле од железо и глина. Следното нешто што го видел царот бил камен што бил фрлен, но не од човечка рака. Во овој момент, царот Навохудоносор без сомнение седел целиот потресен на самиот раб од својот трон. Даниел прецизно го прераскажал сонот токму онака како што Бог му го кажал. Царот со нетрпение чекал, прашувајќи се за значењето на сонот. Даниел продолжил да го објаснува толкувањето онака како што Бог нему му го открил, и би било добро и за нас да го прифатиме онака како што Тој го дал. Единствениот сигурен начин за толкување на Библијата и на пророштвата е да и дозволиме на Библијата самата да се објасни.
Даниел 2:38. Ти си таа _____ од злато.
Забелешка: Царот се сметал за глава на царството. Токму затоа Навохудоносор го претставувал Вавилон, империјата со која што започнало пророштвото. Вавилон владеел со светот од 612 - 539 пр.н.е. како една од најмоќните древни империи - империја која точно можела да се опише како златна глава. Дали забележувате дека пророштвото започнува во времето на Даниел?
Даниел 2:39. По тебе ќе настане _____ царство, послабо од твоето.
Забелешка: Превласта на Вавилон нема да трае вечно. Следни царства, послаби од Вавилон ќе завладеат место него. Како што среброто е послабо од златото, така и царството кое ќе следи по Вавилон ќе биде со помала слава. На чело со Кир во 539 пр.н.е., Медо-Персиската империја ќе го надвладее Вавилон и ќе го доведе практично до рушевини. Медијците и Персијанците беа владеачка светска сила од 539 - 331 пр.н.е. За време на нивното владеење, целиот данок требало да биде платен во сребро.
Даниел 2:39. Друго, трето царство, од _____ ... ќе господари со сета земја.
Забелешка: Бронзеното Грчко-Македонско царство ќе дојде на сила кога Александар Македонски ги победува Медијците и Персијците во битката кај Арбела во 331 година пр.н.е., така ова царство ќе остане да владее се до некаде 168 год. пр.н.е. Војниците биле наречени „бронзени војници“ затоа што сето нивно оружје било од бронза. Дали забележувате дека секој следен метал што е опишан на кипот е се помалку вреден, но сепак поиздржлив од претходниот.
Даниел 2:40. А четвртото царство ќе биде цврсто како
Забелешка: Железната Римска монархија ја победува Грчко-Македонската во 168 год. пр.н.е. и супериорно ќе владее со светот сè додека Рим не биде завземен од страна на Остроготите во 476 година од нашата ера. Римското царство доминирало со светот кога бил роден Исус Христос. Дали забележувате како Даниел со неверојатна точност претскажал 1000 години од светската историја. Устоличувањето и паѓањето на овие четири светски империи - Вавилон, Медо-Персија, Грчко-Македонската, и Римската - е јасно претскажано во Библијата и потврдено од историските книги.
Даниел 2:41, 42. Тоа царството ќе биде _____ ... И како што прстите на нозете беа дел од железо, а дел од глина, така и царството ќе биде делумно силно, а делумно слабо.
Забелешка: Кога Римската империја почнала да се урива во 476 година, не се случило да биде совладана од друга светска сила. Наместо тоа, варварски племиња ја превзеле Римската империја и ја поделиле - онака како што прорекол Даниел. Десет од овие племиња се развиле во модерна Европа. Тоа биле Остроготите, Визоготите, Франките, Вандалите, Алеманите, Суевите, Англо-Саксонците, Херулите, Ломбардите и Бургундите. Седум од нив сеуште постојат до ден денешен во Европа. На пример, од Англо-Саксонците настанале Англичаните, од Франките - Французите, од Алеманите - Германците, а од Ломбардите - Италијанците.
Даниел 2:43. Тие ќе се мешаат со човечко семе, но нема да се _____ заедно, како што ни железото не може да се измеша со глина.
Забелешка: Напразно луѓето се обидувале повторно да го обединат Европскиот континент, преку бракови, сојузи и конференции. Во текот на историјата, лидери како Карло Велики, Наполеон, Кајзер Вилхелм, Мусолини и Хитлер се бореле за да изградат нова Европска империја; но овие стихови од Библијата ги осуетиле сите нив во намерата да станат светски владетели. Во Откровение 13, се кажува дека ќе постои уште еден обид да се воспостави универзална религија, но пророштвото на Даниел јасно укажува на тоа дека светот ќе остане политички поделен се до крајот на историјата на Земјата.
Даниел 2:44. Во времето на овие цареви, ______ Бог ќе подигне Царство кое никогаш нема да пропадне.
Забелешка: Следното големо светско царство ќе биде Небесното Царство, кое е опишано во Матеј 25:31-34.
Даниел 2:34, 35. Одненадеж се одвали камен а да не го допре рака, па _____ во кипот, во стапалата од железо и глина, та ги скрши на парчиња. ... А каменот што удри во кипот стана голема планина, та ја наполни сета земја
Забелешка: Каменот што беше фрлен, но не од човечка рака, го претставува Божјето царство. Тоа нема да биде конгломерат од земски царства, туку целосна замена за нив (Откровение 21:1). Библијата изјавува дека кога Исус Христос ќе се врати на Земјата, Тој целосно ќе ги уништи сите царства на земјата и ќе воспостави вечно царство (Даниел 2:44). Каква возбудлива вест! Исус Христос повторно ќе дојде! Целата историја оди кон ова кулминациска завршница, кога Божјиот Син ќе се врати во слава да го востанови царството на вечната правда. Царот Навохудоносор можеби си помислил дека го поразил вистинскиот Бог кога го опседнал Ерусалим и го ограбил храмот (Даниел 1:1, 2), но многу бргу му било покажано дека Бог е владетел над сè. Човечките случувања се под Негова контрола, и на крајот Тој ќе ја добие битката. Вавилон, Медо-Персија, Грчко-Македонското царство, Рим и десетте дела од Римската империја можеби се обидувале да го узурпираат божествениот авторитет и да го уништат Божјиот народ, но сите земски царства на крајот ќе бидат уништени со Исусовото доаѓање. Фала на Бога, Тој ќе излезе како победник во големата борба!
Даниел 2:47. И царот му рече на Даниела: „Навистина вашиот Бог е _____ над боговите, и Господар над царевите, Откривател на тајните.
Забелешка: Откако видел дека Бог има целосна контрола над светските збиднувања, дури и Навохудоносор спремно признал дека Господ кому Даниел му служи е над сите пагански богови во Вавилон. Колку бргу се сменила сликата! Даниел и неговите другари, заради веноста кон Бога, биле воздигнати од затвореници во Вавилон на позиции на истакнати лидери во царството (Даниел 2:48, 49). Господ секогаш ги почитува оние кои го почитуваат Него (1 Самоилова 2:30).
Твојот Одговор
Дополнителен материјал за проучување
Злато = Вавилон Главата од злато го претставувала Вавилон, кој владеел како светска сила од 612-539 год.п.н.е. Сребро = Медо - Персија Градите од сребро ја претставуваа Медо-Персија, владеечката светска империја од 539-331 год.п.н.е.Бронза = Грчко-Македонско царрство Бедрата од бронза го претставуваат Грчко-Македонското царство, доминантниот светски владете од 331-168 год.п.н.е. Железо = Рим Нозете од железо го претставуваат Рим, кој уживал светска превласт од 168 год.п.н.е. до 476 год од н.е. Железо и Глина = Поделената Империја Стапалата кои биле делумно од железо и делумно од глина претставувале поделена империја која нема да се слее меѓусебно. Од 476 год.н.е. со светот не владеела една сила и таа ќе остане поделена се до Христовото доаѓање.